Не се 90%, 74% се, иако уствари не вакцинираат никого под 16 години, така да и тие статистики бараат подетална анализа, но во секој случај... "His teams have since sequenced every single positive case, to understand how it is spreading and mutating. As the virus mutates with every fourth transmission, 25% of the time,..." https://www.bbc.com/news/world-europe-56412790 Ќе видиме накаде ќе фати.
Не е вистина, после вакцината уште повеќе те сакам НарцисоУ Иначе за друго дојдов. Колку и да мрзам антиваксери, колку и да сакам да ги треснам од земја, луѓе што се хипохондрици и уплашени, а живеат во ера кога на кромид медиуми им се дозволува да лупетаат секакви невистини, донекаде ги разбирам. Еве пример ова: Ова да земеш да ги треснеш од земја. Никој не проверува информации, буквално сеа да пишам дека од вакцинава имам зголемено либидо и дека не можам со сексови да прекинам, да го објавам тоа на сајт ќе се најде некој ќе ми поверува. Не сакам антиваксери. Ама кромид новинари сакам да ги треснам од земја.
Да се навратам на проклетата корона. Ова е пристапот каде што треба да се оди,без паники. Кој сака нека се вакцинира и тоа е тоа. Кој не сака тоа е негов личен ризик. Секој се вакцинира за себе,не да заштити друг. Со оваа вакцина не е како со претходните. Повторно хрватскиот научник Лауц. Не е лошо и нашиве да опулат очи,наместо да повторуваат статистики кои повеќе не се релевантни. https://www.covid.is/statistical-information-on-vaccination Да,под 16 не вакцинираат,во другите категории имаат многу висока вакцинираност. Категоријата 16-29 год.е 78 % и скоро 5% прва доза. 40-49 е 86% над нив категории се 90 -99% вакцинирани. Деновиве имаат најмногу случаи од март 2020. Не треба да се случува ова,о д 26.07 имаат нови мерки кои важат и за вакцинирани. За жал луѓето ќе живеат со рестрикции. Без потреба.
Вчера бев на ревакцина во Борис.Другарка исто има ревакцина таму, но бидејќи не е во Ск, а Борис во петок прекинуваат со вакцинација ни рекоа да си иде во најблискиот пункт за ревакцина. А за свекор ми и свекрва ми побарав да примат ревакцина во Борис, рекоа дека неможе.
Не знам како не сфаќате дека ниедна вакцина не штити од зараза на ниедна болест. Зашто децата што не беа вакцинирани од морбили не ги пуштаа во градинка, иако другите деца таму се вакцинирани? Никаде не пишува дека чим си вакциниран, готово околу тебе еден bubble и ништо не прима. Вакцина штити од компликации. И тоа со антителата е нешто специфично за секој организам. Некој го штити едно, некои не ги штитат ни 1000.
Дали морам во точното време на терминот за вакцинација да одам или можи и подоцна? Во најголемата жештина од денот ми се погоди терминов.
Можеш покасно.Мене ми беше во 13 часот пекооооооол беше вчера, и си отидов подоцна. За Борис добив ифно дека биле до 16 ч, а сестрите таму ми рекоа дека се до 19 ч. Стариве ги однесов и неколку дена подоцна ( ова во Чаир), бидејки со стомачен вирус беше свекрвица кога требаше да прима.
Епа и мене за тоа ми е, во 12 и пол ми е терминот и ај што треба да искачам од работа туку и ќе треба од партизанска пешки до борис во најжешкото... И после назад... Затоа си мислев евентуално во Букурешт дека поблиску, или па во борис покасно ама ако се до 16ч не стигам
До 19 ч се, баш ја прашав таа што ме боцкаше. До 19 ч биле, бидејќи до петок и толку од ревакцини во Борис.
Незнам за Букурешт, за Борис зборев јас. Вчера во Чаир кога бев со свекрвица , слушнав тој што е на пултот дека кажуваше на еден човек дека може да му се понудат да бира.
Па поентата на вакцинирањето е да ги заштити ранливите затоа што оние што се млади и здрави и да се заразат без вакцина нема да починат. По мене требаше постарите да ги боцкаат со фајзер, а младиве со Синофарм ем е вакцина без некои нус ефекти ем млад организам поверојатно е дека ќе створи имунитет и со класична вакцина.
Е тоа видиш не е до мене. Да ме прашуваа мене синофарм/синовак само за прележани како бустер а обие мРНА за над другите..
https://sitel.com.mk/filipche-za-konkretni-merki-kje-razgovarame-podetalno-vo-avgust https://sitel.com.mk/polovina-milio...izirani-vo-avgust-naesen-mozhni-restrikcii-za Милион ипол или 3/4 од население ќе казнувале а само 1/4 пола милион ќе имала "нормален живот" ајде баш да видиме како ќе се заврши.Дојдовме и до тестови за влез во маркет мхм к. Со се коментари од вакцинирани со кои се сложувам мада во вакво време од историја браво за храброста
И мене утре ми е ревакцина здравје боже, него што правиме што веќе почнуваат бројките да се зголемуваат а такозваната освен Вакцини не препорачаа никаквимерки. Еве ке видите за 1 недела дупло повеќе од сеа заразени.Пуштија на најако овие од дијаспората да си доаѓаат никој не ги контролира каков сој имаат.Дус дибидусу.