А свадбите на затворено и останатите семејни веселби и сите што одат на одмор надвор од државата? Пред 3дена од Грција се вратил автобус во Велес, сите се со ковид симптоми, ама не, само дијаспората ви брка у очи.
Него барам,барам по нет и никако да најдам објаснување зошто во маркети да не можат ко до сега со маски и која е потребата од тестови?Некој високо интелегентен можда и прогута дека и ова може да е за заштита на колективно здравје никако како притисок за вакцинација и заплашување и уцена на невакцинирани.
Мислиш тест? https://sitel.com.mk/polovina-milio...izirani-vo-avgust-naesen-mozhni-restrikcii-za Некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн. Размислуваме за тоа, но одлука сè уште не сме донеле.
Да, измешав Јас колку што знам воведуваат за во големи маркети, Лидл на пример во странство, не за локална продавничка. Не се грижи, кај нас тоа нема шанси
Нека не фантазира Филипче. Има огромен дел од млади ,деца и возрасни кои прележаа,а нема да се вакцинираат. Секако имаат поширок имунитет од тие со две дози вакцина. Тој рестрикции ќе ставал. Многу ме интересира како тоа ќе изгледа на западот на нашата држава. Си прави бајрам со паметот,нека го разбуди некој.
Добро бе никој со сила не ве тера да се вакцинирате!!! Никој со пиштол не дојде да ви стави вакцина. Доста веќе со постови, ќе умрете вакцинкрани, вака онака. Аман!! @999 и @mKdevojce @INNERBEAUTY ќе ве тагнам и сите вие што постирате катастрофи тука од вакцина. Никој не ве тера со сила!! Доста беше плашење народ.
AБе не се само дијаспората нив ги наведов, но тука се проблем веселби на затворено и нашиве што идат на одмор во Грција а кај нас нема никакви мерки.Тоа е проблемотџ. Тое е проблем што многу ке почнат да се заразувваат а комисијата мува не ги лази. Брука/ Трееба у најмалла рака да ги укинат Веселбите на затворено.
Низ цела држава, не само западот. Ептен бајрам си прави. Маски не се носеа кај нас, најпроста рестрикција, ова ама ептен не очекувам дека ќе се почитува.
Ама луѓе, еве Грција пример, има строги контроли на влез, сè сем карантин што нема. И ете ги, имаат Делта каде каде повеќе од нас, и општо повеќе случаи. Значи ни тие рестрикции на влез, барање тест и сл., не дава некој вау резултати. Единствено хотел карантин за сите патници би дал евентуално резултати, ама тоа кај нас не е баш изводливо. За веселбите на затворено дефинитивно се согласувам. Лето е, сјајно време, нема потреба да се слави на скроз затворено.
И јас сум за да има рестрикции за Невакцирините. Зошто па да нема. КОј нејке да се вакцинира свесно освен ако не може, да му се забрани влез во кино., театарили пцр тест.
@nena2010 Имаш одговор и објаснување за ова?Тоа ми беше прашањето.Тоа е се. @Ahoy знам ама која е логиката уопште и да се размислува за вакво нешто а и за таму исто зошто да не може со маска ко досега?Ова иначе во кипар,грчки дел паралелно со дешавките и најавите во Грција и Франција кои стигнаа и до кај нас.
@monibejbi премногу сме олабавени. Ама ајде докажи. Онаму маси вадеа на улици да протестираат дека немале работа. Ете им сега. @INNERBEAUTY во маркет, во канцеларија секаде каде што одам, па макар и само да превземам пратка пред зграда иако сум целосно вакцинирана носам маска. И треба и мора да се носи!! Јас колку што знам само на отворено не се носи маска. Едит: Сега видов за тестовите.. Оф мајко мила наш народ тест ќе прави. Да видам да не верувам...
Да што викасш ни тестови не помагаат, барем Карантин од 10 да воведуваат за луѓе од Високо ризични држави. Нешто треба.
Начин да поттикнат вакцинација, друго објаснување на гледам За на масовни собири да бараат да, треба.
Јас сум прележана,ти вакцинирана, што корист имаш некој 3 дали сака или не сака да се вакцинира ? Негов проблем. На овие гужви на свадбите,слободен влез од странство без тестови и врагови,ако немаме по 1000 души на ден сега ,ништо во август нема да биде. Олабавете и ти и @nena2010 одете некој ден на одмор,животот продолжува. Нека не дигаат паники.
Маледонче тест да прави? Па ќе ги шиткаат бе ако се бесплатни. Ќе прават дубари. @Cosmi не се секирај јас сум си олабавена. Само ако удрат пак бројки ми е страв да не немаме кај да се лечиме од дфуги болести. Сфаќаш? Јас сум вакцинирана сите околу мене де вакцинирани. И да фатам не се плашам.