Тешко на членовите од форумот што имаат спротивно мислење од вашето. Кажав и на претходно мислење дека лично знам личности што не се вакцинираа по своја воља!!!
Лани не бев нигде од страв, годинава ете ради ваучерот дојдовме и се покајав сто пати. Мислев хотел е, се почитуваат мерките. Маж ми е искулиран , вакциниран си е тој со фајзер и гајле нема, мене ми прпа па ќе си шетам сегде со маска е сега што ме гледаат чудно и се смеат "под мустаќи"..
Нирнбершкиот суд нема врска со доброволна вакцинација со вакцини кои минале клинички студии, нема ни врска со ограничување на движење во пандемија. Прочитајте воопшто зошто постои таа реченица како заклучок од Нирнбершките судења. Во денешно време повеќе се однесува на учесниците во клиничките студии отколку на вакцина која добила одобрување за администрирање. Вие може да сте скептици и да не се вакцинирате, ама да се повикувате на нешто толку значајно како Нирнбершките судења за да докажете поента е во најмала рака без врска. Туку ќе си исповрзете нешто како ќе ви текне.
Катастрофа е со документите, таму ако не се заразиш нема каде. Ка та стро фа! Кој сака да прележува, МТВ е местото.
Аман те со тоа потпишување согласност,повеќе пати сум оперирана од здравствени проблеми,секој пат сум потпишала согласност,децава кога се оперираа исто,свекор исто.Значи не е ништо ново па за тоа да се држиме.
Јас сум скептик да, ама јас не повикувам никој да не се вакцинира. Секој за себе јас на тоа стојам, и моите дома се сите вакцинирани нема што да му влијаам јас, нивни живот нивно право, ама има тука се нафрлаат како хиени на тие што се против вакцината, баш поради тоа го пишувам ова воопшто.
Бев, видов МК институција. Али тоа е, трет ешалон, ни закон поштуваат ни ред знаат. Другите сите се супер
И јас настапив така малце параноично првиот пат, што е ова, ама зошто, што значи, одговорност чија, после се навикнува човек Па добро, не се вакцинирај. Ама споредбата со Нирнбершките судења не држи вода воопшто. Како може воопшто да споредувате не ја признавале таа и таа вакцина за пат или рестрикции на невакцинирани со експериментите на Менгеле, стварно не ми е јасно.
Во Грција сум ,ништо не е поразлично од Мк. На граница ги погледнаа документите формално. Маски се носат ради реда,под нос.Гужви млади собрани на секое ќоше. Во ресторани масите позбиени од кај нас,персоналот маските исто ради реда. Со лежалките на плажа иста песна. Народов исто така опуштен. На сите им збоктиса се. Имам разбирање,луѓето сакаат да живеат,а не некој да ги држи во страв цело време,на 30 души болни.
Потсетува на актуелната ситуација.И јас се изначитав глупави споредби како на пример согласност за операција и за вакцината па никому ништо. Многу се напнувате, олабавете малку.
не си слушнала уште е на пат очекуваат да ја пречекаат на 15 август, само не ни кажуваат во колку час ќе пристигне за да гледаме во живо на тв, ај може ден два пред да пристигне ќе не известат,
Не потсетува воопшто, туку бидете среќни што живеете во комоција да си пишувате свашта нешто на форуми, а не сте живееле во тоа време за кое уствари е наменета таа реченица.
Некој чул ама не дослушнал(од толкав факт чекинг)кој секогаш ко за инат го испушта ова. Хмм на кого да се верува на адвокати кои ова го потврдуваат и водат колективни тужби по светот вклучувајќи и по ова прашање или самопрогласени интелиџент мајковци по форуми прашањето е сега