Не бе, ич не сте антиваксери, само едвај чекате некои новости од квази порталчиња и самопрогласени доктори и научници за неуспешни вакцини па да го тупете. И тука не се некои експерти на форумиве ама вие ја претеравте.
More zlaten Tito... Kje dojdea vo skolo, ajt na vakcina. Ni znaevme sto ima ni nisto. Variola vera za 2 meseci ja sredija.
Би било добро да се прочита, за што всушност се однесува. Вакцините пред да се пуштат за широка употреба, подлежат на бројни испитувања. Експеримент врз луѓе, никој не врши, без согласност од засегнатите. Кога ќе се сумираат податоците, тек тогаш се пушта како готов производ достапен за јавноста. Понатаму, готовиот производ, во случајов, вакцината,повторно не се аплицира без твоја согласност, токму поради горенаведениот ,,аргумент", кој патем е смешно и апсурдно да се користи во 21 век, каде потполнуваш формулари за било каква, макар банална, интервенција. Ништо не е повредено, ниту пак злосторство. Да беше задолжителна вакцината, би имало некоја допирна точка со оваа слика. Не ми е јасно, зошто се напнувате? Или дека ќе неможете кафе да се напиете без сертификат. Ќе си чучнеш во природа на пикник. И јас не сакам да бидам во присуство на невакцинирани и непрележани. Државата ти обезбедила решение, ти го негираш и истата може да ти го ограничи твоето движење, како што можеш и ти да ја ограничиш државата во намерата за масовна имунизација. Колку даваш, толку добиваш.
Озбилно не сфаќате што се мисли со ова ? Ова е за присилна вакцинација-ес ин никој не може да натера никого да се вакцинира и внесува нешто во негово тело мимо негова воља и согласност -право на антиваксерите,потоа се продолжи муабетот во друг смер,не му беше првобитната намера за потпишување согласност за доброволно примена вакцина?
А да намалите со ширење параноја? Нормално дека никој нема да седи со маска 24/7, на одмор се оди, не во кафез. Плус нема врска сега периодов со лани.
Тогаш зошто таа хистерија? Зошто ти смета некој што не подмочнува од ќеф кога ќе се спомне Фајзер, рестрикции, вакцинација на деца со неиспитани вакцини против вирус кој тие лесно го поминуваат. Те гледам и по другиве теми, некако ептен агресивно настапуваш. Зошто ти смета на форум некој да си го каже своето мислење? Зарем мора сите како тебе да мислат? Чему тоа исфрлање на фрустрации и бес тука? И да, арно ти кажаа, олабави малку, никој нема да ти го земе фајзерчето на тебе ама не се запалувај како сува слама на секој тука што ќе напише нешто друго. Ако ти смета некој едноставно игнор. Претпоставувам млада си ете сега и вакцинирана и заштитена, исклучи се барем на кратко од форумот, излези испиј едно кафе малку на убавото топло и сончево време, искулирај едноставно. Не ми е јасно зошто толку сериозно го сфаќате форумов а и толку лично го сфаќате и земате за готово секој пост напишан тука. Хелоо свестете се ова е само форум не дебата на национална телевизија, не се секирајте има многу народ до кој нема да стигне нашиот говор на "сеење страв". Од друга страна голема екипа сте тука собрани за да се браните од таквите неранимајковци како нас.
А, да не ги вртите работите како вас ви одговара . Зборувам за маска на затворено, не за маска 24 часа, значи затворен простор, хотел каде што има многу луѓе буквално од секаде. Маската е задолжителна , има зашто е задолжителна не е тоа параноја. Ај, овие дошле на одмор и дека се на одмор ќе им простиме што не носат маски, дека нели ако стави маска 5 минути тоа е исто ко во кафез да е. А, што правиме со вработените што не носат маски, ете тие не се на одмор, на работно место се, сите други носат маски на своите работни места ама вработените во хотелите и рестораните не треба И да, имаш право, нема врска сега периодов со лани, сега имаме соеви многу полесно преносливи од лани. Ама ај што ќе се докажувам, небаре пишав маска да носат на плажа или во вода, а не во затворен простор со куп народ
Јас во маркети, аптеки, ретко гледам да носи некој маска, не носат, имам чуство јас само дека носам маска. Одма на козметичар, не носи маска. Денеска бев во државна инститиција, си влегуваат луѓе без маски, никој не носи, не знам јас шо е ова и никој па не ги опоменува.
За тебе нека е ширење параноја, ама за мене е причина за зголемување заразени (што и се случува во моментов). После ради "параноја", пак мерки за сите.
И понатаму стара демагогија, ништо конкретно. Чисто перење мозок. Сте го нашле негде, читано недочитано, разбрано недоразбрано. Нирнбершки кодекс произлегува од нацистичка медицина. Читајте за Менгеле, па после правете споредби. Преку 10 години реторика со истиов, па и многу години уназад, лоша аргументација против сите вакцини, не само овие. Зарем сериозно мислите дека анатомија врз живи луѓе, секаков вид експерименти, кастрација, тестирање издржливост при висок напон и останати животозагрозувачки форми на експериментирање, без согласност секако, под присила и без употреба на анестетици е нешто што се споредува со вакцините‽ Страшно. Емотивен наратив во опасен подем, а заборавате дека емоции не лечат болести. Затоа за промена, се уклучува мозок. Дај кажете нешто валидно, ова не е.
Денес сме за ревакцинација но и двајцата не се осеќаме добро, децата исто ни се болки а ние имаме болки во грло и главоболки .. може да се одложи ревакцина?
Некој што се вакцинирал во Борис ако може да ми каже на сертификатот кај вакцинален пункт што му пишува? Кај мене седи поликлиника Бит Пазар, би требало да е во ред, но да си прашам да не има грешка нешто.
За кој датум ви е ревакцината? Тоа е најверојатно затоа што во Борис последен ден е петок, после тоа нема да вакцинираат таму веќе
Би требало да има некој систем, да може да одложите и да знаете за кога е одложено. Нели постои такво нешто? Инаку ако не сте здрави, вакцина не би требало.
Мислам дека не може откажување поради банални причини, и јас сакав да одложам но не ми дозволија. Демек системот ќе те исфрлил, предвидени дози она ова Е во случајот на членката можеби може да се направи исклучок. Најдобро е да праша на лице место.