Bev zakazhana za revakcina vo Boris, si go propushtiv terminot bidejki bev na odmor. Kade mozham da se revakciniram so Pfizer?
Вакцинирана сум со две дози од кои втората ја примив пред 10тина дена. Утре сакам да отидам до Грција па да си прашам дали можам да се шверцнам со сертификатот или да вадам брз тест?
14 дена после втора доза ти важи сертификатот. Може да те пуштат, ама и не мора. Како ќе ти се погоди. Направи си брз тест за сигурно.
Значи ковид вакцините не се лиценцирани и се користат само за итни ситуации како што е пандемијата. Ние сме им само лабораториски глувци и каков ефект имаат ќе се знае дури 2023 година. Крај !
Јане, Бит пазар, Чаир, Румунска Јавете се на Мој термин има телефон ќе ви кажат се. 50-та Дивизија бр.14 1000 Скопје Тел: (02) 15 444 email: mojtermin@zdravstvo.gov.mk skype name: mojtermin За тие што сте на одмор има и skype опција.
Како и сите други вакцини пред да бидат лиценцирани. Отсекогаш луѓето биле лабораториски глувци кога се во прашање вакцините. Не ти смета што генерации претходно биле заморчиња за лиценцираните вакцини, ама ти смета ако си ти дел од генерација на која ќе бидат тестирани ковид вакцините? Не можеме да бираме во кое време ќе живееме, за жал.
За генерациите пред мене ми е жал зашто немале пристап до информации како ние сега, а за мојата генерација ми сметаат тие што упорно зборат вакцинирај се вакцината е добра, а вистината е друга. Антиваксерите се трн у око на тие што доброволно прифаќаат да бидат експериментални глувци. Поентата е во тоа што тука по форумот тврдите како вакцината има позитивен ефект , а негативните ефекти од неа ги препишувате на историјата болести на вакцинираниот, но зошто немал вакцинираниот сериозни компликации пред да ја прими вакцината? Значи сепак вакцината е проблем.
Па тоа мора да се испита, а нема како се додека вакцините не се пуштат во оптек во пошироката популација. Благодарение на тие експериментални глувци како што ги викаш, кои доброволно ги примаат вакцините, ти денес не можеш да се разболиш од вариола вера на пример. Некогаш и тоа што се премногу информации достапни не чини. Оти секој може што сака да напише на интернет и да допре до милион наивни луѓе да поверуваат во небулозите што се пишуваат. Не те тера некој да се вакцинираш. Никаде не слушнав, не видов, не прочитав дека некој става нож под грло на невакцинираните да се боцкаат.
Тука на форум никој неможе да те натера да се вакцинираш, но мерките кои државата ги наметнува те присилуваат на вакцинација. Зошто присилените граѓани да потпишат дека доброволно се вакцинираат и дека државата е ослободена од несаканите ефекти на вакцината?
Па нормално негативните ефекти се од коморбидитетите т.е од пропратните заболувања кои го компромитирале имуниот систем и другите витални органи. Еве како пример хемотерапијата што ја примаат болните од малигни заболувања , таа има и позитивни ефекти но и многу негативни ефекти особено кај оние со слаб имунитет и пропратни заболувања покрај малигната болест , исто е и со вакцините.Вакцината како вакцина не содржи супстанци кои може да предизвикаат деструкција на организмот , единствено нешто од вакцината се алергиските реакции и анафилактичкиот шок доколку некој има преосетливост кон некоја од компонентите и нормалните нус појави како резултат на активирање на имунолошкиот одговор. Значи дури и во студиите (пр. Фазјер) пишува дека штити околу 90-95% од хоспитализација и смрт но не 100% , луѓе со компромитиран имун систем , тешки коморбидитети особено на виталните органи како срцето, мозокот и бубрезите и 10 дози да им дадеш нема да преживеат ради тоа што организмот е исцрпен и нема способност да гради имунитет.
До 4 сум на работа.Планирав накај 7,ко што бев за прва доза.Ама сега се мислам да не се вратам без вакцина,да не затвараат порано.Ај ако некој оди сега ако може нека праша па нека пише тука до колку саат се во Борис за ревакцина?
Па и јас после работа морам, во групата на фб имаа пишано до кај 19 дека ќе работи, ама секој ден различно кажуваат.
spored ova sto napisa starite luge nema potreba da primaat vakcina (realno sekoj star ima po nekolku bolesti ) nitu mladi so bolestti a neli celta bese da e zastitat starite i bolnite?