Цк, во право е девојчето. Се бунеа и хрватите баш, колку небулози од јазик направи короната, дали случајно или намерно Не можам да го најдам хрватското, ама и црногорското е исто Dakle: 1. Fizička distanca - razmak između ljudi (2m). Poželjna u prevenciji zaraznih bolesti. 2. Socijalna distanca - smanjenje kontakata i interakcija sa drugim ljudima. Nepoželjna zbog mentalnog zdravlja" Мислам може и имунитет на стадо, и социјална дистанца и прозорец од можности ако сакате... ама јас нејќам. Колективен имунитет и физичка дистанца ми се доволни
Абе види, под имунитет на стадо може планираат и животните фа ги имунизираат, па сите туто комплето не сметаат Кај беше некаде, мачки вакцинираа против Ковид... Русија ли беше, Германија ли беше
Со мачките немам ништо заедничко, нон ме интереса И кучињата успешно ги надресираа да мирисаат ковид, па не гледам кучиња по аеродроми и на граници, I wander why
Мене терминологија ми е многу битна, шознам, оти сум терминолошки нацист Може сум и конфузофобОд истите причини оти треба да постои термин жена а не личност со матка. Ради конзистентност. Преводите од англиски се многу несреќни бе, шо е тоа прозорец од можности?
По таа логика ни несреќни преводи не треба да се користи зошто е директен превод на unfortunate А на нашки нема многу смисла И мене некогаш ми сметаат одредени термини, ама како се вклопи тоа во дискусијата за вакцина, не знам. Веројатно и да пишала некоја членка, се знае на што мислела. Особено што претходно ок дискусија беше избришана, имаше забелешки за оф топик, а ова стои како да е нешто пребитно.
Господинов Дејан Трајковски, фамозниот професор по механика сакајќи да излезе стручен и информиран шири пропаганда со неговите постови на фб. Човеков што нема ни М од медицинско образование упорно и упорно е влезен во некој филм ко да е имунолог/виролог и ги разбира сите работи па сега напишал дека кинеските вакцини имале 0 ефект и продукција на антитела кај постарата популација т.е попросто речено дека џабе се примале , а до пред 5 дена тврдеше дека сите вакцини биле добри. После се чудиме од каде е таа масовна антиваксерска пропаганда , подобро ќути него да глумиш паметен и да шириш дезинформации , страшно. Сите математичари , механичари , хемичари станаа имунолози а вистинските имунолози кој ги шиша , забегана работа.
Камо среќа сите да беа како Бибан, без лиценца. Таквите ни мислење смеат да споделат оти можат да наштетат, а не пак посериозно да се занимаваат со ова. За Бибан реагираше лекарска комора кога беше епидемијата на морбили, оти споделувала невистини со кои нанела штета, повикувајќи се на својот авторитет - доктор. Кој патем го нема, оти нема лиценца. А и да ја има, се работи за гинеколог, не имунулог.
Се сеќавате како се стиша епидемијата на мобили пред некоја година? Забрана за градинка на невакцинирани, задолжителна вакцинација на сите невакцинирани. И сега ќе биде така.
Како им е Македонија погодена на таквите ко неа, милина. Кога ќе ми текне дека и онаа другарка и Велков советувала девојчиња дека е нормално да немаат циклус откако се префрлиле на веганизам, зошто немало од што да се чисти организмот Не дека имаме сјајни доктори во државава, ама тешко на тој јадник што поверувал на овие. Иначе госпожата е и тужена од лекарска комора. И оваа е таа што пропагираше дека морбилите најубаво е да се прележат. Срам за поимот доктор.
Овде негде прочитав дека не си ја обновила или така нешто. Спојлер: спојлер Па ја просурфав... https://www.biznisvesti.mk/d-r-biba...komora-na-makedonija-jas-imam-diploma-za-toa/ За да бидам доктор јас не морам да имам лиценца за работа од Лекарската комора на Македонија, јас имам ДИПЛОМА ЗА ТОА. Освен тоа јас немам потреба да барам лиценца за работа од лекарската комора затоа што не вршам класична лекарска дејност во ниту една приватна, ни јавна здравствена установа. Ниту една лекарска комора мене не може да ми забрани да бидам ДОКТОР ИСТРАЖУВАЧ И ЕДУКАТОР, затоа што лекарската комора не е надлежна за тоа. Таквата дејност мене ми е овозможена од страна на високообразовна државна институција која се вика МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ Обнова на лиценцата за извршување класична лекарска дејност според правилата на ЛКМ престанав да барам уште пред 15 години, затоа што не се сложувам со начинот на кој ЛКМ ја третира лекарската дејност воопшто...
А од овие со ЛИЦЕНЦА не ви е страв да ве лечат? Кој одговара за штетата што лиценцираниве ја нанесоа на многу луѓе за време на пандемијата, дел со криење како глувци под стаклено ѕвоно а дел со погрешно лекување. https://zenskimagazin.mk/deneska-si...ta-kjerka-koja-pochina-od-posledici-od-korona Невистини со кои нанела штета? Зошто тогаш директорката на лекарската комора ја тужи за лична навреда а не нешто друго?
Што е со линкот? Никако да престанете со настапот од субјективни стории и повикување на емоции. Класика. Цигарите и алкохолот се штетни, ама се легални. Затоа треба сите наркотици да бидат легални. Пластично, Бибан нема лиценца, години уназад нема ни пракса во својата струка, ама е одлична докторка, затоа што има други доктори кои прават грешки иако имаат лиценци. Сериозно ми објаснуваш ваква логика? Во ек на епидемија, си играш доктор и јавно настапуваш со изјави дека е во ред децата да минуваат низ ужасна симптоматика на високо заразни болести со сериозни последици, наместо да се вакцинираат против истите. Со тврдења дека вакцините се штетни. Како ова не е на штета на колективен и на штета на здравјето на децата? А сега, во ек на пандемија го прави истото. На кој медицински факултет се учи ова? На гинекологија се учи за репродуктивни органи, не за болести. Освен што треба да знае колку се овие штетни по плодот. Ама ни тоа не знае, пошто не и е јасна цената на натуралистичката демагогија што ја продава.
Сакаш да кажеш дека ти си попамента и покомпетентна од неа...хм или дека повеќе му веруваш на Ахоу и екипата експерти тука на темава, дека сите тие имаат лиценца за доктори имунилози? Бибан нема пракса во својата струка? Тоа што таа не игра по играта што ја свири политиката во медицината според тебе ја прави безвредна и неука и покрај тоа што има диплома и специјализација. А лаиците на форумов се постручни. Ма ашколсум. Како тоа при специјализација на гинекологија се учи за орган а не за болести . Тој орган не го зафаќаат болести? Гинекологот не е способен да ти дијагностицира и излечи болест? Кај одиш во тој случај? Кај инфектолог? А за време на шесте години општа медицина за кои органи се учи? Мислам... после ова немам потреба од дискусија со тебе. Се е е кажано во таа реченица.
Штом одземаш лиценца некому, има зошто. Очигледно, ниту била компетентна, ниту пак паметна. ,,Нервоза е кога се нервираш", Иван Исцелител. Толку просто
А ти сакаш да кажеш дека јас и членовите кои ги спомна сме носечки улоги во дебатава? Класика пак, ти треба промена во наративот, ад хоминем не е опција. Лаиците на форумот изградиле став врз основа на наука, не научна фантастика. На гинеколог се оди кај стручно лице кое има лиценца и работи по протокол. Не кај Бибан. ОМГ! Разграничи ги поимите те молам, зборуваме за терминологија од областа на имунологија/вакцинација. Не за репродуктивни органи и болести и инфекции на истите. А за такви теми сигурно нема Бибан да ја прашам за мислење, пошто е или барем била некогаш гинеколог. Сигурно не е стручна за морбили, рубеола, пертусис и останати да ми објаснува. Ич реторики пак за корона.