Ама не и ја одзеле, само не ја продилжила. Не е одземена, ама нема што да одземеш Како да ти истече возачката, не ја продолжуваш, не смееш да возиш, не возиш, ама изиграваш главен шофер.
Значи тоа ги прави покометентни од некој што се школувал 8+ години во медицина. Значи тие се длабоко и професионално задлабочени во науката? Важи.
Што ако учела медицина побогу кога си плука по дипломата со негирање на истата? Џабе идеш со наратив авторитет, го нема! Нема да ти објаснувам за ничија компетентност овде, пошто со таков настап немам никого прочитано, освен тебе. Па епитетот тебе и на Бибан ќе ви го оставам.
Ако не ја продолжиш возачката тоа значи дека ти автоматски веќе поима немаш од возење и треба одново да полагаш? Која логика човече.
За медицина зборуваш, нешто што е со постојани истражувања и доградувања. Каква е оваа споредба? Моторни вештини и медицински знаења.
Зависи од кој аспект не си ја продолжил. Можеби не си ни продолжил со возење, првично кога си ја земал. Пример јас, иако според возачката имам неколкугодишно искуство, уствари не ни возам.
А тие што продолжуваат им бараат сертификати и дипломи од нивната доедукација? Има некој таков услов за обновување на лиценца? Па како тогаш имаме толку лекари кои си тераат една иста песна по 20, 30 години.
Од друга страна пак, некој може со години да вози, најискусен шофер да е ама ако денес му истече возачката утре не смее да вози. Тоа го прави неспособен возач?
Да, и туку така му текнало на некој да не си ја продолжи лиценцата. Значи поплукај си ги тие 8+ години што си ги учел, си плаќал и едуцирал за утре од нигде никаде да решиш да поништиш се во што си верувал. Лабилност much?!?
Тоа е, ние другите слаби сме со логиката, само ти и уште две членки сте паметни И Бибан. Сериозно имав почитување за тебе без разлика на различните ставови, ама ова дека Бибан ја браниш ми е надвор од цел разум. Не дека ти е важно, ама ете.
Па ако ми рече пример дека на стоп знак не морам да застанам туку ако нема коли можам да возам, да неспособен е. Апропо муабетот на другарка ти учената, шо вели дека поарно децата е да прележат морбили отколку да примат вакцина. Глупа ко три к*ра е.
Гинекологија и инфектологија немаат допирни точки. Гинеколог пред пензија да си не можеш да бидеш инфектолог. Инфектологија некој испит има оваа жена.
Зошто мислиш дека со тоа што ќе нападнеш нечиј авторитет и тоа со ништо конкретно, ќе ја покажеш стручноста на Бибан? Или било кој. Тие работат години непречено, континуирано, се доедуцираат, имаат пракса, идат на семинари и најважно, следствено конвенционална медицина, не чајче и сапунче за раце. Бибан што прави? Освен што лаже за цената на природниот имунитет.
За разлика од математика каде 2+2 се 4, во медицината постојано има нови истражувања, надоградувања, технологии и пристап. За да си цврсто уверен во она што го говориш, зад тебе првин треба да има стручен тим, потоа и бројни истражувања, експерименти, се тоа сведено во неколку документи врз база на поширока популација. Да речеме дека она што го говори не е небулоза, каде е нејзината дисертација и теза на тема на имунизација и природен имунитет? Вагина и вакцина, можеби имаат иста почетна буква, но суштинска точка никаква.
Знаеш на што базира таа дека природниот имунитет од морбили е подобар? Дека родителите неа ја однесле свесно да прележи, па еве жива била. Битно она си поминала лесно, другите со последици или што не преживеале, небитни. Баш намалување на сериозноста на болеста и криење на цената за постигање на тој имунитет. Исто така тврди дека на факултет ја учеле дека болеста од морбили не била страшна. И дека што помал си полесно си ја прележувал. Нешто ми вика дека измешала мали и големи сипаници. И нека си го тера својот живот како сака, ама да излегува на емисии под називот доктор специјалист, без да напомене дека се бави со алтернативна медицина е во најмала рака лажно и со задни намери. И како гинеколог е неодговорно да проповеда pill free живот, само на веганизам базиран, оти голем дел од гинеколошките проблеми ако не се третираат со терапија водат и кон други состојби и компликации во организмот. Храната е важна никој не го негира тоа, ама навистина е неодговорно да се потпираш само и исклучиво на храната. Оти порано од гнојна ангина умирале без апче.
Точно така. Нешто што еволуира и подлежи на постојани новости, а некој не го знае ни старото. Дипломата не вреди ништо со вакво знаење. Бибан идеше на трибини и држеше предавања дека вакцините се штетни и дека е подобро да се одлежи природно. Кој нормален доктор ќе го каже ова? Вистината е дека треба да има барем елементарни познавања од тоа како вакви болести можат да наштетат на плодот, рубеола на пример. А не да убедува дека е супер да се заразиш. И за маските имаше некоја глупост напишано, ама не можам да се сетам што конкретно. И стварно никако не можам да си објаснам како некој може да верува во небулозиве. Не ми е јасно, не разбирам. А тимот и е цела постава на здравје преку игла не влегува или како и да беше. Ме банираа таму иначе, пошо еднаш пишав коментар про вакс. Имале нула толеранција за провакс ми рекоа, не сум ги почитувала правилата.
Што се поставува прашање од круцијално значење, услов за завршување на факултет, гајба чушки, шушки или знаење?