Да ти кажам се прашувам. Она може го демонстрирала знаењето потребно кога била на факултет, само што си нашла може попрофитабилна професија? Оти не е дека нема клиентела и дека од воздух живее. Има луѓе што сѐ ќе пробаат, има луѓе кои се очајни, особено онаму кај што модерната медицина сеуште нема одговор. Да не редам неубави дијагнози, ваљда ме разбирате.
Дали би било проблем со Синовак за ревакцина на 32 ден? Закажана ми е на 26 ден, но нема да бидам во Мк
А Софијанова колку испити по инфектологија има? Ете таа не е инфектолог па излегува со тврдење дека децата треба да се вакцинираат против Корона, и тоа уште пред неколку месеци кога таа тема во другите држави не беше актуелна.
Дај те молам се што пишува јавно женава е против основните начела на медицината и ти тука пробуваш да ја прикажеш како жртвата на системот, кутрата од што многу знае не ја сака никој.Тоа што завршила медицина и специјализирала не ја прави стручна и препаметна зашто гледаме какви сѐ доктори има. Тежок психолошки феномен е ова, да се игнорираат зборовите на доктори специјалисти во соодветната област -кои освен што работат со пациенти учествуваат и во научно истражувачка работа, додека се слушаат шарлатани што врска немаат со принципите на науката. Да како што реков, тежок психолошки феномен е, сакате да се осеќате посебно што ќе ја слушате Бибан и сличните на нејзе, пошто нормално подобро ќе слушате секакви будали отколку да се асоцирате со мнозинството поради имањето лажно чувство на супериорност.
И сама знаеш дека сум против вакцинација на деца против Корона барем во моментов. Ама и сама кажа (ако не се лажам) дека не си антиваксер и дека децата ти се уредно вакцинирани. Како тогаш сметаш дека женава што пропагира против СИТЕ вакцини, настрана овие од Ковид е во право и како не гледаш на неа како забеготина, кога таа е и против аспиринот што си го пиела кога си имала ковид. Еве не сфаќам, каде ја гледаш експертизата и супериорноста на Бибан, ако ја оставиме короната настрана, зошто жената е буквално против лечење со модерна медицина, туку исклучиво за натуралистички пристап? Ме интересира зошто жената си е забегана одамна пред ковидот, дали сега ја гледаш како ептен важна зошто имате исто гледиште на коронава?
После ваков елоквентен пишан збор, правиш воопшто споредби помеѓу Софијанова и Бибан? Види имаш докторче, доктор и докториште. Епа твојава едвај проаѓа во првите. Ти бираш чија страна ќе ја прифатиш. Ама ако нивото на стручност е на исто ниво како нејзиното однесување и изразување, можам да замислам за каков доктор се работи.
https://kanal5.com.mk/filipche-mozh...ozhno-e-i-vakcinata-da-stane-sezonska/a486221 Ееех и јас сакав како вас да верувам дека со една вакцинација ќе му дојде крај на лудилово, но за жал по се изгледа ќе треба секоја година боцкање.
Како не те мрзеше да копаш дури до објавите од месец март . Па не знам, еве за мене Софијанова не е авторитет прво заради вмешаноста во случајот со Тамара па после поради нејзината претерана политичка ангажираност.
Не се потрудив воопшто, на гугл излегува на првата страна. Инаку пола доктори, ако не и повеќето што работат на клиника се поврзани партиско-политички директно или индиректно. За жал, дури и за специјализација треба да тегнеш врски, какви? Партиски. Системот е трул, инаку не верувам жена од таков калибар, своеумствено да се вмешува во политика. Впрочем, како и секоја државна институција, или си СДСМ или ВМРО или нужен рамковен. Што се однесува до случајот со Тамара, излегоа куп информации што не беа во полза на мајката, да не грешам, инволвираните најдобро знаат, чива беше грешката, а не е ни наше да навлегуваме во таков сензитивен случај. Туку ме интересира како би излекувала маларија пример? Пациент на респиратор? Цин3? Да не набројувам. Муабетов ми е тианде влошките уште што не лечат хемороиди, уплав од џинови, привидувања на самовили. Едно е да проповедаш за да превенираш, друго е да лечиш. Јас се кладам дека на минорна менструална болка, голташ хлапливо кафетин, а тука го переш она што господ не го пере кај женава.
Ве молам пишете ако некој знае нешто повеќе за Џонсон ја не знам дали воопшто ја има кај нас само знам дека во една доза се дава.
Ја нема во Македонија. Во моментов кај нас Синовак и Фајзер. За постари од 60 и Астра Зенека. Џонсон не знам дали ја има воопшто тука во регионов Избор секако немаш, тоа што имаат во моментот тоа боцкаат.
Моја блиска роднина за време на бременост се заразила одамна од сипаници,не знам кој точно да не лупам сега,не ги имала прележано ко дете и не била вакцинирана. Докторите тогаш кога не ни имаше ехо и кажале дека детето ќе и се роди со деформитети.Цела бременост ја истерала во страв,среќа си роди здраво детенце.Не разбирам, денес, кога постои алтернатива, да се изложуваш себе на таков страв и да ризикуваш детенцето да го родиш и осудиш на деформитет,слушајќи квази личности ко Бибан или таа Велков како ли беше.
Џонсон ја нема кај нас, ниту во Србија. Неа ја имаат земјите членки на ЕУ (ЕЕА не сум сигурен) само во Европа. Најслична на Џонсон е Спутник, практично Спутник во првата доза го користи истиот аденовирус како и ЏЏ, Ad26, но втората доза кај Спутник е со друг аденовирус, Ad5, за да се зајакне имунитетот и да трае подолго, додека ЏЏ нема втора доза. Спутник и ЏЏ се меѓу најдобрите за мутациите, со тоа што се очекува дека имунитетот од ЏЏ трае пократко од оној на Спутник. Џонсон и Џонсон е Америчко/ Белгиска (Janssen), а Спутник е Руска, ако значи тоа нешто. Во секој случај, тешко би стигнала до било која од овие вакцини
Австралија односно нивната влада тотално се швркнале со паметот. Очекував до некаде ,ама ова што го прават е нехумано и надвор од секоја логика.