@Cosmi што е со Австралија? Јас сум накај Туеција следам со пожариве па не сум во тек. Пак локдаун за 3 позитивни им лупнаа?
За 6 нови случаи, пак карантин. Некаде читав дека кога ќе имаат 80% вакцинирани ќе престанат со рестрикции.
Викаш дека педијатар не е релевантна да каже дали е во ред да се вакцинираат деца, а дека гинеколог е ок извор за да советува во однос на вакцинацијата за сите. Џабе се трудиш да докажеш некои тврдења што стварно немаат смисла, а постојано се трудиш во тоа, ама аргументите ти стануваат се' повеќе нелогични. Не разбирам што ти е толку силна мотивација кога имаш право да не се вакцинираш?
Да резимираме. Вакциниран човек усмртен од прегазување е едноставно човек починат во несреќен случај. Корона позитивен човек усмртен од прегазување, е човек починат од корона вирус. Брилијантно.
Да се надоврзам дека и во Кина истото се случува. Имаше бран баш кај нас пред два месеци отприлика, општините каде беше жариштето (збориме за не повеќе од десетина случаи дневно) веднаш се затворија, им се доставуваа намирници со автобусче на автопилот што вози, тотално карантински. Па луѓето од наоколу почнаа масовно да се вакцинираат, се створија гужви, снема вакцини. Ама се среди ситуацијата за две три недели. Сега има трет бран, накај централна/источна Кина, има 50тина нови дневно, стопирaно им е метро, затворени туристички места итн. Ќе видиме колку ќе трае овој пат и кои ќе бидат последиците. Летен распуст е, луѓето се расшетани, се разнесува брзо вирусот. Ама не се вакцинираат и тука, ете освен ако дојде зорт. Туку, каква е ситуацијата таму со вакцини за доилки? Сѐ што успевам да најдам за кинескиве вакцини е дека сега за сега не се препорачуваат за доилки, освен за тие во ризичните професии. Со која вакцинираат тамy?
Па мислам дека не е подобра Двете се векторски до душа, ама имаат разлики. Сепак мислам дека имунитет од АЗ би траел повеќе поради двете дози, а е и докажано добра против Делтава, жив пример Британија
Меѓу Астра и Џонсон, Астра би барала. Џонсон скоро припишаа во сајд ефекти гилиан бар синдром https://www.theguardian.com/world/2...ildren-offered-covid-jabs-first-minister-says.
Оф бе, се надевам ќе се среди и таму. За мал ли број затвараат? Ние овде изгледа на најјако сме пуштени. Доилките и бремените жени со Фајзер се ваму.
Ќе моеам, и за маркет овде најавуваТ вакцина мора, а тестовите ќе се наплаќаат веќе. Фајзеро или Астрата ќе е. А страв ми е искрено.
Грешен линк сори https://www.nytimes.com/2021/07/12/...g-johnson-johnson-vaccine-nerve-syndrome.html Не дека некој ги отвора... @JuLleE за маркет ковид пас? Франција револуција ќе крене за ковид пас како кај нас. Ова што помала земја, толку поблиску до Саудиска арабија
А бе се смеат и уште. Ама не се свесни што значи пандемија, и какви последици ќе има по економија, здравствен систем. Ние и немавме некој тежок локдаун, како други држави па ете до каде сме. Се е поскапено. А тек иде интересното.
За Нов Јужен Велс,Сиднеј знам дека е продолжено затворањето до крај на Август,за Септември не се знае,можно.Детево мое денес се тестираше,бидејќи за на работа од утре да оди му треба.Нешто спомна три пати неделно тест,тоа до вакцина,а термин доби дури за 20 ти Август за со Астра....Толку знам....Сиднеј не е за три случаи што би се рекло,им расте секој ден бројот...
Тоа 3 случаи го кажав онака дека они за мал број затвараа. Кај нас на пример со 1500 на ден беше ситуацијата под контрола кај нив за 10 нови одма затварање, следење контакти, трасирање кај се движеле, известување на сите што биле таму дека биле во потенцијална опасност да останат во изолација. Многу строго. Многу.