Јас сум за вакцинирањето , сега која не знам ама сеедно ми е , тука кај нас во Грција вакцинираат со Фајзер , Модерна , а најверојатно ќе донесат и од руската. До сега се вакцинирани тука околу 400.000 што е малку од 9 милиони жители. Ама плус каснат вакцините па затоа. Од познати што се имаат вакцинирано , на ќерка ми другарка нејзината мајка е виша сестра и мислам се вакцинираше со Фајзер. Втора доза прими минатата недела и вечерта ми кажа имала како замор и тоа нареден ден беше ок. Другите колеги качиле температура..И јас бев против на почеток дека вакциниве кој знае колку се добро испитани за кратко време , ама ова не поминува веке година , и нема ни да помине без вакцините , а и утре ќе не условуваат со други работи доколку ја немаме примено вакцината , така да....
По телевизииве се зборуваше дека премиеров планирал да воведе книшка за вакцинација и тие што се вакцинирани може да влегуваат во Гр , а тие што не се да приложат тест. Не беше сигурно и еве вчера слушнав дека Данска и Шведска се согласувале со неговата идеја за воведување на нешто вакво.. ама уште не е 100% сигурно. Имам пријателка на Крит , баш вчера ми кажуваше дека таму се зборувало годинава дека ќе е различна од лани и дека од април ќе се спремаат за новата туристичка сезона Дај Боже , јас само го чекам денот кога ќе кажат дека границите се отвориле. А и лани доста изгубија така да мислам годинава различно ќе е
БОГАТАШИТЕ СПРЕЧИЈА ИНДИЈА И ЈУЖНА АФРИКА ДА ПРОИЗВЕДАТ ЕВТИНИ КОВИД ВАКЦИНИ " Индија и Јужна Африка бараа привремено суспендирање на интелектуалната сопственост поврзана со ковид-19 вакцини и третмани. Ова, според двете држави ќе им овозможеше на тамошните фармацевтски компании да почнат да ги произведуваат вакцините, што ем ќе го забрза вакцинирањето на над една милијарда луѓе во светот, ем ќе го олесни товарот и притисокот врз производните линии на Фајзер, Модерна и слични. Против ваквото барање енергично се изјасни најбогатиот дел од светот САД, Британија и ЕУ, на кои во моментов им е поважно да ја зачуваат интелектуалните сопственост на својата фармацевтска индустрија, отколку масовно производство на вакцините. " Лицемерни ѓубриња.
➡️ Владата донесе одлука за набавка на 200.000 дози на кинеската вакцина од Синофарм. Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот и реализира плаќањето. Очекуваме испорака на вакцините во најкус можен рок. ➡️ Согласно овие колични кои се значително повеќе од првичните предвидени, ревидиран е Националниот оперативен план за вакцинација кој тековно ќе се ажурира. ➡️ Согласно планот во првата фаза се вакцинираат: здравствени работници кои директно работат со ковид пациенти и од службите за итни состојби, од клиничките болници, јавни и приватни, од посебните институциите како домовите за стари лица, домови за лица со посебни потреби, матични лекари и друг здравствен персонал вработен во матичните ординации, вработени во лаборатории за тестирање и дијагностика, јавни и приватни, здравствените работници, кои ќе ја спроведуваат вакцинацијата. ➡️ Во првата фаза, можност за вакцинација добиваат и сите граѓани над 70 години. ➡️ Во втората фаза, се вакцинираат: лица над 65 години, лица од 18 до 64 години со коморбидитети, здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, фармацевти, стоматолози и друг здравствен пероснал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физички присуство на работа ➡️ И во третата фаза се вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: вработени во други важни дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарство, земјоделие, образование, здравство со низок ризик на зараза и сите други граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години. ➡️ Дневно е предвидено да се вакцинираат од 2000 до 2500 граѓани преку постоечката здравствена мрежа и вакциналните пунктови. Со оваа количина во која имаме две дози за вакцина и ревакцина ќе се вакцинираат 100.000 граѓани. ➡️ За лицата над 70 години, матичните лекари ќе добијат список од системот Мој Термин со податоци за нивни пациенти од оваа категорија, по што телефонски поединечно ќе ги контактираат и доколку сакаат да се вакцинираат ќе им биде закажан термин за вакцинација. ➡️ Следната недела ќе биде готова он-лајн апликација преку која ќе се врши закажување за вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат ќе може да се пријават преку истата, по што системот Мој Термин ќе испорача точен термин за вакцинација. ➡️ За секој граѓанин веднаш по апликација на првата доза, ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими. Вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примената вакцина. ➡️ Вакцинацијата во оваа фаза е наменета за групите граѓани кои се јасно дефинирани во планот. Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би се заштитле од ризик. ➡️ Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со вирусот. Но и натаму треба да се почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, кои заедно со вакцинацијата ќе овозможат најдобра заштита од COVID19 и сузбивање на пандемијата.
Мене ме ми е јасно, на првата објава за пресконференцијата пишува од 18-64 години, сега од каде од 30? Што е нас под 30?
Ја изгледав прес- конференцијата пред малку, Филипче вели дека во последната категорија ќе можат да се вакцинираат сите оние кои сакаат, а не спаѓале во некоја од претходните, поприоритени групи, така што тогаш сме ние, за неколку месеци @Ugly Duckling во однос на реализација, со Кинескиве вакцини ќе се вакцинираат околу 100 000 луѓе, а со број на дневно вакцинирани од 2000-2500, од овие вакцини би се вакцинирало 40-50 дена, а во меѓувреме се очекуваат и Фајзер, и АстраЗенека. Фаза 1а веројатно целосно ќе се реализира во овој дел, а веројатно и дел од Фаза 1б со овие количини.
Има, меѓутоа не се сериозни, слично како другите вакцини. Mild adverse reactions to Sinopharm’s vaccine have been recorded in UAE trials, but no serious side effects have been observed.
abe ajde ne se normalni ..sveti filipce izjavi nemale namera ruskata vakcina da ja nabavat ..nemalo potreba?! gubreto od astrazeneca za nas , i nie ke im bideme za testiranje na ova gubre ko onie od latinska amerika..i da voopsto ne stiti od juznoafrikanskata i brzailskata mutacija (procentot na umreni od virusot, bez vakcina i so ovaa vakcina e recisi ist ) ..vakcina koja seuste e vo faza 3 ke bide za nas? aj bar tie 100 000 ke imaat sreka da primat kineskata za drugite gubreto ..drugi dozi osven tie 200 000 kineska nema da nabavat .. potoa samo astrazeneka . neka si se filipce i onie od vlada, parlament i nivnite semejstva i bliski so nea vakciniraat , taman ke e
А што одговори кога го прашаа ако некој не сака да се вакцинира пр. со фајзер сака со друга а повикан е за вакцинација?
Дали е сега време за политичка коректност, подлизурковци. Не се само тие криви, не врткат како сакат, а народот веќе навикна на глупостите ќе си напрај мајтап и то е то. Па уште ќе не' убедва дека дека не ни требала руската. Чекај брат, како не ни треба кога немаме никаква? И пред два месеци се надеваа дека во февруари ќе има вакцини, сега пак нада последна умире? Прво, пола од населението побрзо ќе прифатеше руска вакцина. Второ, понуда имавме уште пред два месеци и ја одбија. А ефикасноста е тука некаде. Да се знај кој е мизеријата.
И ова треба да им го кажат некои си Duckling и Ahoy од форум? Колку и да ги жалев на почеток дека им е непознато и мачно, изгубив секаква почит. Ок, можда и нив ги лажат, ама дај бе не пиеме мастило, нека бидат поискрени. Останва да си прележиме сите, па кој преживеј...тешко него во државава.
Што сте запнале со руската? Чудо сте. Абе го плукате Филипче, ама јавете по ваши роднини во други држави и види како се третирани кога имаат корона. На крај така и со вакцините ќе биде.