Појма немам кај почнавме, а и сега не разбирам што збориш? Што ќе стане 90%? Инаку да, текстот е за бустер дози и појма немав дека исто чувствуваме Досадно е веќе, ич не се разбираме.
За возрасни не знам ама многу млади се вакцинираа за да шетаат слободно, без да плаќаат пцр за секое излегување од државата.
Не е нејзино право. Ако живееш во заедница, треба да почитуваш и обврски кон заедницата. Ако не, оди в планина живеј.
Токму така. Јас со мојот начин на живот немам каде да се заразам и на кого да пренесам. До пред еден месец не работев, а сега најдов работа на апворк. Моите родители се вакцинираа затоа што таква им е работата. Нема шанси да одлучам за вакцина која не е доволно испитана какви нус појави ке има за 5 10 години. Млада сум и здрава, не гледам потреба за вакцина.
Блазе си ти што си млада и здрава, оти повеќето не се. Битно твоите се вакцинирани, шо ги тркалаш останатите. Не ти се рода.
Дали некој што испуштил термин за втора доза во Борис, се има вакцинирано со Фајзер и каде? Требаше минатата недела да се вакцинирам ама не успеав, па сега не знам каде да одам.
Од една страна ги сфаќам и антиваксериве кога е во прашање оваа вакцина, недоволно испитана за нецела година направена и плус нефункционална, башка имаше и доктори кои изјавија дека не би им дале на децата и внуците да се вакцинираат.
@Biljarkata Спајк протеинот е општо карактеристичен за коронавирусите, во кои спаѓа и sars-cov-2, го има на надворешната страна на вирусот и со негова помош тој ги напаѓа нашите клетки, навлегува во нив. Позитивна работа е што нашиот имун систем лесно го препознава затоа што е надвор, па започнува со развој на антитела кон истиот. Мрна ја носи информацијата како телото да го создаде спајк протеинот, по создавањето, телото препознава дека е непозната материја и започнува да произведува антитела за него. При инфекција со вирусот антителата го препознаваат протеинот на површината од вирусот и се закачуваат за него и така тој не може да се врзе и да навлезе во нашите клетки и да предизвика болест. Зошто мрна вакцини? Еве кинеската вакцина е стар метод со цела вирусна честичка инактивирана, гледаме дека не е премногу ефикасна и затоа се работи на нешто поефикасно, вирусен вектор, протеин или слично за да се добие поголема ефикасност, а со мрна за ковид се доби најголема ефикасност. Зборувам според процентите, а во real world се покажаа ефикасни сите барем засега. Тоа е медицината не може постојано да се користи нешто старо, мора да се проба и нешто ново кое може да се покаже како поефикасно.
А за пост ковид знаете какви последици ќе има по телото? Пошто многу болести помеѓу друга можна етиологија, спомнуваат и вирусна инфекција. Реуматска грозница која најчесто удира на срцеви залистоци е тесно поврзана со претходна инфекција од бета хемолитичен стрептокок од група А. Гадна бактерија. Има и студии што го поврзуваат Епштајн Бар вирусот со Хочкин и Нехочкинов лимфом и со некои видови на рак на гастроинтестинален тракт. Последно го најдоа и како ризик фактор за мултиплекс склероза. Ова се се работи што се јавуваат години после инфекцијата. Ама тешете се дека вакцината е поштетна од вирусот. Млади и здрави биле, не требало. Океј.