Аман од вакви апокалиптични постови, луѓево као да не се доволно исплашени па уште ова беше потребно Уште па и постот на @ladymici кога го прочитав ми дојде да се преселам на планина и да чувам овци. Или и они пренесуваат корона?
Пошто се запнавте за тој сертификат. Еве јас не го ни имам испринтано, не ми ни притребал сега. Ниту планирав дека летово ќе одам во странство. Прележав и се вакцинирав пошто матичната така ме советуваше, а имав можност од работа да се вакцинирам. Исклучиво за заштита.
Воопшто не е апокалиптично сценарио, жива реалност е ова. Слободно изгуглај rheumatic fever и Epstain - Barr virus, истото го кажува што го кажувам јас. Во сечија корист е да се превенира неголи да се лечи, ама не знам зошто тоа некој не сака или не може да го разбере. Туберкулозата има однесено многу, многу животи. Од БСЖ само ќар имаме. Дете со детска парализа си видел? Јас не, само на слики и премногу ми е мило за тоа. Грло сп дифтерија исто. Се болести што харале како ковид, со таа разлика што туберкулоза и полио оставиле доживотни последици. Решени се само со вакцина. Вариола вера е искоренета со вакцинација. Не е апокалиптично сценарио за да се заплашува некој туку научни факти кои се точни. Вакцините спасиле милиони животи и тоа е тоа. Нема што полемики да правиме.
Јас не сум од купот. Можеш да гарантираш за последиците од вакцината за 5 10 години? Може некој? Зошто на 27 да ризикувам компликации од вакцина кога имам минимален ризик за зараза?
А бе и ранитидин голтавме за киселини и болки во желудец па после 20 и кусур години го повлекоа зашто предизвикувал рак на желудец..
Важи ај, ќе тераме уште 5-10 години со Ковид, постојано ќе си мутира, можда и со поголема смртност, ќе починат милиони, евентуално милијарди, па ќе ги видиме последиците од Ковид, не од вакцината. Може?
Не можеш да ги споредуваш останатите вакцини со оваа, ова е нова вакцина за тие било потребно повеќе време испитување.
Не е нова. Направена е уште 2009 година. Аман со ова. Па ако во 21 век со напредна технологија ни требаат години да направиме ефикасна вакцина, ексик. Јас стварно не можам да ве разберам со ова брзо е направена..Алоо луѓе одат туристички во вселената, технологијата, техниката напредува.. Видете го календарот. 2021 година сме не 1921.
А за последиците од вирусот за 5-10 години? Не те плаши тоа повеќе? Не можам да разберам како ве плаши вакцината повеќе од вирусот... Мене искрено страв почнува да ме фаќа од оваа огромна незаинтересираност и пропагирање на антиваксерство. Многу страшни болести се искорениле со вакцини. Факт е дека сѐ додека има голем број невакцинирано население вирусот ќе биди тука и ќе мутира. Кога најголем дел се вакцинирани вирусот ќе слабее и нема да мутира во пострашни соеви. Не знам што се занесуваат со слобода на избор за вакцини. Здрави прави личности мора да се вакцинираат. И вариола вера уште немаше да се искорени ако во Југославија тогаш им даделе пРаВо нА иЗбОр за вакцината. Ако сакаш да живееш во заедница треба да имаш и одредени обврски, а не само права. Од таа преголема слобода до овде сме стигнати.
За мРНА вакцините. Не се нови. https://the-dna-universe.com/2021/04/15/the-history-of-mrna-applications/
Све е тоа океј, нит сум антиваксер нит 5џиевец. Само човек кога чита вакви работи за пост ковид последици и починати млади и здрави луѓе по примена вакцина го фаќа језа. Али у секој случај масовната вакцинација е единствениот излез од целото ова срање, друго чаре нема.
Млади и здрави е релативен поим. Може имал прележано не знаел имал висока доза антитела не смеел да се боцка, ама ете се боцнал и телото не издржало. може имал покачени ддмери и тромбоцити, не прегледувал, за жал му дошло времето.. Не знаеме што носиме во нас.
Џони, ок, од сега само мед и млеко по темиве. Другар и многу други што прележаа глава не кренаа од пост ковид последици.
Па и ова е Сарс. Само разликата е што тогаш се разви во Јужна Америка и одма се стави под контрола а овај се појави во Кина каде што имаш криење на работи и слични срања и ете до каде дојдр. Инаку, да од тогаш се работи на вакцина потив Sars Cov вирусот. https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1002/rmv.2171
Знам дека не си. Не сум ни јас паничар што катаклизматични сценарија пишува. Ова се што пишав е жива реалност, малку горчлива, ама точна. Единствен излез е вакцина. Би сакала да не се толку тешки болестите кои се превенираат со вакцина ама се.
Се надевам дека и за сите други апчиња и терапија што ги примаш имаш направено опсежни истражувања каков е нивниот долгоречен ефект. Јас еден не знам што се замара што внесува во телото ама кога ќе се спомне вакцина наеднаш истите имаат "професионално" мислење и став.
Леле аман, до кога аргументот со тие 5, 10, 20 години. Аман, сите ќе умреме секако и без и со вакцина, а од сѐ на кое сте изложени не ми се верува вакцината да ви е најголем проблем. За сѐ сте толку параноични? Јас па мислев јас сум паничар. Статистички дури да ви стане вакцината "сигурна" нова пандемија или епидемија ќе фати.