^ амаааааа, официјално научно докажаа линк помеѓу тромб и АЗ и Џонсон, како и миокардитис и перикардитис од мРНК вакцини. Како немало последици јавно соопштени? Ова го пишува и во упатствата на вакцините.
Еве и јас од кога ја примив втората доза, ми се спие постојано, прекапана сум, ми се врти, јадам ретко. Ама мора да е од вакцината, а не што работам од јутра до сутра, спијам по 4 саати и јадам кога ќе ми текне. Нц
Никој не го оспорува тоа дека може да има последици од вакцината. Ама за тоа само обдукција може да покаже, а не рекла-казала муабети, коментари на фб, од "докторите им кажале, па овие му кажале на Бранко, а Бранко мене" и сл.
Е знаеш за првпат ќе се сложам со тебе.Читам по групите секакви нус појави пишуваат луѓето, повеќето се нормална реакција и не ни треба да се класифицираат како нус појави ама факт е дека кај некои луѓе вакцината предизивикала многу лоша реакција.Затоа сите треба да ги пријавуваат таквите "чудни" симптоми, овде, наместо да добиваат совети дека е од времето или нешто такво неповрзано. Ама како и за секој лек и третман, не треба одреден процент од реакциите да значат прекин на масовна вакцинација и да пишуваме тука "ааа ете на тој и тој така му се случило, епа ни јас не се вакцинирам сега", туку медицинските лица да ги следат тие појави и да се забележи дали е навистина мала бројка што може да се препише на случајност или пак треба да се направат понатамошни анализи.Ама како што реков, медицински лица, не секој што има пристап до интернет.
Точно така, упорно се тврди дека вакцините не предизвикуваат нус појави, а не е точно, предизвикуваат и тоа како и тоа треба да се знае а не да се крие. Да се знае точно кои реакции се нормални и секако посериозни несакани реакции, а не докторите да мавтаат со главите како ништо не е од вакцината.
https://www.scientificamerican.com/article/heat-wave-health/ Не е дека не можат и топлите бранови да предизвикаат таква симптоматологија.
Се е од вакцината. Јас синоќа сум заспала со уклучена клима 2 саата непокриена, и денес ме боли глава. Ама од вакцината е. Не е од климата.
Дали кај други утната е вакцината на сертификатот или? Вакцинирана сум со Синовак, ваму Фајзер ми пишува.
Сакаш да кажеш дека од вакцината нема шанси да ти се јават нескани реакции? На моја блиска роднина целата рака и помодре и отече од вакцината, буквално целата рака и тоа траеше две недели сигурно. На колешка, млада втората ден од вакцината слошување и за кратко време целата отече. Од парецетамол можеш да добиеш несакана реакција, а не пак од вакцината, од обични витамински апчиња сум добила алергиска реакција. Стварно некогаш претерувате со некој тврдења за кои и самите знаете дека не се така.
А бе има, ама после 2 месеци од втора доза да кажам дека ми е од вакцината ми е нон сенс. Инаку и јас имав реакции, немав додуше отекувања ама со втората доза на Фајзер си имав баш изразени симптоми. Матичната ме следеше цело време.
Да знаеш какви глупости се препишуваат дека се од вакцините по она групата на фб ќе се чудиш. Исто како и за пост ковид. Постојат последици и од двете, ама луѓево стануваат екстра хипохондрици после вакцина и све што им се дешава е божем од вакцините. А најчесто е од анксиозност.
Не можеме да знаеме кај кој какви реакции ќе предизвика тоа е индивидуално. За тоа има многу чести, чести, ретки, многу ретки несакани дејства во зависност од тежината на појавениот несакан ефект. Еве конкретно јас од вакцината имав несакани ефекти се до ревакцината и морав да земам терапија за срце па да ми се смири. Не може така да генерализирате.
Дефинитивно има несакани ефекти од вакцините, ама не може апсолутно сѐ да се препише на вакцините. Еве мене ми се случи поспаност и безенергичност ден пред првата доза, да ми се случеше по некоја случајност на ден на вакцината и јас ќе препишев на неа. Убаво е да се следи организмот после вакцината, ама не е убаво за сѐ причината да се гледа во неа или да се чека по цел ден симптом некој да се јави. Сѐ во рамките на разумот. И јас би се јавила на лекар ако е нешто што никогаш не ми се случило или е многу лоша реакција. А исто и читав некаде дека голем дел од симптомите за кои се јавиле луѓе после вакцината на лекар биле симптоми на паника или страв (некаде во светот, кај нас дали и ќе анализираат од што е воопшто). Така да читајте сѐ со доза на резерва, особено по тие фб групи. Убаво е да се знае, ама не значи дека ако на Петко нешто му се случило, ќе ви се случи и вас.
Истото се однесува и на она што јас го говорам. Јас пример, немав никаква реакција. Од оние што ги знам, исто така. Не е дека го спорам она што го пишуваш. Се е индивидуално. Но, членката конкретно пишува за симптоми кои моментално ги доживува секој втор човек. Над 40C не знам кој воопшто е читав, нормален и полн со енергија. Сум земала терапија, која цел месец имаше нус ефекти на организмот. Ама како што пишаа погоре, после неколку месеци да препишуваш на вакцина, според мене е чиста параноја и барање одговор за својата состојба.
А нормално е цел месец, секој ден. Btw жената што пиша живее во Германија. А ова лето во Германија нема ни Т од топло а не топлотен бран.