Подобра е од Кинеската, пример. Можеа наместо Кинеската, да ја земат Спутник. Ем можеби ќе обезбедеа поголеми количини, ем од аспект на транспорт е поедноставен, поефтин и побрз процесот преку Русија, него ли преку Кина. Плус Русите имаат споделено повеќе информации него ли Синофарм, одлични резултати. Во секој случај, добро е што и тие 200 000 ги набавиле од Кина, ама смешно е да кажеш дека се доволни и нема потреба од други. Секогаш има и ќе има потреба од што повеќе вакцини, не само сега. За третманот, се сложувам.
Не ми е јасно зошто во првите ќе се вакцинираат старите лица над 70 години? Најголем дел од нив си седат дома што е и многу нормално. Зошто не се даде предност на работниците во фабрики, конфекции, маркети, банки кои секојдневно беа и ќе бидат во контакт со многу луѓе во затворен простор? Со која логика ги ставаат во втора фаза стоматолозите кога тие се директно изложени на ризик? На крајот на краиштата, лесно е за планови, туку со реализација кога?
Исто колку и Кинезите Ако веруваш на едните, тогаш и на другите, ако не, тогаш на никого, оти исти се. Џабе се обидуваш да го оправдаш ВилипчО, не знам со кое лице го правиш тоа? Ова што сега нема случаи многу и е смирено не се должи на „ефикасноста„ на ВилипчО, туку напротив... Остави народот да се снаоѓа како знае и умее, ги фрли сите во оган, се испоразболеа сите, па стекнавме имунитет (се надевам). Да не зборам за состојба во болници, тестови, ситуацијата и апла профитерството на приватните болници, итн... Ај, да не зборам, ќе се изнервирам пак.
Тежок е изборот, дал да веруваш на Руси или на Кинези, или на овие другиве што велат вакцината не е за постари од 55, 65 години... Јас чекам Израел да го пушти лекот
Слободно зборувај, а јас одма ќе те демантирам со личен пример овде и во странство, да видеш каква нега добиваат таму и овде. Доста плукате, врска немате. И надвор затворени се испоразболе, матични заминаа на викенд продолжен, крвна слика е поим, димери такоџе. Овде секој доби и крвна слика и рендген. Замисли. А да, и витамини сами си купуваат. За жал, не може на приватно ништо. Ама нели да се плука. Баба ми овде за еден час доби КТ, кс и терапија. Еве ја живна и тоа со негативен брз тест. И повеќето што ги знам, си добија следење.
Мислам дека треба да им се верува, барем во оваа сфера... добро развиена им е. Така гледано, ни Кинезите не се бап за верување, дури и помалку би рекол. И јас сакам Фајзер или Новавакс, ама нема, за жал. Ефикасноста на Фајзер е 95%, Спутник 92%, а имајќи предвид дека Фајзер е изработена со нова технологија, Спутник можеби е и побезбедна. Никогаш нема проблем со повеќе вакцини и со поголем избор на истите, проблемот е ако ги (го) нема.
Апсолутно точно. Не знам како е во Скопје, ама во помаливе градови секој добива соодветна нега и пратење на ситуација цело време. Прво почнаа матичните да праќаат и да предложуваат, а сега и самите позитивни си бараат секакви испитувања, и со право. Асимптоматски прават кс ако ништо друго, а голем дел и се снимаат. Ова главно се случи после хаосот во Ноември, мислам дека се разбудија и лекарите, но и пациентите дека треба да водат повеќе грижа.
Лекот од Израел - да си отворам нова тема или да ве реметам овде https://www.timesofisrael.com/new-i...-to-serious-covid-cases-within-days-hospital/
Спутник е најбезбедна. @Ahoy во скопје не добиваат сите ок третман. Да, може да одат на клиника, да чекаат ред и никој нема да ги врати, ама потфрлија многу матични. Баба ми доби позитивен тест на 5 јануари. Матичната не и се јави нити еднаш (и стига известување за позитивни пациенти). Ама има 80 години и Алцхајмер и не е битно дали ќе се угуши. Како ќе е лечеше да немаше кој друг да и каже што да прави?
А кога ќе почне да се спроведува вакцинацијата, имаат некоја почетна дата? Ми изгледа ко само планови да си прават
Не знам зошто е така, навистина не е во ред. Тука кс прават и по 2- 3 пати, особено тие на кои им е препишана терапија, а е одредена од специјалист после преглед, значи не од матичен. Конечно, после Ноември да речам, се организираа како што треба, барем во помаливе градови. П.С.: Да не знаете случајно кога треба да стигнат Кинескиве, а и мислење за нив? Или евентуално да размислуваат за набавка на Руската, иако Филипле на прес рече дека не ја планираат Надежта последна ми умира
Во најбрз можен рок,така чув Кај нас е најбитно да имаш акционен план,цели или целни групи,структура организација....а реализација здравје...
Што треба да се знае за кинеската вакцина https://www.danas.rs/drustvo/sta-se...akcini-koja-je-u-milion-doza-stigla-u-srbiju/ Што треба да се знае за србија- од 250 пратеници, 200 се од Вучиќ, опозиција во собрание нема...па видете сами. Што друго треба да се знае- Меркел би ја прифатила руската вакцина, за кинеската ни збор.
Оф леле. Не, не добиваат сите ваков третман, напротив... Затоа и толку умираат. А тек да знаеш колку има што се починати од постковид компликации? Тие не се водат во статистика оти кога починале биле негативни, ама последиците им биле од ковидот т.е од несоодветна грижа од матичните, па натаму. Кој е за ова крив? Јас или ВилипчО? Инаку, ова за организираноста за кога ми збориш? За сега кога е мирно и бааги релаксирано или за ноември/декември? Да праиме муабет за ноември/декември и како ВилипчО и останатите се постави и справи со ситуацијата, па после да го фалиш тука. Ај, те молам.... И, смешно е да ја споредуваш МК со Словенија, навистина, смешно е
Зошто е смешно? Ај види им бројки и смртност. Кај нас си има ковид амбуланта, претходно брза помош одеше и прегледуваше, баш во ноември. Како се справи? Не да немаше утки, ама ништо поразлично не е и во други држави со далеку подобри системи. Еве замисли во тие други држави позитивни си седат без решение, а контактите се слободни. Не ќе да е само овде најлошо. Едно е само да плукаш, а друго е да бидеме некогаш реални. Нема држава која не потфрли според наши критериуми. А може и толку можат. Реалноста е дека сето она што се случува кај нас, се случува и надвор. Само што кај нас Филипче е крив, а во Словенија Јанша, во Австрија Курц. Ко народ само некој да ни е крив. И да изиграваме експерти. Барем ако не овде крвна слика и ртг се прават кога ти сакаш, таму кога ќе се влоши ситуацијата.
Зошто резил? Да повторам- ковид е првенствено економски феномен, после политички дури после сето тоа-здравствен. Го кажав ова летоска, сеуште стои како валидно.
Јасно, ама на крај без ништо ќе останеме ко што ми се гледа. Нормално дека нема да ја бараат најдобрата опција за народот.