За сите случаеви кај кои е утврдена смрт како последица од компликации од корона е направена обдукција или скоро кај никој...? Јас знам дека е второто.
Ама треба некој да излезе и да каже на што да се обрне внимание, јер не знам кој чита и дали воопшто се негде јавно наведени несакани ефекти. Мислам, ако смее
Тоа исто важи и за прележаните. Точно, кај некои има одредени последици после одредено време но кај поголем број нема ништо. А не тука на форумов како што пишуваат некои дека "тие што прележале нека му ја мислат, нема уште многу да дотуркаат. Здравјето им е под знак прашалник."
Види, тоа ти се вика селективност во читањето, со цел да ја оправдаш својата кауза. Него, и ја тие финти ги праам, кога сакам да затнам некој, многу нормално дека и да ја најдеш нема да и пишам Ако воопшто постои. Мислам, здраво госпоѓо од Германија, ја од форумот фемина сум, ти мури на доктор си била уопште? Да, до толку не ми е досадно.
Не сум прочитала ете, ама ако јас се прашувам исто глупаво е тоа колку и драматизирањето како сите ќе умрат од вакцината и ќе им се наруши здравјето. Од тоа јас што го гледам околу себе (значи не статистика), прележаните имаат повеќе долготрајни последици отколку вакцинираните. Што не значи дека прележаните што минале лесно ќе умрат од последица на ковид. Исто така не значи дека сите ќе минат лесно како ти.
Замисли ме натера да ја најдам и за твое неверување постои жената: Плус бонус, на истиот пост: И не, не ширам паника туку само ви давам до знаење дека има и друга реалност освен розевата и идеалната што ја продавате тука вие одредени заљубеници во вакцината.
Важи, веќе нема во ништо да верувам, само во тоа што вие ќе го напишете тука. Само за на вас да ви одговара.
Тоа што го пишува тука (барем јас што сум читала) е врз база на истражувања и тврдења од стручни лица. Не ми е јасно како може на рандом фб ликови да поверуваш за такво нешто? Ниту го знаеш, ниту знаеш дали е некој фејк акаунт. Како си сигурна дека тоа што го збори е точно?
Ти беше таа што вчера не можеше даде линк од изворот за податоците кои ги изнесуваше во темата за вакцинација на деца? За разлика од тебе што си тресеш факти од ракав, има тука одреден членки кои постојано постираат линкови од релевантни извори како Биљарката на пример ама на вас тоа пак не ви одговара, оти не е во склоп со вашата теорија. Лично искуство според тебе е понерелевантно од истражувања? А во тие научни истражувања нема одреден процент на случаеви со несакани ефекти или 100% се успешни приказни? Нема проблем, се што е против твоите убедувања е фејк.
Меѓу другото што претходно го наведе и не е спомнато, висок притисок? Не е ни чудо што си против вакцините. Изгледа кога читаш, си придодаваш зборови кои би сакала да ги прочиташ, со цел да шириш параноја.
Добро, во овој случај не бил висок притисок туку непрекината главоболка, не можам до детал да ги памтам сите коментари. Да сум сакала да исфилувам и да скријам немаше да постирам скриншот. Или сега да земам да ги најдам сите мислења па да ви докажувам . Се фаќате за сламка кога веќе немате што да кажете.
Никакви податоци немам изнесувано. Се' што напишав го знам од видео каде се објаснува како се создаваат мутации. Повели ако сфатиш нешто, иако се сомневам бидејќи не верувам дека ќе сфатиш зашто не ти иде во прилог на теориите. Плус да напоменам дека се потенцира дека делта сојот е поопасен за веќе прележаните и лесно може да се реинфицираат. Повели, се надевам ќе одвоиш 6 мин. (колку што памтам беше) да се едуцираш наместо да читаш фб коментари од рандом ликови и да ги шириш за да ги плашиш луѓето.