Абе не знам девојче, не можам да сфатам озбилно некој што со емоџис пишал не вакцина. А и дел од овие се нормални реакции првите денови, ненормално би било да траат месец дена како што рече, така да аргументацијата не ти е баш на место и не е фаќање за сламка. Зборувам за првиот случај од скринштот.
Значи имало и случај кајшто било цел месец, ете не било во тој истиот ама не значи дека не постои. Значи не може да се памти се до детал затоа ви направив скриншот. Да сакав да исфилувам ќе сум направела цела приказна и немаше слика да постирам. Тогаш значи генерално дека природно стекнатиот имунитет е далеку подобра заштита од вакцината. Прашај кој сакаш имунолог, не постои вакцина која го ствара истиот имунитет како твојот личен кој се изборил со вистинскиот вирус а не коктелот од состојки во вакцината. Секако тоа не значи дека сите треба да се заразат, но штом еднаш си го преболел вирусот секако дека веќе можеш да сметаш дека имаш заштита. И да, од линковите што ги постираа тука, од вкупната бројка на новозаразени со делта само 1% се од претходно прележаните. Јас како што знам делтата е полесно пренослив но и ослабен сој на вирусот. Јас го прележав британскиот сој кој се сметаше за потежок. Штом ти толку се разбираш во темава, кажи ми дали со делтата јас би поминала потешко?
Знаеш дека во Македонија досега евидентирани заразени се 150000 отприлика, од кои 5000 починаа. Да речеме 150000 прележале и имаат имунитет. Тоа се само 10% имунитет од цело население, што воопшто не е доволно. А, знаеш дека може воопшто имунитет да не створиш и едноставно да починеш, така? Да бе коктел од состојки е вакцината. Ја прават вештерки во казани со опашки од глувци. Од кај дозна?
Сега велиш дека имаат имунитет а пред малку дека полесно можеле да се заразат со делта. Под коктел не мислев на вештерски не се секирај, ако тебе те асоцира тој збор на тоа мене не. Иначе немам фобии од вакцини. Еве нека не биде коктел ако ти е толку страшен зборот, нека биде соединение од состојки добиени по лабораториски пат што е различно од реалниот вирус со кој телото се бори за време на инфицирање. Хепи?
1. Неспроно е дека тоа е имунитет. 2. Точно е дека прележани полесно може да закачат делта. 3. Јас не го тврдам тоа, туку научници (со што потврдуваш дека не го гледаше видеото). 4. Стварно ништо не разбираш и буквално немаш основни познавања за еден организам и сите тврдења ти се базираат на коментари од рандом ликови на фб така што не изигравај стручњак. Па некако најрелевантно ми доаѓа со она со лепењето парички, чипирање и што се' не. Сите вакцини се базираат на вирусот. Да не се, телото ќе создава антитела за тие состојки наместо за вирусот.
Здраво на сите. Исчитав добар дел од коментарите, па да споделам и мое мислење. Не сум антиваксер, ама факт е дека вакцина направена за нецела година ни на сон не треба да се земе како решение и да се тврди дека е тоа единствен спас. Уште помалку да се наметнува како задолжителна (тоа што толку се наметнува е најчудно од се уствари). Второ, последиците не ги очекувајте одма, тие некогаш се гледаат по 2,3,4 години...башка има куп луѓе со нус појави само што за тоа не се збори јавно. Секој клип кој промовира анти-вакцина со аргументи е цензуриран во моментов, запрашајте се зошто? А што е најлошо одговорноста си ја носите сами ако не дај боже ви се задеси нешто. Не викам не се вакцинирајте, туку да размислите два пати не е на одмет. Се повеќе излегуваат докази дека вакцините не чинат, од стручни лица кои знаат повеќе од сите нас заедно на форумов, така да џабе се докажуваме. Не се брза со вакви работи, толку сакам да кажам. И само за потсетување, вакцини има, а вирусот и после 2 години уште не е изолирн (читај нема доказ дека постои), се е сведено на рекла казала бројки по медиуми, смешно е веќе... Ако на некој му е поважно у диско да иде од тоа да ризикува ок, мене не ми е...
Од 16 август за влез во објекти со над 30 луѓе ќе се бара потврда за вакцина со најмалку една доза Со цел спречување на ширењето на Ковид-19, Владата на денешната седница донесе повеќе мерки, меѓу кои и од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку со прва доза при влез во објекти, вклучително и угостителски, каде има повеќе од 30 лица, за било какви настани. Ваквата мерка се однесува само за лицата над 18 години.
Ако се имаш вакцинирано во последниов месец, тогаш да. На подолг рок не би требало да има некакви последици од вакцината.
Све океј ама што е со тие што сега скоро прележале и не би требало за брзо да се вакцинираат? Уствари да, според експертиве тука и сегде, нема штета од антитела до плафон.
Факултетите имаат автономно право да одлучат дали ќе биде така или не. Освен тоа, за разлика од училиште, каде си законски обврзан да одиш, факултетите не се задолжителни, и не може никој да се буни ако речат дека не може без вакцина, крај краева ако се плашиш, можеш да паузираш година.
Читаш Вајлд или не? Реков што СКОРО прележале. Оти таму пишува мора барем една доза, не вика може и прележан да си.