Ај престанете да биете шеги, не е во ред ова. Кој сака нека се вакцинира, кој не сака не мора, ама не е во ред мајтапењево.
Од 15ти вака: https://www.facebook.com/funk/videos/553106422740308/ Кој како вас, ептен важни ќе сте. Жители од прва класа. Ние обичните смртници на тераса кафе ќе си пиеме.
И прележаните би требало да можат со сертификат да се исти со вакцинираните како што е за на граница. Само не знам дали владава не е добро изјаснета или заборави на прележани.
Ај кога спомна веќе кафе дојди. Чисто така да си напраиме ваксерски - антиваксерски маабети. П.С -Нема доместос у кафето.
Знаеш ли ти воопшто што значи тоа не е изолиран? Или го прочита по сумњиви српски сајтови па ти се поклопи со твоите ставови па реши да го користиш како аргумент? Што треба да правиме според тебе? Да чекаме 40 години да умрат сите вакцинирани за да можеш да си докажеш дека си била у право? Се надевам дека следен пат ќе ти дадат некои таблети во аптека ќе бидеш исто толку претпазлива и ќе читаш колку време биле развивани и дека е докажано дека барем едно 10 години никој не умрел од нив.
Значи имало и такви вакцинирани што не се плашат да пијат кафе со невакцинирани. Фала на поканата, месецов си идам за Мк па може да пиеме. @venus♡ не се плашам од доместос, нејќе ваљда за еден антиваксер у затвор да оди .
И после вакви реченици очекуваат да ги сфатиш озбилно.... Чекај сакаш да кажеш тазе прележаните да не се мешаат никаде сѐ додека не им дојде време за вакцина??Е и вакви изјави не можам да сфатам озбилно...
Ново од светот, во исчекување сме да го изолираат вирусот. Овие кинеските на претпоставка вирус се Они истражуваат веќе предикции на мутации, ние тука за постоење збориме уште, туго. Да разграничиме еднаш засекогаш за другото мислам дека имунитетот добиен од прележување е појак од вакциналниот. Арно ама, тоа не треба да се користи како некаков аргумент против вакцината или аргумент за прележување и минимизирање на болеста и нејзините последици како што гледаме многу често по корона темите. Друго веќе не знам како да се објасни веќе дека вакцината е имитација на инфекцијата, добиваш standing chance за борба ако го фатиш вирусот без притоа да прележиш и да ја развиеш самата болест. Дајте сериозно луѓе, за сите вакцини важи ова, се надевам не мислите дека другите вакцини имаат 100% ефикасност на инфекција или смрт, баш напротив, повеќе нѐ штити колективниот имунитет кој со генерации е стекнат отколку индивидуалната вакцина. Нормално е колку повеќе си изложен на вирусот поголеми да се шансите да се пробие вакцината. Исто, не знам дали знаете, ама реинфекциите ги следеле во Ломбардија, најголем дел се меѓу медицински лица. Значи ни еден имунитет не е непробоен кога доволно си изложен на вирусот. Муабетот ми е, не знам зошто се користи природниот имунитет како некој аргумент против вакцината. И на прележаните е во интерес непрележаните да се вакцинираат, оти тој имунитет не се знае дали е доживотен. Колку што знам за дел од респираторните вируси, обично клеточниот имунитет "се заборава" од организмот при контакт со други патогени со кои се бори во текот на животот. И не треба да се ограничуваат прележаните одреден период. Понатаму, да речеме после година или не знам колку е времето на распаѓање на антителата, може да биде со следење на антитела на одреден период или нешто така.
Со оглед на тоа дека во Израел првите луѓе беа вакцинирани јануари,февруари можеби држи вода муабетот дека вакцините штитат 6 месеци па после опаѓаат антителата ,било да е вакцина или прележан ковид.
Абе џабе си трошиш време да објасниш, ниту ќе прочитаат ниту ги интересира. Или па ќе ти вратат нешто ко "аМа уШтЕ нЕ сМе сИгУрНи дАлИ е РеАлЕн вИрУсОт".
Не да чекате, ама има еден куп лекови кои лечат ковид беа повлечени. Ај одговори ми зошто? И одговори ми зошто инсистираат толку на вакцини? И не читам српски сајтови, туку многу попризнати. Ај погледнете малку подалеку од Венко Филипче и експертон Даниловски, па ќе ви се разјаснат многу работи. Пошто состојбата и податоците со ковидов се менуваат од ден на ден, излегуваат нови сознанија за кои ни Венко не знае, ама ете така му е кажано. Цел свет протестира во моментов, ама вие живејте си во бајка дека вакцинава ќе ви ги реши проблемите пошто на некој така му текна и пошто е така полесно. Нема да заврши приказната тука, тоа сакам да кажам, ама откако ќе ја примиш вакцинава која што е најсумљива во историјата на имунизацијата, нема назат. Најголема смртност има од било која друга вакцина.Одете трчајте да се вакцинирате, немам проблем ваше право, само да не биде после оф што ми требаше. Не е ова играчка што ќе си ја играм два дена па ќе ми здосади и ќе ја фрлам.