Од време на време сум одлика на онаа дефиницијата за лудило. Повторувам едно исто очекувајќи разчичен резултат. Не знам зашто воопшто си губам време. Ти посакувам да никогаш не го поминеш она што го поминав со оној вирус што не е докажано дека постои. Јас не се вакцинирав да пијам кафе у кафич, него да си ги намалам ризиците да бидам јас или тие околу мене лечена во нашето прекрасно здравство.
Тоа е сосема логично. После болест треба време за опоравување и враќање на целовкупниот имунитет во нормала. Не може откако ќе се истестира негативен одма да се врати во нормала како ништо да не било.
Доктор . Кога викаше Бибан дека се по**аа на белиот мантил за некоја паричка вие не и верувавте. https://www.ohridnews.com/filipche-...lno-antitela-potrebni-se-dve-dozi-na-vakcina/
Знам низ што си поминала, јас имав пневмонија пред 4, 5 години (порано се умирало исто така од тоа). Да ја добиев сега ќе ми речеа веројатно ковид е, може и на респиратор ќе завршев. Ама среќа ме лечеа со сумамед тогаш за тогаш, никој не ме тераше на присилна вакцинација. Ивермектинот ете го отфрлија против ковид, пошто вакцинава е над се п.с. и сезонски грип исто така имет снемено последниве две години, чудно
Збориме за тој што прележал и мерките со кои не му е дозволено да се пика во гужви се најпрво за негова заштита. Не може да се поврати одма во нормална состојба бидејќи целиот организам е ослабнат. Не само корона, и други вируси, бактерии е полесно да закачи. И за обична пнеумонија не се препорачува нагло враќање во нормала.
Колку време докторке му треба на организмот да се опорави од ковид? Цели шест месеци? Година? Моето искуство кажува сосем друго.
Па чим те тераат да се вакцинираш, очигледно не е признат како официјалн лек. Е сега зошто и како, тоа е веќе друга тема за која се изјаснив веќе.
За Бибан имам многу да пишувам ама не е тука темата за неа. Таа ми е на листа на тужба што и направи нејзиното "лечење" на моја блиска. Така да те молам не ја спомнувај неа во темава за корона вирус. Врвни епидемиолози, виролози не можат да излезат на крај, шарлатанот Бибан се најде да збори.
Не е озбилно, не ѝ се точни информациите. Ивермектин е дел од протоколот за лекување од јануари некаде мислам кога и го набавија во државава, ама не се зема на своја рака и лекар проценува кај кого е потребен. Што е нормално за секој лек. Пази и она не знае, ама си нагаѓа зошто инаку зошто би била потребна вакцината. Ту-го.
Не е муабетот за Ивермектинот, туку поентата е дека има куп лекови за Ковид, ама ете не се признати. Очигледно целта е да се спроведе вакцинација и покрај тоа што вакциниве даваат рецидив, ама ако тоа ќе го игнорираме до крај. Вакцинацијата не се покажува ништо поуспешна ама ете.
Како ти процени во тоа твое искуство? Сама одлучи или? Моето искуство со тешка пнеумонија (уште пред 6-7 год.) кажува дека тоа не може човекот да го процени сам за себе. Да, јас кога се излечив бев физички спремна и да трчам и да извршувам какви се' не работи. Но, докторите мене секогаш ми препорачуваа да не се заморувам бидејќи организмот треба да се опорави. Тоа траеше 6+ месеци. Значи како е твојот организам во моментот не можеш да процениш секогаш според тоа како се чувствуваш. Не верувам дека за корона би требало да е поразлично.
Куп лекови кои ги пробаа, куп лекови кои не дадоа ефект. Тогаш се жалевте дека експериментираат врз хоспитализираните. Не можеш да издвоиш лек и да кажеш да не се дава кога се дава кај што може да се даде и кај што треба. Туку ќе си изнапишете нешто. Па на крај да кажеш ама јас на сите мислев. Што не пиша за сите неефикасни, што пиша за ивермектинот баш? Ни информацијата не ти е точна само си замислуваш теории во главата.