Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    За поголемиот дел од овие доле бараат потврда при примање дете во школо.
     
    На Angie1432, Glowy и elenaklasik им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.459
    Допаѓања:
    190.871
    Види, може да не важи, ама во тој случај вакциналниот ич не важи.
    Нека ме демантира некој со податоци.

    Јас последно го знам ова од Израел, од пред 2 недели или така нешто- 1% од случаите се реинфекции после прележан ковид, 40% се вакцинирани, другите се невакцинирани.
    https://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/309762
     
    На mKdevojce и elenaklasik им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.451
  4. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Препровери дали видеото е од Фокс Њуз како што пиша.
    Еве го текстот без делот што го пропушти:
    This mutation seems to make the virus more transmissible. - Ова е веќе општо познато сите велат дека бргу се шири.
    And a version of this one found in two other variants, makes it easier for the virus to reinfect people who have already had Covid-19, meaning, these two mutations may have evolved to dodge our natural immune response.
    Значи, не се тврди дека прележаните полесно се заразуваат општо, туку дека полесно можат да се заразат со делта сојот отколлу со останатите, т.е. дека тој стекнат имунитет не може така лесно да се справи со делта сојот како со претходните.
    Можеш и ова да го прочиташ.
    https://www.google.com/amp/s/thecon...n-if-youve-already-had-the-coronavirus-164203
     
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Убаво ги памтам зборовите на еден микробиолог (мислам) од институт во Белград, кажани некаде јануари годинава, кога кај нив започнуваше вакцинацијата - сите ќе се соочиме со вирусот, без оглед дали сме вакцинирани или не. Некој без да знае, некој со полесни, со потешки симптоми, а некој и со летални последици.
    Значи, неминовно е да се соочиме со гадот, само што СЗО и останатите авторитети не ни го кажаа тоа отворено, туку на "лажиче", дека е можно и со две дози вакцини да се заразиме, да го шириме, и дека за тоа ќе бидат виновни невакцинираните! Лага со опашка! Ако кажеа дека сите ќе мора да го поминат, ќе си навлечеа голем отпор и многу прашања од јавноста. Вака, на сељачки си го решија проблемот и си најдоа вечно алиби за нестивнувањето за пандемијата и покрај високи бројки на вакцинирани во некои земји. А бизнисот на некои руши рекорди и плафони, благодарение на светскава агенда.
    И плус, апропо бисерот на Венче, природниот имунитет не може да се мери со вакциналниот ни од далеку. Секогаш, за секоја болест е подолготраен, посеопфатен, често и доживотен, за разлика од другиов. И ви текнува дека прележани со мерливи антитела при повторен контакт со вирусот само бустаа имунитет(им растеа антитела) без никакви симптоми, тегоби и назнаки дека повторно биле "нападнати" од ковидот.? А дека истите тие прележани ко се затрчаа да се боцнат, многумина поминаа многу лошо: од енормно високи притисоци, глад за воздух, болки во цело тело, кашлица, температури, пневмонии...
    Само сакам да укажам дека треба да си го слушаме здравиот разум и логиката. Добро, и не е лошо и да научиме веќе еднаш да ги одје**ме кретеноидите кога ќе добијат порив да не онадат во здрав мозок.
     
    На Need for Speed, Kitten, elenaklasik и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Што според вас треба да прават луѓето кои досега не се заразиле? Да чекаат да се заразат да видат дали ќе преживеат? Знам дека е лесно да се збори доколку си го фатил вирусот, си го поминал на нога, не си го пренел на старите во фамилија и сите среќни и задоволни. Во двата случаи сте себични и си гледате само за себе.
    Не се вакцинирате зашто не осеќате општествена одговорност, а и гајле ви е дека сте го прележале и не сте стигнале ни до болница.
    Скроз почитувам туѓа одлука иако не се согласувам со таа ама каква пропаганда се води, човек ќе помисли дека вие сте платениците.
     
    На fana, Lella, Angie1432 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па да, чекаат магичен лек да се појави едните, другите нешто се во филм дека само од себе ќе минело па ако почекаат нема да имаат потреба од вакцина зошто ќе ослаби до безопасност, третата во другана тема пиша дека требало на природен начин да градиме колективен имунитет, а овие со теориите на заговор некако не сум во mood ни да ги коментирам.

    Министеров со изјавава па повеќе штета прави, овие уште попросветлени се осеќаат ко да го разбиле кодот на Енигма, абе милина.
     
    Последна измена: 8 август 2021
    На ladystardust, Glowy, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.459
    Допаѓања:
    190.871
    Ок, не е фокс(facepalm)
    Или јас грешно читам, или ти грешно пишуваш:?:. Еве го цитатот пак
    Ти велиш дека прележани може полесно да се заразат, а ако се вакцинираат имунитетот ќе им биде топ?
    Израел и не само Израел, велат дека во моментот се реинфицираат 1%. Значи не дека реинфекции не се можни, ама ова нема никаква врска со притисокот да се вакцинираат прележани, јер очигледно нивниот имун одговор е покомплексен од оној креиран од вакцина. Не дека тој имунитет им дошол со каранфили, секој сам си знае како поминал, ама да ги рачунаш оние со природен имунитет како помалку имуни, и да ги форсираш во беспредметно вакцинирање е ...кхм...најблаго речено нон-сенс.

    Инаку, пак референца на видеото од погоре-зиро ковид е утопија, и во овој свет и во сите можни светови. Така што, останува да видиме 8-|.
     
    На Kitten и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  9. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ама поентата е дека да не стануваше збор за делтата (или да биле вакцинирани, во зависност од периодот меѓу двете инфекции), ќе беа помалку од 1%.

    Искрено се надевам да не е точно, дека ова само би ја комплицирало ситуацијата. Ама со новиве мерки, некако не ми делува така.
     
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ете јас сум од непрележаните. Дремев неколку месеци додека се освестам читајќи Здравјето преку игла не влегува и слични шитови за да се освестам дека не можам животот на коцка да го ставам.

    Навистина не разбирам, што мислите кој избор го имаат невакцинираните? Као чекавте вакцина, па прогнози до 2023 ќе нема вакцина... И сега не сакате да се вакцинирате. А уште почудно ве читам и како шпански да пишува. Кога ги научивте сите тие научни ствари што ги пишувате? Се ставате на ранг со луѓе кои животот го посветиле на тоа и се дрзнувате да коментирате за (не) штетноста на вакцини.
     
    На fana, Angie1432, MilaSs12 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    918
    Пол:
    Женски
    Јас досега не сум се заразила ,немам антитела, живеам со луѓе што биле заразени и веќе имат антитела, не планирам да се вакцинирам, можеби после една година
     
  12. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Што бранење удривте на вакциниве, како вие да ги смисливте. Него, ако се покаже за некој месец дека се неефективни, што веќе од авион се гледа, ќе се буните вака пак или што има везе ќе си молчите? Ќе чекате пак нешто ново да смислат, па и тоа да го пробате. Македонче ко македонче, што има врска може ќе ми се најде за некат што и да е чудово :D
     
    На mKdevojce и Traveler91 им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па, имаат избор, да седат и да чекаат да помине неколку години ако веќе толку се против вакцината. И јас сум непрележана, за среќа, со многу пазење и со многу откажувања. Ама сметам дека е доста, ваквата состојба не е ни физички ни психички здрава веќе, животот и треба да се продолжи, така што, лично се вакцинирав пред сѐ за себе и за најблиските. Имам во семејство жена што не може да се вакцинира засега, така што и за неа беше битно да обезбедиме мал имунизиран колектив. Пазиме уште, ама барем знам дека сум во некаква предност колку ефикасна и да се покаже вакцината. Јасно е дека ќе се шири кај непрележаните.
     
    На Ang_ela, Glowy, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Еве за себе ќе кажам. Не се вакцинирам затоа што сум бремена. И сега сакате да ми кажете дека јас не осеќам општествена одговорност. А тие што се вакцинирани и се бутаат по концерти и свадби и други прослави се општествено одговорни само затоа што се вакцинирани? А исто можат да го пренесат вирусот на некој кој несмее да прими вакцина. Баш напротив, себеси се сметам за далеку поодговорна затоа што нит сум стапнала во гужва, нит сум влегла без маска во затворено, нит сум била на журки и концерти. Плус со ова новово забрана за влез. Па утре ако не да умрам од глад затоа што не сум вакцинирана и несмеам да влезам во маркет, а ете бремена сум и не сум вакцинирана. Дозволија прослави, влез во Мк без ПЦР тест па сег навакцинираните им се проблем! И ете да не ме разберете погрешно, не сум антиваксер и по породување ќе се вакцинирам ама до тогаш ако не па да живеам во 4 зида само затоа што не сум вакцинирана. И одеднаш маските никој не ги спомнува, па нели маските штитеа. Што е тогаш проблем со маска да влезам во маркет со 30+луѓе, нит ќе разболам некој, нит мене некој ќе ме разболи
     
    На Annora, Kitten, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Мислам дека никој на форумот не инсистира на бремените, доилките и луѓето со индикација да не се вакцинираат. Затоа и не се согласуваме со секоја од мерките и рестрикциите. Кога зборуваме за одговорноста, зборуваме за здрави прави луѓе кои немаат ни една причина да не се вакцинираат, освен некои смешни теории дека прележувањето е подобро или дека нешто позадински планираат со вакцините.
    Еве лично јас како ептен провакс човек, не сум за рестрикции за вакцинација на деца, луѓе со индикација, бремени, доилки и слично. Може не се нагласува секаде, ама никој разумен нема за овие категории да инсистира. Затоа и мерките на министеров се без врска.

    Во маркет секако ќе можеш да влезеш овие меркиве засега се за собири и настани, прослави над 30 луѓе. Инаку маркети и молови се исклучени од тоа како што слушнав на тв.
     
    На fana, Lella, noteforself и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Така да разбирам дека не е за маркети, како пример спомнав. Поентата ми е дека новиве мерки се нон сенс и дека допрва само нешто ќе измислуваат и дека ова е само почеток. Кога укинаа ПЦР тест за влез во Мк за време на летни одмори и дозволија свадби на затворено јасно беше дека ќе стигнеме до тука и се јово на ново. Ме иритира начинот на кој ја водат пропагандата дека невкцинираните се најголемиот проблем и причина за ширење повторно на вирусот, а не е така.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    164.020
    Се согласувам со мандаторна вакцина.
    Но исто така сметам дека производителите на вакцини треба да се откажат од своите профити ако вакцините се задолжителни.
    Додека размислувате за плукање на нашите во поглед на мерките, погледнете го светот на кој не сме сами.
    Прашајте ги оние што изгубија членови на семејство како се чувствуваат со силеџиите кои се расфрлаат со права.
     
    На mssuniquee, fana, Ang_ela и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Леле аман со фориве, не си смешна. Реков кој е изборот на невакцинираните? Една опција кажи ми, а да не е тотална изолација?

    @Сара Лав Јас лично и трудна да бев ќе се вакцинирав зашто пак повеќе страв ќе ми беше од ковид него од вакцина. Ама ако земеме предвид колку комплексна состојба е бременоста воопшто ни на крај памет не ми е осуда. Ете, значи пак имаш чувство на општествена одговорност со тоа што си изолирана. Ќе ја земам пример Миа антиваксерот која имаше среќа лесно да помине, не пропушти журка и шетање. И ете ја сега лаење на велико против вакцините.

    А поради целата ситуација од старт поради која сите сме скептици немаше да се вакцинирам сеуште, меѓутоа морам да живеам и да излезам од дома. Детето сакам да ми оди во градинка, јас да се вратам во канцеларија и конечно да се видам со луѓе кои ми значат. Знам дека повеќето го прават тоа цела година ама затоа сите други страдаме ради тоа.
     
    На Celltica, Glowy, bicycle и 3 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека има позадинско нешто во вакцините. Не се вакцинирам затоа што не се доволно испитани како ке влијаат врз организмот за одреден број години.
    Доилка сум ама за кратко нема да сум и нема да ми се смени ставот.

    Многу напнувате со вакцините. Како да се 100% заштита а не се.
     
    На Traveler91 и mKdevojce им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.617
    Допаѓања:
    126.275
    Пол:
    Женски