Има прележани без антитела или со многу мал број. Идеално би било прележаните на 6 месеци да проверуваат антитела и да имаат избор да не се вакцинираат се додека се заштитени. Затоа и препорачуваат после 6 месеци да се вакцинираат, веројатно претпоставуваат дека тогаш се намалуваат, не знам.
По логикава на Вилипче, некој што на 15ти ќе се боцне со Синовак да речеме е побезбеден веќе на 16ти него некој што прележал во јуни и има високи антитела. А јас мислев доктор е чоекот, океј. Бај да уеј, дали тоа значи дека во тие затворени простории каде ќе влегуваат САМО вакцинирани, ќе се укинат маските?
@Ahoy ако знаеш ти,или некој друг Кога можам да проверам антитела после прва доза фајзер (прележана пред 6м) а да биде валидно,пред терминот за втора доза? Со оглед на тоа што за втора доза закажуваат за 3 недели,дали на ден пред терминот ако проверам антитела ќе имам точна информација? Се и сешто прочитав откако примив вакцина, и сега ми е страв да не имам високи антитела па да си направам беља со втората доза. П.с. колку време може да се одложува втората доза?
Ниту јас ниту ти. Сите сме жртви на срањево, на ваков или онаков начин. Ама пошто светов не е село како Македонија, ќе се расчисти се само треба време. Дотогаш никој не е во право, џабе се докажуваме. Мене не ми е поентава да ве преубедувам, секој си има право на мислење. Само не можам д верувам како прифаќате се здраво за готово. И не, вакцина не се прави за година и пол, безразлика што сме 21ви век, тоа на мали деца да им кажувате
Резимирам: вакцините општопознато (барем ова е без сомнение) не штитат 100 посто од вирусот. Впрочем и нивната намена не е да го спречи ширењето на вирусот (или грешам?), туку последиците се помали ако се пренесе. Нели? Е па пак се сведува на тоа оние кои сакаат да се вакцинираат или го немаат прележано воопшто со што кога би го фатиле, би го поминале полесно, а оние кои веќе го поминале и имаат имунитет немаат потреба од вакцина, т.е и да го фатат пак, тие ќе претрпат последици какви такви. Значи вакцинираните шо берат гајле кога се покриени? Невакцинираните ќе одбијат вакцина на своја одговорност, како што другите потпишуваат на нивна одговорност кога ја примаат.
Да, ќе си одлучат на своја одговорност и ќе си седат дома како последица на својата одлука. Како што терате и вие инат, зошто па и вас да не ви тераат.
Супер, ај сега оди види дали некоја вакцина е правена 10 години. Само како пример, пред 60 години вакцината против хепатитис е направена за 4 години. Пред 60 години збориме. Да било итно како сега, може ќе била готова за 2 години, а тек со технологија и финансии како сега можеме само да замислиме.
А запрашај се колку време претходно хепатитот беше истражуван сам по себе? Ние уште немаме сознанија што е со вирусов, од кај е, зошто луѓе умираат, ама вакцина има битно. Дајте не тресете зелени. Тоа ти е исто како пациент со канцер и пациент со бронхит да споредуваш и ги лечиш на ист начин
Се запрашав: Four years after discovering the hepatitis B virus, Drs. Blumberg and Millman developed the first hepatitis B vaccine, which was initially a heat-treated form of the virus.
Вакви прашања треба доктор да ти ги одговори, не рандом лик на форум, with all the respect @Ahoy . Медицинарките нека одговорат кој доктор збори вистина, кој брка политика.
А ти мислиш дека наукава почнува од 0 во развојот на вакциниве? Досега дека не постоеја, па Пастер сега принципот го смислува. Ајде да речеше нешто во контекст не сум сигурна во мрна, не е масовно аплицирана, ајде да те сфатам. Еве кинескиве пример се технологија стара преку 60 години, мислиш дека треба да седнат сега тие што ги смислиле и да си речат ама не, мора да потрошиме 10 години да ја смислиме процедурава што веќе постои и се користи. Боже колку сте игнорантни. И да, најчесто траат по 10 години зошто нема буџети, работи на проект некој месец, па после не работи, па пак ќе добие буџет другата година, пак месец дена ќе работи. Никој не инвестира во вакцина од која нема голема потреба во моментот. И за твоја информација дури и да мислиш на мрна, и таа технологија е истражувана години и години. Не ја смислија сега за вакцината специјално, туку ја искористија.
Леле добро, отров сте. За тие претходни 4 години никој не терал на насилна вакцинација. Сега ем има смртност и нус појави, ем е наметнато да мораш да се вакцинираш. Прв пат во историјата, ама џабе се објаснувам.
Сепак, мотивирани моментално да се заштитите, дали размислувате за подоцнежни ефекти на вакцините? Мене тоа прашање ме копка. Колега на маж ми на работа му ја раскажал случкава. Дедото негов работел во Германија во минатото. Кога заминал во пензија заедно со другите колеги биле повикани на вакцинација, не знам за што точно. Дедото одбил да се вакцинира, а останатите прифатиле. Сите кои ја примиле вакцината по некое време починале. Од секогаш луѓето злоупотребувале и тогаш и сега. Во случајов ќе покаже времето што се случува и дали овие вакцини се ефектни. Кој ќе преземе одговорност за мене ако ми предизвика проблем лично мене вакцината? Дали некој одговара? А јас ако не се вакцинирам, треба да преземам одговорност дека го загрозувам колективното здравје?!
Пандемија страшна у пм. Од СИДА дупло повеќе е бројката годишно, ама кој што сака да чуе тоа е. Башка што СЗО ја смени дефиницијата за поимот пандемија, за да одговара на ковид-19. Коинцциденција е тоа, нема што.