Абе нема да се умира од вакцината... сигурна сум. Ама може да има последици кои ќе те направат физички или ментално онеспособен (претпоставувам). 'Лесно' е да умриш, ама ако му накалемиш на некој задача да се грижи за тебе 24/7 е ептен висока цена за плаќање.
Јас би. Нема да умрам сигурно, можам само да умрам ако го закачам вирусот. Којзнае колку е веќе измутиран, што луѓе испоумреа без претходни коморбидитети, здрави прави. Епа имам деца за гледање, ако има вакцина, секако дека ќе ја примам. Мое мислење, не мора никој да се согласува.
И јас би. Се вакцинирав пред 7 години со хепатит Б, секоја година за сезонски грип. Што би да не и оваа? Кад је бал нек је маскенбал.
Маж ми е За. Јас сум Против толку брзо. И јас би почекала некое време, а не знам колку време. Иако од друга страна ако неможе да патувам ќе треба Македонија да ја истражувам
Само да ве прашам, оти не ми е јасно. Сите ако речеме - не, која е тогаш поентата на постоењето на вакцината воопшто?
Ах.. па има многумина што се спремни да се вакцинираат со првиот беч. ... да не прајме муабет за натамошните...
Епа тоа ми е муабетот. Никој не сака да прими, а сите сакаме лек. Значи сите сме себични до даска и да не се правиме наудрени дека не сме
Ке се вакцинирам за некоја год,одма не,имам добро здравје и имунитет сега за сега.Од Јануари ке се почне овде,нека пројдат прво стари и хронично болни,фер е така.Маж ми е против,ама тој е корона скептикЕР.Пред некој ден вика-Е да бе,Бајден победи и одма вакцините се готови Или оти нема за сида вакцина,а за корона за неполна година создадоа
Видиш... многу добро прашање... Ќе да е заради профитот на фармацевтските компании, кога станува збор за лекови кои се за третирање на заболените од ХИВ Долгорочна инвестиција им е да нема вакцина.
За хив нема вакцина, ама има терапија која со редовно и точно пиење доведува хивот да не се детектира, односно дур пијат терапија се "излечени". Доколку престанат да ја пијат, повторно се детектира хив. Луѓето со хив и терапија не живеат ништо поразлично од луѓето со било која болест и терапија. Второ за хив да префатиш, потребни се конкретни активности, не се пренесува со само дишење.
Да, ама рачунај, ако има вакцина за ХИВ, со време ќе прекине потребата од сите тие лекови кои ги продаваат на милиони заболени Знаеш што значи то? Милијарди загубен профит. А од друга страна, короната е проблем оти ја блокира економијата... што заради рестрикциите, што заради луѓето кои се заболени и со тоа не се работно активни... На тој што му е целта профит, во никој случај не му одговара да се намали конзумпцијата и размената на стоки.
Први се оние што се во болница, предмет на експериментална терапија, пошто друга нема. Како сите терапии до сега се покажаа за неефикасни Освен ако не станува збор за државници, тие магично оздравуваат
Епа себичноста не доведе дотука. Исто е и за вакцините за децата. Една ќе речи: Јас не вакцинирам, другите се - ќе го штитат моето. И многу ќе тргнат по умот нејзин. Па ќе букне епидемија од морбили во 2019 година (Боже господе во 21 век епидемија имавме од морбили ) Па нема пак да сакаат .... Па после ги приморуваш (со нешто многу важно за нив) да вакцинираат и така се тера. Народот понекогаш е стока бејб. Треба со остен да го водиш. Тоа е.