Ајде ајде сите ќе се вакцинираат како попчиња, за да идат на сончање во Паралија и за шопинг во Солун.. Без потврда за вакцина или негативен тест за ковид никој нема да пушта, па сега на кој му се исплати да дава 50 евра од човек за секое идење во Грција (а знаеме колку македонци одат те на викенди, те на шопинзи) нема да се вакцинира..
Кај нас поголем е проблемот што немаме вакцини, а не дали сакаме или не да се вакцинираме. Тој што е во третата фаза ќе треба уште една год да живее во страв.
Тоа е веќе друг проблем.. јас коментирам за овие што не скаат вакцина.. а за фијаското со вакцините, немам коментар. Брука, дно!!
Зар мислите тек следната година ке дојдат на ред тие што спаѓаат во оваа фаза? Изглеа само ја живеам у илузија дека сеа коа ке тргнеме со вакцини ....))
Како што сфатив луѓето без хронични болести, што не работат во браншите од витално значење за општеството
Израел во моментот е најрелевантен извор на бројки колку Фајзер е ефикасна и тие бројки се разликуваат бајаги од оние на фајзер од последната фаза на испитувањето. Од она што читав таа бројка се движи од 66 до кај 80 за превенирање од зараза а не е ни 100 проценти спречување на тежок облик на болеста како што се тврдеше. Дали процентите ќе се намалуваат или зголемуваат ќе видиме за месец два. Владата ако си го познаваше народот ќе дадеше опција да бираат, зашто има народ што слепо верува на мајка Русија плус проверена технологија ќе беше подобра опција за оние кои гледаат со скептицизам кон новата на Фајзер. После имаш луѓе што викаат од каде болеста од таму лекот ќе избереа кинеска, класична вакцина со утврдена безбедност на долг рок. За условите за транспорт и чување да не збориме колку се поедноставни. Вака ем усраа чекајќи на Фајзер и кој знае колку ќе ја изначекаме, ем ќе се мачат да го натераат народот да се вакцинира. Ја со фајзер тука не би се вакцинирала знаејќи во каква состојба ни е здравството и тотално не верувам дека во правилни услови ќе биде чувана и администрирана. И на крај можеби ќе ја добиеме астра зенека што искочи со најсомнителни бројки по завршувањето на тестирањето. Никад не верував дека ќе го кажам ова, ама Србија изигра генијално во оваа трка за вакцини. Обезбедија избор, вакцинација се одвива брзо и непречено и може лекции да држат не само на нас него на цела Европа и Уса. Ние имаме план без вакцини. И кога ќе добиеме вакцини 5 години ќе ни требаат за да се вакцинираат луѓево со темпото што го предвиделе во планот што го трубат дека го имаат со месеци. Искрено се надевам дека ќе излезе лек, израелски или било каков, зашто со неорганизираноста со вакцините, вирусот нема да го снема во цел свет одеднаш и ќе трае срањево со години.
Млада сум сигурно ќе се изначекам, ама и те како ќе се вакцинирам. Како што верувам на пилотот кога се возам во авион така и на научниците за вакцината. Никогаш неможе да знаеме што ќе се случи, ама во паника од вирусов да живеам смачено ми е.
Абе највитална е Туку, ако не ги вакцинираат, народот одма ќе зборува дека вакцините не ги бива, паметни се овие од Влада, нема да ги вакцинираат Туку, остана таму некој што не го прележа?
A зошто мислеш дека едвај чекаат да се вакцинираат на пример? Знаеш колку здравствени работници не сакаат, а мораат? Јас ретко среќавам некој да сака да се вакцинира.
Не ја следам често темава и може веќе е одговорено за ова, ама јас пак да прашам. Не е малку да се вакцинираат по 2000-2500 луѓе дневно низ цела држава? Па вака ако тргнеме ќе треба 80-100 дена за двете дози да ги примат само 100 000 луѓе. Со ова темпо ќе се влечеме уште години со пандемија во земјава. Мислам не знам како е во други држави дневна вакцинација во однос на број на население. Некој да има таков податок?