За време на епидемијата на Вариола Вера во 1972, цела Југославија била вакцинирана за 1 месец, бидејќи било задолжително. Според тебе, сега ти е наметната вакцинација во споредба со ова?
Некој поназад спомна дека е заговор на фармацевската индустрија. Ако е тоа точно, ќе инсистираа да се заразиме,а не да се вакцинираме. Повеќе пари за лекови се трошат за заразените, отколку за вакцинирање. Така да, малку ви е 'лева' логиката.
мРна вакцините се подготвуваат преку 50 години. Се појавувале повеќе проблеми за тоа како да се аплицира соодветно. Според тоа, иако е прва ваква вакцина, не можеме баш да кажеме дека е нова технологија, така што ни тоа не е изговор за избегнување вакцинација.
Не. Ама ќе примите 15 дози до 2024та. Тогаш е планирано да се заврши. Хрватска нарача 10 милиони дози во моментов, а 3 милиони народ се.
Па кога немаш аргументи врти се околу СИДАта за која патем постои лек. Немам незаштитен секс со неедуцирани Стојанки да фатам од нив СИДА.
Аааа, да, извини. Заборавив дека не можеш да издржиш без кафенце во локалниот кластер-кафич. Се' ќе разберам ама тоа што се плашите повеќе од вакцината отколку од вирусот, никогаш! Глумите жртви дека сте "присилени" да се вакцинирате, но ние вакцинираните сме вистинските жртви на неукоста на народот кој сака да ја тера пандемијата до бескрај...
Не постои лек за сида. Постојат лекови со кои се менџираат ХИВ позитивни. Кога еднаш ќе се заразиш, толку е. Вирусот ќе биде во тебе додека си жив. Прашање е само дали ќе се активира, или не. Тоа прават лековите. Го супресираат. Ако дојдиш до сида, пиши си крст.
Мислев на лекарствата со кои се менаџира ХИВ, лошо се изразив. Инаку новите лекарства го минимизираат до недетектибилност. Што значи дека не може да се развие СИДА. Е сега кој има пари
Мхм... а замисли лекови за 3 милиони народ. Не! Замисли лекови за 8.000.000.000 народ. (со зборови: 8 милијарди) Толку сме на планетава. *Да ве потсетам, Владиките Петар и Агатаангел, се лекуваа во Систина. За 50.000 евра по глава. Колку е вакцината? 20долари?
4 милиони се. Рачунај дека вкупно им требаат 8 милиони (дека по 2 дози). Така да не испаѓа баш дека ќе ги вакцинираат со 15 дози како што рече.
Како бе насилна вакцинација? Значи децата се присилени да ги примаат сите вакцини за да се запишат во школо. Ајде да ги саботираме сите вакцини и да вратиме болести искоренети пред години. Па ова аргументот фармацевтската индустрија се збогатила Од аналгетици што ги лапаме како бонбони не се богати ич. Фармацевтска индустрија е, од продавање круши да се богати?
Давање легитимитет на човек како Филипче кој е директно задолжен за смртната слика од ковид до сега, што да се каже? Заборавате ли во каква состојба го остави здравствениот систем, да мора обезбедување да потплаќаш за да се донесе нешто до близок, нужни работи како кислород боци да снемува, ѕидовите мувлосани, здравствени работници недоволно платени, мерки само за македонците за албанците никако, како да они не го шират вирусот. И сега истотака без последици му се дозволува да шири теории на заговор како прележаните немале доволно антитела, додека и самите можете да увидете дека прележан во добар број случаи има повеќе антитела од вакциниран. Ако целта негова навистина е застој во ширење на вирусот, зошто да не даде опција на прележани да би стекнале сертификат со доказ за антитела ? Каква е таа наука, каде што немаш ни право на контра-реплика преку тест за антитела? Ќе се дозволи кај некои потенцијални суперспредери со синовак со 0 антитела слободен пристап да го полнат здравствениот систем мислејќи дека се заштитени, додека на некој прележани со имунитет и антитела кој следат препораки, носат моски и избегаваат гужви утре во супермаркет пристап ќе им се забрани(не сеуште, но наивни сте ако мислите дека нема да стигне до таму работава ако преќутиме) Некој спомна поназад 21 било па што ако било потребно помалку од 6 месеци за развој на вакцина. Заборавате какво ни е минатото ли? Па баш бидејќи сме 21 век, треба да покажеме дека сме подобри во однос на минатото каде црквата немилосрдно две илјади години по ред го доминирала светот претежно со догма и псевдонаука, заќутувајќи секој кој што им се спротивставува, не давање шанса ни на контра-реплика или приговор. Да се потсетиме, што е разлика од наука, до догма/псевдонаука и религија.
Среќа што ги запнале сите да се вакцинираат. Вариолата била уште погадна од ковид. Освен што умреле +50 милиони луѓе, смртност од 30%, преживеаните останале со лузни по цело тело, плус многу луѓе терминално слепи останале. Страв ми е со ова население тука уште колку долго ќе се влечкаме, најискрено. Уште не ми е верно дека има луѓе што одбиваат, ај да е прва пандемија ај, ама и историски и научно е докажано дека нема крај без вакцина. А и мислам дека не е ни страв во прашање, туку чист инает.
Поскапени се вакцините за 25 %. Барем тие ,,супериорните,,. Не дека знаеме колку ги плаќаат, ама сега уште поскапо ќе ги плаќаат. Уствари ние ги плаќаме
Убаво ти објасни членката, зошто вртиш тема одма, толку од аргументите? Иначе како ја смениле дефиницијата те молам објасни ми.
Еми секако ние плаќаме. Имаме социјален здравствен систем. Не знам колкав им е буџетот, ама од тие пари се плаќаат сите медицински процедури и лекови, за кои плаќаме во кеш само 10% партиципација. Рестото е од буџетот, кој ние го полниме, заеднички. *Види ги колкави се америчките цени за лекови и медицински услуги? Таму се' е приватно.
Мислам дека at some point ќе мора да ја направат задолжителна. Не само во Македонија, туку и на светско ниво. А искрено, и би сакала. Вака нит се тера, нит се води.
Ако така гледаш кинеските беа едно време најскапи вакцини, не сум сигурна дали се сеуште, но поскапи беа од "супериорните". Зошто процесот е најскап, треба да одржуваш фарма со вируси.