Дали може да се вакцинира во Србија сеуште? За Спутник поточно, бидејќи кај нас ја нема. @Ahoy можеби ти си запознаен со ова.
А лечење колку кошта? Сите тие и лекови произведуваат. -------------------------------- Можете сите да врескате и црекате колку сакате. Видовме колку е саатот. Рестрикции ќе има. Кој не сака да се вакцинира, ќе биди ограничен во движењето и тоа е тоа.
Ќе видиме ко ќе ги произведат Нели нема лек? Не пишав јас, Блумберг пишал- Best selling drugs of all time. Пута 2 секоја година. Пута ценовен пораст секоја година. Плус монопол Кога ќе имаш толку редовни пациенти секоја година? За споредба: Humira by AbbVie (bestseller 2020). Sales: $20.39 billion Comirnaty by Pfizer: 2021 estimated sales $33.5 billion ------------------------------------------------------------------------------------ Не знам кој вреска и кој црека, и не знам каков ти е овој речник. Стално ко ќе ти посочам факти, значи ФАКТИ, спротивни на твојата ,,десна,, логика и очекувања, тоа е врескање и црекање?
Нормално дека ќе се бест-селинг, ко има пандемија. Да немаше вакцини, лековите кои ги користат при менаџирање на состојбата на заразените, ќе беа бест-селинг. И пак се поефтини од сумата која кошта за хоспитализирање на пациенти заразени од ковид. Да не прајме муабет за преоптоварувањето на здравствениот систем и случаи од типот: “Немаме место. Доаѓај на дневна за да примиш инфузии. На клупа, пред болница. Или умри слободно“ Ги заборајвте црните вреќи по болниците во Италија?
Луѓе ве читам и гледам дека сте многу опседнати со корона и вакцина. Опуштете се малку и не стварајте паника меѓу луѓево што сакаат да се вакцинираат со вашите измислени и прочитани вести по интернетов. Луѓето повеќе треба да се плашат од гужвата за чекање од 2-3 саати, него ли од боцкањето и вакцината.
После кафана следуваат и други места, без кои не се може. Во Франција на пример вклучени се и болници и јавен превоз. А во некои држави и во маркет не може да се влезе без ковид пас. Ако тоа не е згазнување на врат не знам што е.
Сето тоа би било во ред до некаде, доколку не би се вакцинирале брзо прележаните и оние групи на луѓе кои не смеат да се вакцинираат. Овие одлуки мора да имаат измени. Али ова ептен жално шо се пријавиле ради кафето. Ко Пирова победа му доаѓа.
Убаво објаснување. Се зачитав и јас за ова вчера, ама ти сигурно повеќе знаеш од мене. Ме интересира, дали како појава се јавува само како резултат на вакцина или исто така може да се јави и како резултат на прележување на болеста? Баш читав за денга, иако самата вакцината е повлечена за деца под 9 години, сепак ако добро разбирам ова што читам, ADE е појава која ја има самиот вирус и без вакцината? Дали тоа може да значи дека зависи и од типот на вирус или дали зависи само од типот на вакцина (пример инактивирана)? Гласно размислувам
Мислам дека ADE се поврзува и со природна инфекција, а VADE е стриктно vaccine related. Може грешам. И пак ќе ти речам, не читај
Одлично прашање, и јас сакам да знам. Видиш какво влијание има баклавата, одма поставуваш интересни прашања @Ahoy не јадел баклава, од љубомора вика да не читаш
Јас прочитав нешто за Синофарм и Синовак, заради претходните искуства на денга и слични инактивирани, специфично пробувале кај приматите да предизвикаат ADE со вакцината и репетитивно изложување но не успеале. Во клиничките студии со луѓе не се појавил. Сега останува да се види дали има real life, досега како таков не е репортиран. Сепак, негде читав дека и самиот вирус имал некакво влијание, но како-што не знам, т.е. не разбирам @Ahoy Too late
Не читај ма, знаеш шо се деси од ко Ева го изеде јаболкото на спознанието. Затоа сме тука кај што сме, а убо и беше кажано- јаболко НЕ! Еве, забављај се, немој да читаш https://www.lifesitenews.com/news/f...ld-public-we-are-your-single-source-of-truth/
Да, и сега попуштиле под притисок на протестите. Ја зголемиле важноста на брзиот тест, од 48 на 72 часа мислам. Ќе видиме денес тетка Меркел што ќе каже, дали ќе ги укинат бесплатните тестови во Германија. Ќе биде интересно во секој случај.
Не е само за вакцините , може да се јави и кај реинфекции со други вируси (пр. вирусот на денга што предизвикува хеморагична треска , РСВ - респираторниот синцицијален вирус и др.). А за тоа дали е само кај вакцините од типот на инактивиран вирус искрено не знам , пошто имаше различни шпекулации дека и вакцините на Фазјер предизвикувале ADE но ништо со сигурност не е потврдено. Би требало да зависи од генетиката и од типот на вирусот т.е неговата вирулетност и патогеност бидејќи колку е по-патоген толку повеќе антитела се создаваат и има поголема шанса за развој на ADЕ. Еве накратко преку слики што се случува при ADE
И вака, го гледаш негде крајот или нема крај? Настрана тоа вакцини- невакцини и кој кај ќе пие кафе. Му се гледа ли крајот на вирусов?
За ова само господ знае моментално кога ќе заврши хахаха.... искрено покрај вакцините , влијае и менталитетот. Се возам со автобус си влегуваат луѓе без маски па шоферот им се дере да стават и пак се праат на тошо , се прават свадби на велико еве денеска 518 нови случаи. Ако продолжиме со ова темпо уште минимум 2 години ќе циркулира вирусот кај нас со по 50-100 па до 300-400 заболени, зависно од периодот, самите си ја продолжуваме епидемијата пошто се однесуваме ко пештерски луѓе.