Има ли некој/а што се вакцинира во Србија или информација дали има во Врање руска вакцина и можност за вакцинирање на македонци? Информација или нешто број за информации, пријавување...
Синофарм, Синовак или Фајзер . Сеуште не се одлучив иако ќе треба до крајот на неделата да се вакцинирам. Ме интересира ваше мислење.
Синофарм и Синовак се на иста технологија буквално исти вакцини од различен производител Фајзер е поразлична и дава поснажен имун одговор. Ако имаш хронични болести, фајзер е подобра секако бидејќи титарот на антитела е повисок од кинеските вакцини што се сепак послаби. Во секој случај сите три вакцини се добри и која и да одлучиш нема да згрешиш.
Фајзерот ми беше прв избор поради поголемиот процент на заштита итн. Но Синофарм ми делува некако "побезбедна" барем како што се збори па затоа сум во дилема иако сум слушнала различни приказни...
https://health-desk.org/articles/are-covid-19-vaccines-causing-antibody-dependent-enhancement Еве нешто повеке за ADE . Подолу има и извори. Досега во овие 7 месеци откако е почната вакцинацијата не е забележан ни еден случај.
Твоја одлука е. Фајзер ствара побрзо антитела. Сите се безбедни со оглед на тоа дека фајзер ја примаат доилки и трудници во поодминати месеци. Нема да згрешиш која и да ја земеш.
Министерството за здравство информира дека поради зголемениот интерес за вакцинација од утре (11.08, среда) се отвораат дополнителни четири пункта за имунизација против Ковид-19. Пунктовите во Скопје, кои ќе почнат со работа утре се поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров. Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат поликлиниките во Шуто Оризари, Драчево и Ченто. Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат потрошените количини. На располагање се околу 400 илјади дози од вкупно сите производители, од нив 200 илјади за прва доза. Исто така, за прва доза имаме 80 илади Синовак, 50 илјади Aстра Зенека и 70 илјади Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20 до 30 илјади дози Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината. Вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид-19 вирусот. Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот. Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме тамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани.
Mислам дека и одговорив праша дали може да се вакцинираат нејзините немале антитела. Реков тогаш дека можат да се вакцинираат.
ФАЛА БОГУ КОМИСИЈАТА СО ЗАДОЦНУВАЊЕ ДОНЕСОА МЕРКИ. ДА СВАДБИТЕ ДОБРО Е ШТО ГИ ПРЕКИНАА ПОСЕБНО ОД ЗАТВОРЕНИТЕ 60 ПОСТО ЗА ЗАРАЗЕИ Е НАЈВЕЌЕ ОД МАСОВНО ПРОСЛАВУВАЊЕ. ЗНАЕЈЌИ ГО ОВОЈ НАРОД ДЕКА НЕЕ БАШ СОВЕСЕН НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ДОЗВОЛАТ. уГОСТИТЕЛИТЕ ДА ЈА ПРИФАТАТ ФАКТИЧКАТА СИТУЦИЈА. сУМ ЗА ТОА ЛУЃЕТО ДА СЕ ВАКЦИНИРАААТ ЗА ДА ВЛЕГУВАТ ПО ОБЈЕКТИ. СМЕТАМ ДЕКА КОМИСИЈАТА ТРЕБАШЕ ДА ВОВЕДЕ КАРАНТИН ЗА ЛУЃЕТО ШТО ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА И ШТО ДОАЃАААТ ОД ЗАПАД ЗА ДА СЕ ПРЕКИНЕ ЛАНЕЦОТ НА ШИРЕЊЕ А НЕ КАДЕ СААКААТ ДА СЕ ШЕТААТ. СЕТО ОВА СЕВО ОВА ДОВЕДЕ ВО ВАКВИ ГОЛЕМИ БРОЈКИ.
Ако си постара од 50година брзо ствара имунитет Фајзер и ке имаш некои реакции, ако си помлада можеш и со Кинеските поспоро ствараат.
Мене когасе вакцинирав ми рекоа послем 2 месеца од вакцина можам да останам и нема врска со неплодбност.
Да честиш, секако само ти ќе бидеш. Никој на сила не се вакцинира, за кафе и пирошка на свадба се гужвите сега.
Никој не тера никого со сила да се вакцинира и нема право! Ама има право според устав да ограничи движење во вонредни и пандемиски услови кога општественото здравје е загрозено. Така да , имате право да не се вакцинирате и да ги почитувате рестрикциите на владата ама немате право да не се вакцинирате и да го загрозувате јавното здравје. Фино лепо , ако нејќете вакцина тогаш ќе си седите дома и ќе шетате на отворено и во парк но не и на места каде што има голема фрекфенција на луѓе , ова не е дискриминација по никој основ. Се работи за зачувување на колективното здравје. Јас би оранизирал и една тура од по 10 души на инфективните клиники , сите мангупи што се чувствуваат дискриминирани да ги видат беспомошните пациенти со пикнат респиратор во трахеата и приклучени на апарати па да им дојде свеста малку... себичњаци (no offense) *Eдинствена пречка во меркава е тоа што не важи за прележаните кога со научни студии е покажано дека имунитетот од прележаноста е многу посилен од било која вакцина но што е тоа е...
Инфлуенсерка од Инста објави како се заразила од вакцинирано лице со две дози. Млади се и двете. И контактот болен и она. Миа ете ја статуси шерува против вакцини. Да се запраша човек, штитат вакцините воопшто?