Се додека за здравје се слушаат инфлуенсерки што немаат ни М од медицина нема да биде добро. Се прашувам дали тие инфлуенсерки ако се заразат ќе идат на лекар или?
А како знае дека баш од неа се заразила? Ние со маж ми кога бевме болни, кога бевме и баш изолирани и беше сѐ затворено, немаме поим од кого сме се заразиле. А сега сѐ си работи најнормално и сите се опуштени со дружби и шетање, ама она знае дека е од вакцинираната другарка. Ја читав Миа, па уште пишала: Не сум антиваксер, ама... Не сме со амнезија, па да не памтиме дека детето ѝ беше на списоци во школо поради тоа што не примило ниедна вакцина.
Можно е. Мислам дека веќе многу пати на темава е истото дискутирано, дека инфекција може да се јави и кај вакцинирано лице. Безбедни ќе сме во оној момент кога мал ќе е колективот кај што ќе може да циркулира. Како и за секоја друга вакцина.
Во многу случаи, кај многу инфективни заболувања, асимптоматското носителство е најголемиот епидемиолошки проблем. Така и во овој случај, оние шо прележале или примиле вакцина не значи дека не можат да го пренесат вирусот. Хипотетички и да имаат антитела/соодветен клеточен имун одговор, во определен период(прозорец) може да бидат контагиозни. Се додека, пример, ефективно се неутрализираат вирионите.
Таму имам пријатели. Првите вакцинирани се декември,јануари,февруари. Ке видиме. Можно е да опагаат антителата после некое време.
Има ли статистика за вакцинираност и хоспитализација/тешка форма/смрт? Озбилно прашувам. Не следам за Израел.
Мене ме интересира дали кај нас или во некои од др. земји водат евиденција за тоа колкав процент од оние прележани, но и вакцинирани се инфицираат и каква кл. слика развиваат. Јавно се зборува оти заболуваат само вакцинирани со 2 дози, но не и за вакцинирани и прележани истовремено. Јас после 3ипол мес. од прележување се вакцинирав денес со фајзер.
Нормално дека ако немам симптоми, нема да знам дека сум позитивна на ковид и ќе можам да го пренесам. Но, Но, Но, немам никаков контакт со невакцинирани. Буквално цело мое опкружување е вакцинирано. Така да, се чувствувам сигурно и спокојно,за мене и за моето опкружување. Секако носам маска при контакт со невакцинирано лице, не за него, туку за себе, да не го пренесувам вирусот кај стигнам. А тој/таа нека му ја мисли. Мојата должност е завршена.
Ne e influenserka, pisatelkata Ksenija Nikolova e. I nema vrska so medicina, zenata si kaza bile bez maski so drugarka i, osekala sigurnost zasto drugarkata bila vakcinirana.
Вакцините се за полесно да се помине вирусот (клиниката слика) доколку се фати, а не дека нема воопшто да го фатиме. Исто е со вакцината со морбили. Ја ставаат кај деца, а подоцна прележуваат, ама полесно го поминуваат вирусот.
Морбили обично не прележуваат, зошто и го нема. Ама ако се рашири како епидемијата што беше зошто вакви како Миа слушнале аутизам ставале во вакцината, и вакцинирани го фаќаат.