Колку од хоспитализираните кај нас молентално, се вакцинирани со две дози . Само до кога ќе се крие не знам. Во нормална држава треба да се достапни сите овие информации јавно.
Кај нас треба и подетално да е. Колку хоспитализирани, која вакцина, кога ја примиле. Кај Израел е полесно дека е само една.
Точно така, колку се хоспитализирани, колку од тие хоспитализирани се со една доза, колку се со две дози, колку се прележани и вакцинирани, со која вакцина се вакцинирани.
https://mk.tv21.tv/od-vkupniot-broj...d-10-se-tselosno-vaktsinirani-reche-filipche/ Е ако може некој да ми објасни, зошто пациенти со добра здравствена состојба се во болница Мислам, вчера 10% од вкупните активни беа хоспитализирани. Или многу се ажурни, или за секојј случај си одат во болница луѓето или... некој феномен се случува во МК
И статистика е тешка и комплексна наука. Незнам кај нас дали постои добар статистичар за да имаме прецизни бројки.
Релативно добра вика Види хоспитализираните веројатно се со потешка слика, ама претпоставувам не критична или не на кислородна поддршка, туку стабилна и затоа така го кажува. Претпоставувам, инаку врска си немам, може и си немаат работа па да си најдат
Во Тетово скоро сите од свадбарите се на кислород.околу 40 души.Вакцинирани,невакцинирани сеедно. Е сега нека каже Филипче дали човекот денеска што е во статистика починат бил вакциниран?!
Е си ја заматив главава од форумов ама не си одам . Сакам да ве читам . Да се собереме и да си напраиме едно истражувачко друштво.
Не реков јас такво нешто ,штитат,секако е подобро непрележан да има штит. Но за %на заштита ќе ја почекаме есента и како ќе бидат вакцинираните во март.
Од 150 хоспитализирани пациенти под 15 посто значи помалку од 15 се вакцинирани. Дали заради превентива, коморбилитети итн. Аман не барајте да ви даваат секакви податоци. Ако сакате боцкајте се ако не не. Тоа е тоа. Како не ви се смачи едно те исто да дрвите не ми е јасно.
Ете, и тој феномен не го разбирам. Само во МК имам чуено за освежување со инфузии. Јас само се обидувам да сфатам, оти толку висок процент на хоспитализации, ама може стварно едните си немаат работа а другите си бараат екстра внимание. Пошто со ваков тренд...на 15.000 активни би биле 1500 во болница... А дали вака беше пролетоска, не памтам.
Овде и претходните бранови кога имаше наплив на заболени, никој не беше згрижен правилно. А кога беше помирно знаеја да задржат некој што е и постабилен, ама да речеме со пневмонија и слично. Зависи кој период ќе го фатиш. Затоа и искуствата на сите се различни. Ако се разболиш во пикот, Господ да ти е напомош. Инаку да, од 15000 реално 1500 би биле за нега да речеме, ама кога има наплив а нема места бираш. Или тој што ќе фати врски или тој што е ептен за никаде.
Кога не се преоптоварени болниците, хоспитализираат и полесни случаи. Мислам у нормално време секоја пневмонија се лечеше у болница, а сега кога ќе се преполнат болниците ќе ги лечат на телефон, а во болница само со врски или пред умирање.
Горештини големи се овде Биљо, Охридон гледаш "пеплосан" од корона, море немаме, и што ни останува друго "кога ти е вруќина, и сакаш да се освежиш"
Ехее, Биљо, веќе неколку месеци е во мода примање на инфузија кај српските инфлуенсери. Најчесто примаат против мамурлук. Spoiler: Фото+видео