Па како ќе се знае дали нешто функционира или не. Должност им е да водат статистика за се што се случува и да ја известуваат јавноста. И не не е само боцкајте се.
Абе не е за освежување инфузијата ама ко никогаш да не сте примиле инфузија кога сте биле болни. Е сеа овие двајца ако ја примиле стварно само за да ја издржат свадбата не знам што да речам и за нив и за докторот.
Девојки маж ми е дијабетичер од 1998 година со примање инсулинска терапија до ден денес, исто така има прележано пред 2 години бронхопнеумонија со тешка клиничка слика. Што мислите да се вакцинира против корона вирусот и со која вакцина? Матичниот е на одмор до 20 па не враќа на пораки, а ние не знаеме што да правиме.
Не знам шо да кажам. Јас кога бев трудна, во двете бремености црева истурав од повраќање, 9 месеци по цел ден и немав индикации за инфузија. Така ми кажа и матичната, и специјалистите на гак. Па фино лепо си плаќав приватно и ги освежував нив со по 2-3000 ден. од ден. Изгледа зависи дали ќе имаш некој познат шо освежува само негови луѓе.
охо колку имам инфузии примено приватно.. Како што кревам до 40 темп од грип обавезно витаминска ми ставаат..
Чекајте малку другари .. оваа инфлуенсерка/писателка Ксенија невакцинирсна ,претпоставувам со исти став околу вакцините како и другарка и Миа добро познатата антиваксерка (колку и да тврди дека не е ,контрадикторна сама на себе ) и покрај тоа што самата НЕ примила вакцина се чувствувала сигурно во присуство на вакцинираната другарка со две дози Фајзер па не носеле маски хммм.. Епа штом се чувствувсла сигурна поради вакцините на другарка и требало и таа да се вакцинира . Башка дискутабилно е од каде е толку сигурна дека од вакциниранава се заразила .. Да не верглм едно те исто во однос на пренесувсњето на вирусот, заразувањето со истиот и улогата на вакцината е веќе многу добро образложено од членови пред мене,за кој што сака да разбере секако . Искрено и не ми е јасно како толкава група на луѓе се водат според ставовите на некаква си Миа и нејзиното мислење и го сметаат за релевантно на било кој начин. Мислам ..Не ми е јасно како истата Миа се боцка постојано со ботокси и филери зошто тоа нема несакани нус појави или така и одговара , на тие боцки им верува ? Хипокрит
Хаха е баш така Еве јас сум и пример дека не е ништо страшно ако е во тоа проблемот ,имам боцкано и филер и си се вакцинирав со две дози на Фајзер . Јас и веруам во секој поглед на науката
Не ги следам ни едната ни другата . Така разбрав од постот -дека Миа напишала статус за ситуацијата во која се нашла нејзината другарка/пријателка(Ксенија) после испиено кафе во домашни услови со вакцинирана другарка
Нема потенцирано никаде дека се другарки, а и мислам не се. Миа си користи само прилика да се истакне со антивакцерството.
https://www.google.com/amp/s/amp.th...replacing-covid-vaccines-with-saline-solution Медицинска сестра во Германија осомничена дека наместо вакцина на луѓето им ставала солен раствор. "While saline solution is harmless, most people who got vaccinated in Germany in March and April when the suspected switch took place are elderly and at high risk of catching Covid." "The motive of the nurse, who was not named, was not clear but she had aired sceptical views about vaccines in social media posts, police investigators said." И сега ќе одговара дотичнава ако умри некој како последица од Ковид бидејќи го боцнала со солен раствор, наместо со вакцината која можела да го заштити? Антиваксери едноставно не смеат да работат во медицина. Дури и самото тоа е контрадикторно, медицинско лице да е антиваксер, па треба комотно да си ја искини дипломата. Малку ги слушаме како лаат секој ден оти сме биле овци и ќе сме умреле од вакцината, нѐ чипирале, сега и ова фалеше.
Е оваа треба да одговара по тој фамозен Нирнбершки кодекс. Зошто без знаење и согласност на пациент не се вбризгува ни вода, ни солен раствор. Ама овие што мафтаат со тоа сега статуа ќе ѝ направат.
Светската здравствена организација (СЗО) вчера повика дваесет лидери, кои се способни да ја исправат „срамната“ глобална нерамнотежа во достапноста на вакцините против Ковид-19, да се анагажираат до октомври да го прекинат овој тренд. - Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата, изјави Брус Ајлвард од СЗО во директен контакт на социјалните медиуми на СЗО. “Тие ги водат големите компании кои се грижат за тоа, тие ги водат земјите што купуваат поголем дел од вакцината во светот и тие ги водат земјите што ја произведуваат. Очекуваме тие дваесет луѓе да кажат: „Ќе го решиме овој проблем до крајот на септември.Ќе се обидеме да добиеме 10 проценти (население) вакцинирани во секоја земја“, додаде Ајлвард. Ајлвард, прв човек на СЗО за пристапот до средства за борба против пандемијата, оцени дека светот мора да чувствува „гадење“ поради таквата ситуација. СЗО е се повеќе разочарана од овој „морален скандал“, како што го нарече, бидејќи богатите земји ги искористија залихите на вакцини, а земјите во развој едвај ги вакцинираат своите најранливи категории жители. Француските медиуми наведуваат дека низ целиот свет веќе се употребени речиси 4,5 милијарди дози од вакцината. Во земјите со високи примања, има 104 дози на сто луѓе. Во 29 земји со најниски примања, доаѓаат само две дози на сто луѓе. - Сите заедно треба да се срамиме, кажа Ајлвард. СЗО сака секоја земја во светот до крајот на септември да вакцинира најмалку 10 проценти од своето население, до крајот на годината најмалку 40 проценти и 70 проценти до средината на 2022 година. https://sitel.com.mk/szo-povika-20-svetski-lideri-da-ja-prekinat-neramnopravnosta-vo-vakcinacijata
Ах колку срцепарателно! Каков дискурс, каква политика водат! Тие тие, знаеме дека тие 20 ги држат конците. Ќе се дознае еден ден позади претставава што се случувало. Секако, малку доцна ќе биде.
Да касно ќе е, умрени ќе сме сите... Тажно.... Колку си придавате на значење, чудо нешто. Да стварно сакаат да скријат од вас нешто, нема да дознаеме ништо ни ние, ни генерациите после нас. Дури и да дознаете нешто воопшто, тоа е зошто некој таму што ја има моќта намерно сакал да дознаете, во точно одредено време зошто така му одговара, не зошто не може да се скрие од форум фемина и Јадранка Бибан.
До сега кај ниту еден тако речи, починат од ковид не е правена обдукција никаде во светов, клучното прашање е зошто? Второ, според секој можен медицински стандард и критериум, секоја вакцина која има смртност од само 25-50 смртни случаи се смета за небезбедна и се повлекува, секогаш било така, ама ете сега некако не е. Ова се официјални податоци не ги кажувам јас. Во САД во првите три дена од вакцинација има 4000 починати вакцинирани. Израел такоџе, и тие се со бројка до плафон. Ама на кого се обаснуваме. Башка што на Гејтс и компанија не им е прв пат да експериментираат со вакцини, само до сеа беа држави како Јужна Африка, Индија и сл. Во овие држави се уште се водат спорови за починати деца од вакцините.