Може линк до релевантна студија за болдираното? Докази дека 4000 души починале во првите три дена баш од вакцината?
Ма колку работи не ми се јасни! Зошто вакцините се бесплатни? И зошто не се прават тестови за присуство на антитела пред да се настапи со вакцајнс? Да си кажам. Не читам ниту за вакцини ниту за ефекти ниту навлегувам во медицински области. Едино шо знам и разбирам до негде е крвната слика. Сметам дека големо присуство на антитела прави проблем во организмот. Пример од вчера. Разговарав со медицинско лице -детски пулмолог. Вели дека имало случај жена прележала, па набрзо се вакцинирала а антитела 2000! Па тоа не е во ред луѓе божји. Патем и докторкава е против ваква насилна вакцинација. Треба секој доброволец да биде тестиран на трошок на држава, па да (не) се вакцинира. Ќе дојде време со страв да кажуваме дали сме вакцинирани или не. А дека ова станува агонија, да. Еве психички ќе ги пореметат луѓето, ги уценуваат им поставуваат замки па сами си прифаќаат. Дали ќе биде желбата за кафе или концерт или патување. Слободата секако нѝ е сега во други раце. Ма слободно сега прснете од смеа, а понатака ќе сфатите. Еден познаник вели се вакцинирал за да може на концерти да оди. Автогол! Ете сам си кажува колку е часот. Така ја условија слободата. Или ваксанјс или дома. А дома население да седи баш одговара на туѓите замисли. Плус сој за сој се редат. Па нема да важи она "fully vaccinated" со две дози. Ќе видиме со колку понатака.
Какви глупости имаш во секое мислење. Како тоа досега во светот не е извршена ниедна обдукција? Барем интернет имаш дај прочитај прво пред да треснеш нешто.
Точно така. Премногу антитела, е фамозната цитокинска бура за која упорно зборат дека е од ковидот, а сега вештачи ја продуцираат они самите. Многу, многу нелогичности поврзани...
А ти вака од ракав си коментираш или како? Нема обдукција пост-ковид. Немаше ниту кај нас, ниту во една друга држава.
Не реков не настанува од ковид. Реков кај прележани може да настане ако се вакцинираат додатно, пошто веќе имаат антитела. Т.е се надоврзав на членката погоре.
Прашај било кого од семејствата на починатите. Не треба на нет се да бараме. Ама има и на нет можеш да најдеш, ако сакаш да најдеш. Не можам да ви праќам линкови за нешто што сум читала пред 2 месеци, ме мрзи.
Никако не ви се погодува. Еднаш вакцините не чинеле, не создавале многу антитела како прележување, не штителе, многу инфицирани имало вакцинирани, сега па многу антитела правеле, еве не знам Инаку имаше и во Македонија случаи на млади луѓе со цитокинска бура без вакцина (под претпоставка) ама тогаш викавте ааа како не, си ги кријат грешките, плаќаат 2000 евра да те пишат умрен и уште какви не небулози. Како успеавте да смислите толку глупости во година и пол да знам.
Па од ваквите изјави фрлени од ракав сме дојдени до тука. Некој ќе те прочита и ќе го користи ова како аргумент, а е скроз неточно. Непроверени информации насекаде.
А демек ако ти пратам линк, готово ќе те убедам. Ете ви пратив поназад, па што дека. Ниту сакам да те преубедам, ниту ме интересира твое мислење. Јас верувам на науката, пошто се повеќе експерти се гласни против вакцинава. Вие спијте си во зимски сон. Ваше право.
Женава изгледа сакала да прави студија со вакцина и плацебо. Шо не гази по светов. Да не е тажно, ќе беше смешно. Инаку на темава. Најмногу збунки меѓу и така антиваксерски народ направија со глупите препукувања (астра зеника предизвика смртност, фајзер перикардити ау ау ау..) меѓу конкурентните производители. Да не зборувам за неедуцираноста на здравствениот персонал околу инцикација и контраиндикација за вакцинирање. Не ги обвинувам нив, туку тој што требаше да им даде насоки, исто како и за лекувањето. Вакцината никого не штити да не заболи. Ама, штити болеста да се помини 'од нога'. На тој начин биле ерадицирани смртоносни болести и тоа сите го знаеме. Во секој случај, мислам дека не е во ред поделбата, дискриминацијата што ја прави не нашата држава (оти нели и тие од запад следат препораки) затоа што ставот беше јасен: вакцинација по желба. Што е со луѓето кои не смеат да се вакцинираат? Можеби не се многу, ама убедена сум дека има и такви. Ќе останат без работа, нема да можат да влезат во маркет да си купат леб, само затоа што имаат некоја хронична состојба што не дозволува да бидат вакцинирани? Или ќе мораат да се вакцинираат на сопствен ризик? Многу работи и ставови мене не ми се јасни.