Јасна ми е целта на имунизацијата и колективниот имунитет, сѐ тоа е супер. Мене ме бунат новите мерки на нашата, а и други влади. Забрани за невакцинираните (кои патем, тие им дадоа можност да бираат). Што е со тие што не смеат да се вакцинираат? Нема да можат да си купат леб? Ќе бидат избркани од работа ако работат во колективи со 30+ луѓе? Тој дел не го разбирам.
Мерката (со која лично не се согласувам) не важи за овие места. ОК е да не се согласуваме со нешто, ама на сé нешто да се додаде, не е ок. Не важи за работа, не важи за молови и продавници. Ќе ве прочита некој ќе мисли стварно за продавници и маркети не смее. Ја разбирам поентата на што укажуваш, ама нема потреба од драма, ќе си купат леб ко секој друг човек.
10.08.2021 https://www.slobodenpecat.mk/ssm-koj-ne-e-vakciniran-ne-mozhe-da-bide-izbrkan-od-rabota/ На работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација, но потсетуваме дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, велат од ССМ „Не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација“, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија. Stay tuned-да видиме како дува ветерот
Ова е статистика која се однесува само на превенција од ковид, нормално затоа и служи вакцинава. Не е никаков доказ дека вакцината е безбедна и не би се појавиле нус појави подоцна. А за тоа да се види треба време. Супер што од ковид си заштитен, ама постојат и поозбилни болести или нус појави.
Затоа што се. Мораме сите да имаме некаков имунитет за да исчезне вирусот како бе луѓе не разбирате? Ќе си играме на ти го, дај ми го со вирусот ако навистина антителата се намалуваат? Какво објаснување барате за ефикасноста на вакцините сега? Нов вирус, нови вакцини, мутации....време треба за да се истражи. Никој нож на врат не ви стави да се вакцинирате, ако сте прележани во скоро време ок, ако не сте вакцинирајте се и да прекине оваа голгота аман. Колку побрзо заврши, толку подобро за сите, ќе олабавиме и готово, нема да слушнеме повеќе за вакцина.
Можно е можно Од фамилија на 30 ни отиде со тромбови, масивен мозочен Ова е рекла казала. Сепак , жално за другар ти.
И сега тоа ми е уште поголема глупост. Невакцинираните не смеат да одат на прослави и спортски и културни настани, ама да се пикаат по молови за време на попусти, можи. Не сум антиваксер, не ги разбирам мерките. Кај свекрва ми на работа, парично ги мотивираат за да се вакцинираат. И ако нечии фирми зависат од тоа дали вработените се вакцинирани, нема да ги бркаат дека не се, туку заради 'неефективност' на пример. Македонија е ова, секогаш постои начин да се заобиколат законите.
И јас меркиве не ги разбирам, ама од кога ги донесоа меркиве тие што никогаш не планираа да се вакцинираат се вакцинираа експресно. Зошто? Затоа што нема да можат да шетаат, не дека се засекираа колку има заразени. И сега со една доза вакцина ќе си одат на свадба, оти свадбите не треба да се пропуштат .
Па нели вакцината не беше ефикасна. И вакцинирани се заразувале, и вакцинирани завршувале во болница. Сега пу, пу, не важи. За безбедността, никој, за ништо не може да гарантира 100%, ниту пак негира дека има нус појави. Ама, секогаш се одредува односот полза/ризик, за било кој лек. Ако ползата е поголема, влегува во употреба. Аман веќе.
А дали според тебе, не се заразуваат повторно? Куп примери имате за тоа, ама луѓе вие при очи слепи се праите или што? Секој организам различно реагира. Антителата кај секој не се исти и при прележан ковид и при вакцина. Кај некого нема кај некого се до плафон. И двете се опасни.
И јас стварно не знам што не е јасно. Всушност многу работи има нејасни, наспроти вашите (не)јасни ставови. А тоа "никој не ве тера да се вакцинирате" како лесно го кажувате како стварно да е така. Или вие читате само тоа што ви одговара. Каков е тој "некаков" имунитет? Да ти одговорам. Мене ова подоле не ми е јасно. Ако на тебе ти е јасно, еве повели објасни ни на нас што не ни е јасно.
Голтаат ефридоли и антибиотици ко бонбони, ама вакцинава боже пази, ќе ги убие. Побрзо ефридол ќе ги убие отколку вакцина против ковид. Ама ај кажи им. Во цел свет е така, не само кај нас. За жал. Од старт не се поставија ко што треба, ама нема назад.
Ефридолот и слични лекови се екскретираат од телото по 24/48 часа и сл. Вакцината си ја носиш засекогаш.