Како и да е, факт е дека и вакцинираните ќе треба да носат маски, да држат дистанца со цел да не ја шират заразара на луѓе кои од некој причини ете не може да се вакцинираат, но и самите да се заштитат затоа што ете сепак завршуваат со хоспитализација иако бројката не е голема моментално на вакцинирани хоспитализирани кај нас. Редно е да си признаеме дека не испадна така како што очекувавме со вакцинацијата. Можеби народот прерано се опушти.
Кога кажуваш за стапката на смртност од ВАКЦИНАТА те молам прати линк со добар и поткрепен извор на информации ако не ,не треси зелени.
Баш ова. Прееска поставив прашање што мислат: доколку особа Х има поголеми последици или евентуално почине после вакцина, што би се случило доколку се зарази со вирусот?
И затоа некој требаше да излезе на народов да му објасни како функционира вакцина, а не тука да се расправаме со споредби вакцина и крем за сончање по темиве. Секако дека сите ќе треба да носат маски и секако дека пазење ќе треба. Требаше да почне со нормалните нешта, канцеларии, кино театар со протоколи, мали забави и слично. Чист пример да ви дадам, во епидемијата на морбили за да се запре, ги пуштија децата дома од школо. Памтите дека отидоа сите со децата по игротеки право, па еден куп вакцинирани деца се заразија? Очекувањето на секој разумен беше да почнеме да се враќаме во нормала, а ова со свадби и веселби, удри бригу на весеље беше непотребно кога не сме ни приближно до крај.
Ниедна вакцина од старт не е ефикасна во голем процент. Потребно е подолго време да се употребува и поголем процент од популацијата да се вакцинира за да се види реалната ефикасност. Ама вакцината е начин да се скрати пандемијата, да трае три, наместо пет години, на пример. Факт е дека уште долго време маски ќе носиме и ќе мора дистанца. Мене на работа пациенти ми се смеат дека носам kn95 маска и визир, иако бев малку олабавена пред да почнат да рипаат бројкиве. Иако сум вакцинирана, се трудам да внимавам максимално.
Пред 4, 5 месеци кога пишав тука на форумов дека и вакцинирани ќе треба да носоме маски, ме распнаа со коментари. Е сега тука е крива, владата, државата зошто го дозволи тоа и покрај препораките од нашите доктори тие си направија како што нив им одговара, политички. А народот ако имаше малце ум во главата немаше да прават свадби со 300 гости за време на пандемија. Ама што и да пишеме веќе џабе е, тргна возот.
Стварно се надевав летово дека се гледа крајот на мачењево ,ама јок.... Утешете ме дека ке има крај...
Веќе сум вакцинирана, но реално имаше многу менување на ставови од лекари, СЗО, експерти. Прво велеа дека кога ќе се вакцинираш си безбеден, ниту се заразуваш, ниту шириш зараза, а сега испадна дека ем се заразуваш, ем шириш зараза, а и не е 100% сигурно дека нема да починеш. Една доза, две, три... Секој ден во светот има различни тврдења за ефикасноста на вакцините. Мене не ме чуди за нас, ние доцна почнавме до вакцини, ама што е со Израел кои прогласија победа над короната, тргнаа маски откако си се извакцинираа и ете пај огромни бројки на заразени. Чудно е. Но, ќе видиме што ќе биде.
Исто се прашувам. Многу бројки имаат. Иако од другарите што ми се таму викаат дека се полесни симптомите.
Јас те разбирам зошто пред некој ден морал цел спрат вработени на работа кај нас да реагира зошто колешка дошла "многу настината", btw колешката не верува во корона и никогаш не носи маска правилно и одбивала да си оди дома. Моја среќа, немав контакт со колешката, работиме на сосема различни катови. Кога надлежните буквално ја приморале да си оди дома, се јавила следен ден и рекла дека ќе користи одмор 2 недели. Патем работам во фирма која не прави проблем за боледувања и отсуства. После женава се јавува, нема да доаѓа 2 недели ќе користи одмор така настината, само немој да отиде да се тестира или ако отишла немој да признае дека корона постои. Епа дури си имаме со такви работа, ќе си носиме kn95 и со и без вакцини и уште повеќе, ќе се заразуваме и со и без вакцини. А да ако се пропознаеш колешке, мислам дека треба да си ја чукнеш главата со колку луѓе делиш простор и со колку други луѓе со и без секакви болести тие делат домови. Од такви ко тебе си и ќе си патиме.
Најверојстно ќе почине и доколку се зарази со вирусот. Вакцината не е причина за смрт, може да биде тригер за некои претходни состојби, ако некој веќе има згрутчена крв, или слабо срце или тромбоцитопенија.. Исто како кога млади ковид пациенти кои починаа, причина најчесто беше откачен тромб. Не знаеме што носиме во себе. Нема. Далеку сме од имунитет на стадо, паѓаат антителата, вирусот мутира.. Не е чудно. Вакцината е правена ана првиот ковид сој, а вирусот еволуира и се менува зошто тоа му е работа 'да си најде дом'. И таму, како и во Англија, почна да се шири меѓу младите кои не се вакцинирани. Освен свадбариве, и кај нас во моментов болни се тимејџерите и младите кои се враќаат од одмори со журки.
Ама ги нападнавте СЗО и производителиве на вакцини... Како мислиш баба Ванѓа се, знаеле дека вакво нешто ќе се деси и отишле у подрум ја извадиле вакцинава од дубоко што ја спремале со векови, и тадам - лек што обеќава бесмртност. Нов вирус - нова вакцина. Некоја генерација мора да е прва. Па замисли да излезеа американцине и русине да кажат: еј еве ние измисливме вакцина, е сеа може не е толку ефикасна, може ќе треба 10 дози и пак ќе се заразите... Ама па да пробаме. Едно што никој не може да предвиди ефикасност на вакцина и тек на пандемија унапред, друго, ако беа скептици тие горе еден немаше да се вакцинира во светов.
Апсолутно се согласувам затоа и го поставив прашањето да ја чукнат главата дека сепак ни се далеку поголеми шансите полесно да поминеме со вакцина отколку без. Па уште прашањето, 'зарем немаш доверба во телото?' Зарем некој има доверба во своето тело на ваков стресен живот, ужасна исхрана и загаден воздух? За свекрва ми вирусот е настинка зашто го помина со температура, затнат нос и кашлица. Мирисот и вкусот уште не и се скроз вратени од пред 9 месеци и сеуште не признава дека имала корона и покрај антителата, без 'ќути не испопрскаа' не и поминува денот. Двајца блиски ми починаа од вирусот, над десетина познаници, татко ми заврши на операција од пост ковид последици, баба ми доживеа мал мозочен удар и и тригерна Алцхајмер. Не сум насилна ама ако некој во лице ми каже настинка е, мислам ќе го згазам под нозе. Па уште власта ви е крива. Вие неодговорни со свадби, крштевки, родендени со 100+ луѓе, шетате без маски итн и Филипче ви е крив? Сериозно некој треба да ви рече седете дома за да седнете дома? И за во маркет треба да бараат доказ за антитела, не само за во кафич. Ма како Италија лани треба да не затворат, нема лабаво со ваков народ како нас.
Ама ова е медицина, не е лотарија.Како што не е работа на пациентот да знае медицина, не е работа ни на лекарот и сл. да се правда прва генерација сте ми. Школо си учел? Да. Толку на муабетот. Ако не е сигурна вакцината, се знае, се прекинува и се измислува нова подобра. А не да ме тера по секоја цена да се вакцинирам.
Така не е ни работа на вас да се мешате во медицина! А таа подобрата како ќе ја тестираат за да знаат дека е подобра? Пак ќе треба да ја аплицираат на одреден процент луѓе за да покаже резултат. Oh well... Работава као у школо, јас ќе чукнам ти прашај го професорот. Сакаме нов лек ама не на мене да го тестирате. Епа на кого? Ај на марсовци ако не па...