Алелуја. Лајк за муабетов. За вакцините се разбраа, сега уште за докториве До кај стигнавме, дека имунитет е као состојба на сметка, денес го имаш, утре го немаш Да се додаде во листата на бисери, заедно со вирусот како човечки предок. Едвај чекам што ќе се деси во утрешната епизода
А што мислите вие за имунитетот? Дека цел живот го носиш добар или лош? Консултирај се со било кој доктор. Може да ти е јак али поради икс причини да ти опадне. И тогаш сме подложни на вируси итн.
А и јас не сфаќам што и се изнасмеавте на девојкава. Да, имунитетот е варијабилен. Имунитетот паѓа кога се справуваш со инфекција, се буста со одредени други фактори. Затоа и даваат бета глукани на луѓе кои имаат проблем со слаб имунитет во моментот. Да имунитет е баш ко состојба на сметка, зошто се "троши" при инфекции, се "додава" или после стабилизација или со бустање. Да не збориме дека секакви состојби има кои влијаат на имунитетот, кратко или долгорочни.
Затоа што ме нервира кога луѓе кои не разбираат ништо вреѓаат други луѓе кои на свој грб носат огромни успеси во медицинска пракса. И не сакам да стои како дезинформација ова. Убаво рече некој поназад, да не ви дојде да треба нив да ги барате па да видите тогаш колкава е нивната големина.
Консултирана сум јас, јасно ми е се. Смешно беше напишано, шо да праам Има и друго, што не е смешно со имунитетот, ама касно е денес, да оставиме нешто и за утре.
Кога доктор ќе замеша прсти во политика, престанува да биде доктор. Проф.д-р Софијанова е несомнено одличен доктор, за тоа нема збор.
Ај ај ај Биљо, не ме разочарувај со вакви муабети За џабе ли бустаме имунитет со здрава храна, витамини, а по потреба и имуностимулатори? Паднат имунитет сите сме доживеале, па после тоа следат еден куп совети и препораки за како да се надигнеме. Седи, кец!
Абе свашта праите, и инфузија за освежување имате, и антибиотици, и антивиротици... Нас не праќаат на свеж воздух само, евентуално аспирин за корона и толку Утре ќе продолжам учителке, сега ми се спие.
Пред да лупнеш ваква глупост преиспитај се малку. Секој медицински препарат како вакцина , цитостатик (за хемотерапија кај малигни заболувања) , антивирусни , антифунгални , антипаразирарни и др. лекови се тестираат прво во епрувета т.е ин витро , па следи тестирањето на животни и тоа секогаш се прво лабораториските глувци а потоа минимум 2 типа на цицачи (мајмуни) па дури после се употребуваат на луѓе.
Ок, нема потреба од ароганција. Утре со пациенти ќе работиш, вака ќе им се понашаш на секое прашање? Ти се извинувам што не спомнав ин витро прво дека е, ама на форум сме, не на лекарски симпозиум. Не се сите медицинари тука па да сфатат ин витро што е.
Каде виде ароганција? Се отвораат рекла-казала муабети и после се чудиме од каде Петранка дознала дека вакцините не се тестирани и дека сме ние експериментални глувци. Едноставно не пишувајте нешто што звучи ептен глупо. btw. in vitro значи во епрувета a in vivo во жив организам , еве два нови поима разјаснети , мислам и предходно објаснив
Здраво девојки, имам едно кратко прашање - во Врање / Ниш дали пуктот за вакцинација работи и во сабота? Ви благодарам многу
Пановски: Ми е срам од изјавата на Филипче Професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, и поранешен директор на Фондот за здравство, Никола Пановски во интервјуто за порталот Призма вели дека не е научно базирано владиното инсистирање со две дози од вакцините да се вакцинираат сите кои веќе имаат прележано корона. Според Пановски, неколку странски трудови и еден труд од Медицинскиот факултет во Скопје покажале дека една доза од вакцината фајзер ( таа била испитувана, вели тој ) била доволна за тие што веќе ја прележале болеста. Како што вели тој во интервјуто за Призма, не може еден ден по објавата на тој труд на Медицинскиот фалултет, да излезе министерот за здравство, Венко Филипче, кој е неврохирург и да кажува дека мора да се примат две дози. Што сака да каже? дека не го прочитал трудот или дека не го признава трудот, прашува Пановски? Јас не сум се чуствувал така лошо по таа изјава на министерот, уште откако претстедателот Ѓорги Иванов даде аболиција. Тогаш ми беше срам дека сум професор како претседателот, кој си ја понижи струката. Така и вчера се чуствував, вели Пановски во интервјуто за Призма.