Навистина нема потреба од хајка против невакцинираните. На работа само еден колега е невакциниран, а сите други се вакцинирани претходно и шетаат секаде, не носат маски воопшто(по неколку месеци тие дали воопшто имаат антитела). Секој ден се на кафиња, секој викенд на шетање, така што попрво тие него ќе го заразат, отколку тој нив. И лекарите веќе не знаат што да кажат. Познавам неколку луѓе кои дома имаа заразен, и живееја со заразениот човек (два три дена додека да се тестира, јадат, пијат, спијат заедно) па не се заразија. Како е можно? Лекарите тоа го објаснуваа со присуство на Т клетки. Ако веќе дел од луѓето имаат Т клетки, ако се отпорни, која е целта на масовна хистерија затоа што некој не се вакцинирал? Тој може да се загрози себеси, не другите, затоа што и вакцинираниот се покажа дека може да се зарази, не е отпорен. Ќе се вакцинираме мнозинството, ќе си пазиме, ќе си носиме маски. Можеа да направат некоја стимулација со ваучери за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат. Рекоа наесен ќе има рестрикции, ама им текна ај за 7-8 дена рестрикции од средина на август. И власта е тотално неодговорна. Друго, што ако еден колега на работа не е вакциниран, тој ли е закана за општеството кога кој од кај стигне без тест влегува во државата? Се покажа дека и заразени си доаѓаат и прават свадби. Власта не знае кај тера, докторите нагаѓаат. Ќе видите кога ќе почнат и вакцинирани со две дози по 2-3 месеци од имунизирање да умираат, и тогаш ќе се најде некој нов изговор, ќе се тврди нешто друго.
Дали имате инфо дали е вистина дека доколку контактите на позитивно лице на ковид се вакцинирани, не одат во изолација?
Како е ситуацијата во Јане Сандански деновиве? Планирам да се вакцинирам таму во сабота па ме интересира како е со гужви, работно време и слично?
Здраво. Имав закажано за вакцина и утре ме викна да одам, но вчера добив менструација. И сакав да прашам дали доколку имаш менструација може да те вакцинират?
Досега неколку пати сме зборувале и ставот, којшто е прифатен во светот, е дека и граѓаните коишто ја имаат прележано болеста, треба да се вакцинираат, изјави директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски за ТВ 24. – Нема дилема дека помината болест остава имунитет и тој имунитет трае скоро шест месеци, но е варијабилен и од човек до човек не се создава иста количина на антитела и иста активација на клеточниот имунитет. Од тие причини, се предлага да се оди и со вакцинација која ќе го засили и униформно ќе го стимулира имунитетот кај граѓаните кои имаат прележано ковид, вели тој. Како што вели д-р Петличковски, се препорачува вакцинација и на оние кои прележале, но не се советува анализирање на антитела бидејќи ја нема таа бројка, таа концентрација на антитела која би претставувала контраиндикација за вакцинација. – Количината на антителата не игра улога во препораката за вакцинирање, туку повеќе игра улога времето кога е помината вакцинацијата. Терминот којшто се советува да се запази после помината болест е до шест месеци. Во рамките на овие шест месеци, се препорачува вакцина и на луѓето кои ја поминале болеста, објаснува д-р Петличковски. https://centar.mk/blog/2021/08/12/d...-se-vaktsinirate-ako-ste-prelezhale-kovid-19/
Уште една од низата глупости. Епа нели и вакцинираните може да ср заболат и да шират зараза? Логика left the chat.
СОС телефонска линија На 071/224-683 секој работен ден од 11-15ч можете да разговарате со доктор од Црвен крст на град Скопје и да се информирате за процесот на вакцинација. Вашите дилеми и прашања поставете ги тука. Да бидете информирани е Ваше право. ⏳Линијата функционира од месец април и е поддржана од Швајцарскиот Црвен крст. ✔Оваа активност е дел од проектните активности на Црвен крст на град Скопје за поддршка на процесот на вакцинација.
Може, јас имав менструација кога се вакцинирав, им кажам таму, и ми рекоа нема врска, ама сепак за посигурно извести ги.
Сега го слушав Пановски на ТВ 24. За вакцинираните кои имаат сертификати од пред 6 месеци, рече дека прашање е колку веќе тој е валиден. За кинеските вакцини изрази сомнеж колкава е заштитата. Се на се, заклучокот ми е „го обравме бостанот“. Во право е човекот дека не требаше да пропуштаат без ПЦР тестови да има влез во државата, и со тоа индискиот сој рано ни дојде. Навистина ова долго трае и сме испуштиле убави работи поради вирусот. Денес им текна дека имав понуда да одам на настан од неколку дена во Словенија, ама откажав баш поради короната. Во тој период нив не ни имавме вакцини за широките народни маси.
Овој момент ме замислува од почетокот на процесот на вакцинација... Цело време се труби да се вакцинираат ризичните групи... а, всушност нели тие се најзагорезни? Зошто упорно се инсистира тие да се вакцинираат? Нели треба здрава популација да се вакцинира, за да се заштитат тие кои не можат? Барем досегашната практика при вакцинација е таа, ама.... сега со коронава се пропагира обратно.... и искрено ич, ама ич ми нема логика
Епа Ана здравата популација генерално одбива да се вакцинира, па ризичните се принудени да се вакцинираат самите и да си се заштитат, оние кои можат секако. Не секоја хронична болест е контраиндикација за вакцина, всушност малку се такви.
Ај најди подобар аргумент Вакцините прво и примарно им беа нудени на ризичните, стари по домови за стари лица, па стари што живеат по дома, па ризични здравствени вработени и пациенти... А вакцините со клиничка студија- тестирани на здрави и млади
Како што реков, за да се заштитат најранливите, смртноста од Ковид во таа популација е најголема. Не можеш при почеток на масовна вакцинација да постигнеш колективен имунитет, а ни сега до душа. И како што вели @Guns N` Roses , и за сезонскиот грип се вакцинираат ризичните главно.
Овие муабети на почетокот можеше и да ги проголта некој.... сега, не верувам Ај, на страна хроничните заболувања... Што е со трудници? Колку што знам, вакцинација не е препорачлива во бременост, ама за корона, може И останати ризични категории... Во досегашната практика, вакцинација исклучиво се применува на здрави лица Ова особено мора строго да се почитува во сегашниве услови, кога се вакцинира масовно цела светска популација, со нови, недоволно истражени вакцини. Вакцина за сезонски грип, не се споредува со ова, да не се лажеме... Ако не се вакцинираш за сезонски грип, не си ограничен во движење и не ти се ограничени правата, додека со овие вакцини не е случај, такак што....