Ахам.... значи најранливите да ги вакцинираме со недоволно истражени вакцини, притоа незнаејќи како истите ќе влијаат кај тие со веќе нарушено здравје, така ли? Руски рулет, муабетов.... И, аман со муабетиве, здравите не сакале да се вакцинираат... од почеток се инсистира со конкретниве вакцини да се вакцинира ризична популација. Не е ова од вчера
Во контекст на ова пораката е да се вакцинира здравото население кое не е имунокомпромитирано и може да создаде ефективна одбрана со што би се заштитиле тие кои ќе создат помалку имунитет или воопшто нема да создадат. Од 10 души 9 вакцинирани со ефективен иминитет и еден имунокомпромитиран апсолурно е заштитен од тие 9 со што е спречено ширењето на заразата. Е сега се вакцинираа хронично болните, постарите прво со цел прво тие да создадат имунитет и колку толку да бидат заштитени доколку се заразат а исходот да не заврши со смрт. Нормално дека некој и воопшто нема да создадат имунитет. Но зошто се вакцинираа прво тие? Точно поради ова, бидејќи здрав организам знаеме дека добро се справува со заразата, некој го поминува на нога, некој асимтоматски, некој со многу лесна клиничка слика, некој со потешка, но ретко завршува со смртен иаход, иако имало и такви случаи.
@An-na си слушнала трудница/родилка да починала од вакцинава? Јас не, ама од Ковид да. Сакам да кажам, подобра варијанта во секој случај е вакцина него ли Ковид.
Не дека некој примети ама да се едитирам- вакцините се тестирани на стари. Барем Фајзер The population for the analysis of the primary efficacy endpoint included, 36,621 participants 12 years of age and older (18,242 in the COVID-19 mRNA Vaccine group and 18,379 in the placebo group) who did not have evidence of prior infection with SARS-CoV-2 through 7 days after the second dose. In addition, 134 participants were between the ages of 16 to 17 years of age (66 in the COVID-19 mRNA Vaccine group and 68 in the placebo group) and 1,616 participants 75 years of age and older (804 in the COVID-19 mRNA Vaccine group and 812 in the placebo group). E антитела дали им мереле, не пишува
Па всушност не е различно со сезонскиот грип. Хронично болните и старите се вакцинираат со истата цел, доколку се заразат од грип да не дојде до компликации, а остатокот од популацијата доколку се зарази грипот го поминува со лесна клиничка слика. Сите во годината се заразуваме со грип повеќе пати во годината. Разликата е таа што кон инфлуенца имунитетот се формирал веќе со години, колку и да мутира секоја година.
Тогаш кои се воопшто тие што не смеат да се вакцинираат ако било каква нус појава од вакцина (дури и силна алергиска реакција) е подобра од ковид?
За ковид нема општа препорака за трудници, затоа што не беа вклучени во клинички истражувања. Препораката е само ако се во ризик, како хронични болести и шанса за зараза. И не е точно дека во бременост не се прима ниту една вакцина. Има исклучоци. Една од нив е на пример пертусис. Не се препорачуваат вакцини со вируси како во мрп, поради истата причина. Нема доволно податоци. А индивидуи со хронични заболувања, секогаш се вакцинирале, затоа што кај нив е поголема шансата да имаат сериозен тек на болеста. Останатото е неинформираност на медицински лица. Невакцинирање на оваа категорија, како и на оние имунозагрозени кои не смеат да бидат вакцинирани, го намалува вакциналниот процент и тешко се стигнува до колективен. Што се однесува пак до индивидуи со канцер, за секого е индивидуално и игра улога и хемотерапијата. За корона вакцина и канцер мислам дека нема доволно податоци, исто како кај трудници. За разлика од другите вакцини, кај што веќе точно се знае кој со која не смее. Ковид ги напаѓаше постарите генерации, па затоа од таму се почна.
Ај, плс... да не ги почнуваме тие муабети Пошо... луѓе починати од терминални болести, ги водеа како починати од корона, додека (види чудо) до сега не се регистриани смртни случаи од вакцина? Тебе ова ти има логика? Мислам... размислете малку, пред упорно и упорно да ги повторувате истите работи. Не се работиве црни и бели, всушност, најчесто се сиви, ама во моментов владее таква поларизираност, што се изгуби сивилото И јас се вакцинирав, да не речете дека пропагирам антиваксерска кампања, ама за разлика од повеќето тука, не колнам и плукам по сите кои не сакаат да се вакцинираат дека се за никаде, дека се неодговорни итн, ниту пак сметам дека треба да се користат валкани методи (кои се користат сега) за да се присили популацијата на вакцинација. Треба да се игра со отворени кари, за жал, ова не е случај, пошто ниту здравјето на население е битно, ниту ништо, само чист профит, трка по пари, моќ и надмудрување меѓу големите. Пошто, да беше битно здравјето на народов до сега еден од многуте лекови на кои се работи ќе беше спремен за употреба
Како може да сте скептици за вакцина која ја примиле милиони ако не и милијарди луѓе во светот, додека се клукате со апчиња за се и сешто на своја рака, пушите електронски цигари кои се канцерогени и штетни, антибеби пилули, Норлево пилули за ден потоа се голтаат како да се бомбони. Навистина не можам да сфатам.
Зашто од тие апчиња се прави "ршум" на организмот особено ако се земаат подолг рок. Да не зборуваме дека константно пиење на било какво апче па макар и суплемент ја оптоварува јетрата, анти беби се хормони кои можат и тоа како да влијаат и на здравјето па некаде дури и на плодот во иднина. Ама неее.. Вакцината е страшна...
Нели на подолг рок треба од доктор да се препишани и ти помагаат? Константно пиење мислиш на 3 месеци па консултација со доктор за продолжување на лековите?
Па да де, од доктор да се препишани. Што мислиш ако се од доктор препишани нема опасност? Ако е така доктори апелираат да се вакцинирате, дека се сигурни. Зашто не им верувате??
Ама пак ги пиеме нели? Цитостатиците и хемотерапиите го уништуваат организмот за да се избори со канцер.. Сериозни нус појави. Ама ете се пијат. Немојте со тие глупости апче е не е вакцина.. Знаете за инвитро колку се инвазивни третманите со инекциите, па милиони жени добиле дете така..
Па и не баш, секогаш се бараат и други лекови алтернативи (доктори), зашто нели, не може еден лек на секој исто да влијае. Така и со вакцината.
Ама пак се пијат лекови!! Секоја хемија која влегува во организмот остава трага. Тоа ваљда ви е јасно??
Јасно ми е тоа се разбира. Проблемот е што на некој остава трага, на друг трагиче, на трет цела дупка под земјата за ковчег.