Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    ne, ne, 2 dozi se 150 $ no sepak e najskapa od site zasega ..no filipce ne sakase da kaze po kolku nam ni gi prodale
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Слушнав на некои вести дека е 90 долари за 2 дози, што ја прави секако најскапа. Руската е подобра инаку :) И најевтина.


    Инаку на тема вакцинација прашање до сите, од кои side effects ви е точно страв? Ги знаете последиците од прележан ковид кај голем дел од луѓето, па дури и тие со многу лесна клиничка слика (кои кај нас ги водат како асимптоматски)

    - косопад
    - тахикардија
    -несоница
    - намалена концентрација
    - пореметен мирис
    - постојан замор

    Од тие поозибилните последици
    - оштетување на срце, црн дроб, бубрези
    - во некои случаи фиброзни делови на бели дробови
    - проблеми со згрутчување на крв
    - последна студија покажува и на намалена плодност по прележан ковид
    - хронични болки во мускули


    Пак ќе прашам, од што точно се плашите ако се вакцинирате? Што ќе ви се случи?
     
    На cresa-jagoda, Amellie13, Billy Idol и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.860
    Колкумина прележаа, колкумина нема да се вакцинираат, таман за вас што сакате ќе има.

    @KuklickaSk мене ми е страв да ги вакцинирам моите. Вакцините божем за стари, ама и не баш за стари, колку случаи со стари фатално завршија:worried:. Па и за луѓе со дијагнози не се баш препорачани. Ова за тие со транспарентни исходи во Европа, за кинеската никој ништо не чул. Немам ум.
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.650
    Допаѓања:
    35.382
    Пол:
    Женски
    Истите овие последици кои ги наброја од вирусов може да ги добиеш и ако се вакцинираш. Всушност, не се знаат последиците од вакцината, дали ги има или не, какви се, колку се сериозни итн. А што е најинтересно се уште не се ни знаат бенефитите од истата, ама... упорно се форсира на секој можен начин вакцинација. Мене ова ме асоцира на профит, тешко профитерство :rock:
    Во врска со последиците, да се сложувам со тебе, ама..... најчесто истите (или барем посериозните со фатален исход) се јавуваат како резултат на несоодветен третман за време на болеста. Познавам случај каде што млада жена почина како последица од вирусов т.е откачен тромб, бидејќи за време на болеста истата не била правилно третирана. Матичната не и дала никаква терапија, а женава со нозе отечени од тромбови :x Добар дел од починативе кај нас се баш заради вакви пропусти. Тоа и се обидував да и го објаснам на @JuLleE пред некој ден кога тврдеше дека супер сме се справувале со ситуацијава. Не, не е супер справување ако се нема протокол за лекување и ако истиот не се спроведува правилно, туку буквално е лотарија... како ќе ти се погоди :doh:
    И уште ова, последици може да остави и обичен грип, особено замор, долготрајни последици на бели дробови итн... А обична стрептокока знаеш ли какви последици може да остави ако не се третира? Па, не не принудуваат за вакцинација за овие болести? Нешто друго смрди тука :^)
     
    На cresa-jagoda и Kitten им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.432
    Допаѓања:
    114.678
    Пол:
    Женски
    @An-na има вакцина за грип, кај мене во фамилија редовно ја примаат.

    Туку што правиме со тоа што сега излегоа наводи дека луѓе со Хашимото и Хипотироидеа не смеат да ја примаат Фајзер?

    Апсолутно се сложувам дека голем дел од смртните случаи се од неправилно следење на болеста, ненавремено реагирање итн.. многу матични потфрлија со тоа лечење преку телефон, ретки се тие што прмаат ковид пациенти на преглед. Искрено јас би им ја одземала лиценцата за работа на тие матични, зашто очигледно не се за доктори.
     
    На cresa-jagoda, Frosty!, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.650
    Допаѓања:
    35.382
    Пол:
    Женски
    Знам дека има, и за стрептокока има, па никој не не условува дека мораме да ја примиме.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.432
    Допаѓања:
    114.678
    Пол:
    Женски
    А бе јасно е дека позади ковидов има и други намери. Фармација ти е најголем бизнис.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па не ве условува никој и сега да ја примите. Вакцината ќе биде за почеток за здравствени работници, после ќе продолжат со постари лица и хронично болни, полицајци и воени лица, па тек тогаш ќе дојдат на ред другите.

    Во секој случај, никој нема да ви стави на глава пиштол за да се вакцинирате.
     
    На Glowy и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.428
    Пол:
    Женски
    А зошто хронично болни не се во првата фаза заедно со медицински лица?
     
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Затоа што бројот на вакцини е мал, а први на удар се медицинските лица. Мора да се сузбие ширењето на вирусот помеѓу нив.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol и WildMk им се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    :doh: Кај ја прочита информацијата за ова? Може линк да споделиш?

    Претпоставувам дека Астра Зенека ќе ми се падне да ја примам, зашто овде нема да бираме, ама добро би било да се знае, барем тие што имаме хипотироидеа.
     
    На WildMk, Ahoy и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.650
    Допаѓања:
    35.382
    Пол:
    Женски
    Стварно?
    А што е со патувања во авион? Како за почеток. Понатаму ќе има и други условувања сигурно. На крајот сакаш, нејќеш ќе мора да ја примиш ако сакаш воопшто некако да функционираш. Се слушаа муабети за условувања за основни работи (како одење до маркет итн) Исто како што Евреите ги гетозираа и обележуваа, така и сега ќе им прават на невакцинираните.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.654
    Допаѓања:
    39.428
    Пол:
    Женски
    Е да, заборавив дека не почнуваме со многу дози туку сме скромни...
     
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па не те условува твојата држава, биди му лута на другите држави за таквото условување.

    Бре, види профашистички муабет.
    Го споредуваш Хитлер и неговото зло со вакцините. Колку животи спасиле вакцините години наназад? А колку животи се погубени благодарение на Хитлер?
     
    На Frosty!, Amellie13, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.650
    Допаѓања:
    35.382
    Пол:
    Женски
    Ич не го споредувам Хитлер, туку постапката.
    Ако размислиш објективно, исто е.
    И да, државата Ќе ме условува, биди сигурна. Како што тргнале работите :x
    Да сме здрави и живи, ќе видиме ;)
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.125
    Допаѓања:
    180.860
    Темава е вакцина против ковид, не вакцините се најголемо добро на денешницата. Се е малку поинаку од вообичаеното. Или малку поише:wasntme:
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Епа не е исто де.
    Ако ти го споредуваш чинот на вакцинација (од кој треба да имаш здравствен бенефит), со прогонувањето на Евреите (кои биле сместувани во концентрациони логори кај што завршувале со смрт), не е исто.

    Како што тргнале работите треба да бидиш среќна ако и нашата држава почне да условува. За разлика од другите држави кај што веќе населението е почнато со втора доза вакцинација, ние уште ја чекаме првата доза од неколку илјади вакцини. Додека почне процесот на вакцинација, па додека се стигне до третата/четвртата група граѓани кои треба да се вакцинираат ќе помине доста време. Мислам дека попрво ќе се испотепаме кој да се вакцинира отколку што некој ќе ни наметне присилна вакцинација. И тоа баш заради причините ти што ги кажа - заради тоа што просечното македонче повеќе сака да се вакцинира за да оди на одмор во Грција, него ли да се вакцинира за да се заштити од вирусот.
     
    На Billy Idol, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Стрептокока сега е задолжителна за децата.
     
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Мене не ми е поинаку од вообичаено.
    Зошто така мислиш? Дали заради временскиот период за кој се создадени вакцините?

    Се согласувам дека е краток, ама од друга страна размисли дека цел свет се соочува со вирусот. Не е само корона во Кина, туку корона во светот. На глобално ниво е. Значи, науката ги здружи силите од сите страни на светот и создаде вакцина. Клиничките студии покажаа завидни резултати. Краткорочните испитувања покажаа позитивен фидбек. Долгорочните не би можеле да ги знаеме, како што не ги знаеме ни за другите вакцини. Мора да поминат години пред да дискутираме за тоа. Тоа е огромен чекор за науката.

    Не ми е јасно зошто секогаш најмногу се проблематизира за нова вакцина, а не се проблематизира за нов лек. Зошто вниманието ви го привлекува новата вакцина, а не новите лекови кои се создаваат во огромни количини на дневно ниво? Па начинот и постапката на создавање на нов лек/вакцина е ист.
     
    На Glowy, Lianna Anna, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    39.231
    Пол:
    Машки
    Може линк?

    Немам сретнато вакво инфо, а баш барав поради тоа што мајка ми е со хашимото. Колку што прочитав јас, зборувам пред недела- две, нема проблем и луѓето со такви болести да ја примаат вакцината, а истото ми го кажа и доктор од САД, каде активно вакцинираат со Фајзер, а за нив и конкретно.

    -----------------------------

    Синофарм се покажала како безбедна и кај деца над 3 години.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.