Постојат да речеме 'здрави' луѓе кои починале по примена втора доза на вакцина. Без таа вакцина сигурно немало баш во истиот ден да починат, можеби подоцна две, пет години. Сите сме со траги од претходна хемија.
А каква дупка остава вакцината? Вакцината во себе не содржи ништо освен активна состојка (вирус, иРНК итн...) , некој адјуванс за засилен имун одговор и некаде некои шеќери/стабилизатори што го чуваат квалитетот. Се тоа внесено кога ќе предизвика имун одговор , се разградува во телото од многубројни клетки и механизми и не останува ништо. И самите доктори како проф. Пановски кажаа дека негативните ефекти од вакцината се случуваат и откако ќе се случат , прошле. Нема никаква дупка од вакцината небаре радиоактивна материја ти ставаат боже сачувај.
Негативните ефекти откако ќе се случат, прошле. Кај прошле досега починатите луѓе по примена доза на вакцина?
Дај ми релевантен извор каде што здрав, ама апсолутно медицински потврден 100% здрав умрел од вакцина.
Интересна сум ти, знам. Бараш апсолутно медицински потврден по примена доза на вакцина? Не, од претходни траги од хемија им е на сите, здравствени проблеми или од времето.
Др. Бибан како сте? @RainBow ај едно ревју на постовите од дотичната која освен дека сите ќе умреме од вакцина ништо конструктивно не напиша и перманентен бан по можност.
Никаде не напишав дека сите ќе умреме од вакцина. Во несаканите ефекти од вакцината пишуваше дека ако поминало повеќе од две недели, не било од тоа. Ако си вакцинирана немој да се секираш.
Медикаментите "ршум" правела на организмот, ама фала му на бога што ги има. По 50 години луѓето се под терапија па гледам сите се со оштетен црн дроб и бубрези, трансплантација чекаат. Среќа што ги има тие лекови со кои се продолжува животниот век на многу луѓе, а и квалитетот на живот. Не ја отварам повеќе темава, преполна со небулози.
Значи сите ваши констатации за вакцините пропаѓаат во вода , еве зошто. Човековиот организам е една машинерија со различен диверзитет на гени што го прават човекот такво суштество што се разликува од секоја индивидуа на планетава земја. Не постои генетски идентичен човек со друга индивидуа освен ако не е создаден во лабораториски услови (што уште не е направено). Значи целокупната медицина не се заснова на 50-тина книги со 1000 страници кои само ти даваат еден вовед за тоа како функционира физиолошки и патолошки еден хуман организам. Фактите и научните податоци се менуваат од ден за ден , буквално на медицинскиот факултет во Скопје се учи од книги постари од 10 години , а ако некој се потруди да истражи особено во областите генетика , имунологија работите се одамна променети и се откриени нови сознанија. Зошто мислите дека во последните години е актуелна персонализираната медицина каде секој пациент се третира засебно а не како целина од некоја група пациенти. Секоја патолошка состојба како алергија , канцер , инфективни заболувања , кардиоваскуларни заболувања и ред др. работи не завршуваат со исти последици кај секоја индивидуа. Се чудиме како некој заболен од ист вид канцер оди во ремисија за 1-2 месец/и и е како нов а некој го легнува во постела за неколку недели. Се ова се должи на диверзитетот во нашите гени од кои секоја индивидуа е предиспонирана да развие некакво заболување во текот на својот живот. Ниедна медицинска литература не може да дефинира одредена индивидуа како комплетно здрава т.е не постои комплетно здрав човек на планетава земја (колку и да звучи чудно). Не само појавата на симптоми и физички карактеристики е доказ дека некој човек е "болен". Одете направете генетски испитувања во МАНУ или други релевантни лаборатории и резултатите ќе ве мавнат од земја кога ќе слушнете на што се сте предиспонирани во тек на животот (ама овие испитувања се прескапи и скоро никој од Македонија а и од светот бога ми ,не може да си дозволи да ги прави).Од овие податоци е нормално да се донесе заклучок дека НИЕДEН медицински препарат што се пуштил во употреба за различни типови состојби/болести е исклучен од нус појави. Фала богу , и обичен антибиотик се тестира на луѓе во клинички услови и се забележани нус појави кај одреден дел од испитаниците. Одете во аптека и купете некое апче , спреј , сируп или др. вид на лек и прочитајте го упатството, ако најдете некое на кое не пишува со наслов или поднаслов МОЖНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ, јас ви симнувам капа.Значи не постои човек на планетава земја што сега или во блиска иднина ќе создаде нешто што ќе биде 100% ефикасно , 100% без нус ефекти а во исто време евтино и лесно за употреба. Ако работите стоеа така , канцерот во денешно време ќе се лекуваше со едно апче и ќе беше ко обична настинка. Али работите на молекуларно и субцелуларно ниво се многу покомплицирани од некој да седи на компјутер и да дели памет како не биле 100% безбедни вакцините и никој не гарантирал за можни несакани ефекти од нив. Колку само немате претстава колку е тешко да се создаде нешто кое ќе биде приближно безбедно и ефикасно до 100% а притоа ќе биде лесно достапно за популацијата. Немаме луксуз да бираме и да се правиме паметни , сега е КОВИД за некоја година ќе почне епидемија или пандемија на некоја тропска болест што ќе усмртува тродупло повеќе од КОВИД па како давеници за сламка ќе се молиме да направат некоја вакцина да не пцовисаме како глувци , прашање на време е кога ќе се случи такво нешто.
Значи сепак од целото твое мислење заклучивме дека и од вакцините може да се јават несакани ефекти како и од секој лек. Нормално дека е индивидуално и никој не може да гарантира дека вакцината не е тригер да започне патолошки процес во организмот. Во однос на споредбата со канцерот како ќе се однесува не зависи од генетиката на индивидуата туку од типот, видот на канцерот и неговите особини.
Не им давај идеи жити се. Баш чекав некој и тоа да го пише. Со оглед дека вирусите се зрачат или се третираат со хемикалија за да се инактивираат, го чекав моментот кога на некој генијалец на темата ќе му текне дека се озрачени
Апсолутно секако може да има сајд ефекти, и има од секоја една вакцина, а и од лекови. Прашање е колку се чести? И дали се докажани? Затоа драмењево дупки во земја е малце ту мач. Тригер на патолошки процес може да е и било што освен вакцина, лек, на пример инфекција, акутен стрес и слично.
А да речеме ако еден ден во блиска иднина се пушти во употреба, а сигурно ќе се пушти и одобри, некој лек за корона во вид на таблети или инекции, ме интересира дали вие што сте жестоко против вакцините кога не дај Боже би имале потешка клиничка слика и потреба за хоспитализација би прифатиле да ве лечат со истиот иако е нов недоволно испитан лек? Ете нема вакцина ама еве ви апче што делува и ќе ве излечи. На диви коњи и носорози го тестиравме за да докажеме ефикасност.
Тогаш зошто сите заболени од вирусов на почетокот ги третираа со истите лекови? Зошто постои една иста вакцина за сите? Не му текна на никој дека може некој да е алергичен на некоја состојка?
Тоа и го кажувам, нема логика да се негираат несаканиве ефекти од вакцинава како воопшто да не постојат, а како демек лековите па ептен опасни се. Несакани ефекти може да се јават буквално од се. За тоа реков повеќе не дискутирам зошто нема смисла да се докажуваме за нешто што е очигледно и логично.
Апсолутно. Те сфаќам на што мислиш, во прави си. Мене само ми е преглупо што веќе ставија црни марами да ги тажат сите вакцинирани, куку мајко за 5-10 години што ќе биде, а реално може утре ќе испадне дека пластиката од пвц прозорите испушта штетни материи (тропам) и дека многу повеќе сме афектирани отколку со вакцината. Муабетот ми е во страв од сѐ штетно не може да се вратиме во пештери да живееме. За комфорот кој го уживаме, некоја цена и плаќаме. Преземаме ризици за да имаме бенефит. Иначе да, небулози насекаде.