Која членка кажа дека дечко починал во Шпанија по примена вакцина а бил здрав. Пред неколку дена пиша, ако чита нека потврди.
Какво ти е прашањево со ист лек ги третирале? Па што за секој човек различен лек или вакцина треба да постои? Вакцината се произведува според унапред утврден протокол што ќе биде максимално (колку што е можно) безбедна за целата популација. За какви негативни ефекти ќе се јават не може да се знае се дур не се аплицира на широка маса луѓе нити па кој е алергичен на некоја од состојките (освен ако не правел алерго тестови).
Јас мислам на оние несакани реакции кои се регистрирани кај пациенти како миокардитис, перикардитис, палпитации, протромботски реакции, GBS и тн, значи кои се заведени како такви, ако прогуглате ќе видите и статистички бројки, од колку вакцинирани кај колку се јавиле, значи тоа и е целта на клиничките испитувања во 4та фаза да се видат и несаканите реакции од истите и да се заведат како такви. Не мислам на несакани реакции што си ги измислуваат, тие што не родиле немало да можат да забременат(ова го слушнав од докторка замисли), ќе сме завршеле на хемодијализа за некоја година, триста глупости измислуваат. Јас сум за вакцинација, ние сите дома сме вакцинирани(освен јас со една доза ), во мојата околина сите се вакцинирани, најблиските, роднини, се е вакцинирано.
aha samo toa sodrzat znaci nikoj zarazen dosega ne dobil anafilakticki sok od virusoot, ne sum slusnala ni od seker da dobie no od vakcinite koi samo "toa sodrzat' luge dobivaat i anafilakticki sok i drugi nus efekti i zaklucok? -veke seker da ne jadete moze da dobiete shok!
pa da i da se javat nus efekti od apceto ke te stabiliziraat i za nekoj den toa apce ke se eliminira od organizmot ko nisto da ne bilo,ne za dzabe luge pijat lekovi sekoj den primer za pritisok zatoa sto se eliminira ama vakcinata ne se eliminira taa e vo tebe dodeka si ziv !
Не е ништо ново дека вакцина ствара контраиндикации. Ама не е и ново дека постои црвена линија, односно статистика до кога нештото може да се применува ако се покаже како небезбедно. Не може да изумрат иљадници додека ни текне дека истото не штима. Мислам дека во медицина не треба и не оди тоа така. Експерименти се дозволени, ама само во експериментална фаза секако, не на човек. Затоа и се испитува долго пред да се почне со примена кај човек. А генетиката секако дека има улога, ама не е правило за се. Зошто би постоела медицината ако за све се потпреме на генетика. Куп вакцини се научно докажано како безбедни, зошто е толку тешко за ковид да се направи истото?
Буквално сфаќаш се , кажав шеќер за да поедноставам. Сигурно нема рафиниран шеќер сахароза тоа се специјални видови шеќери т.е јаглехидрати кои служат како стаблизиатори Еве ти една шема што содржат вакцините најчесто (не сите вакцини ги содржат истите состојки)
Ова што си го изнел никој нема да ти оспори не е така. На факс не учат како треба и што е правилно. Ама дека во вакцина може и цијанид да стават, кој рече не може. Карикирам сега, не ме сфаќај озбилно. Медицината може лесно и за обратни цели да се злоупотреби, сакале ние или не. Не оправдувам секако, само викам дека може. Втора светска војна и Менгеле ти се доволен доказ за тоа. И он бил гениј во својата област, па напраил бучкуруш на крај за политички цели. Затоа мене не би ме чудело ништо ни во врска со вакцини ни било што.
Никој не вели дека не може да се развие анафилактичен шок. По вакцината седиш 15-20 минути уште на пункт, ако развиеш шок веднаш ќе ти помогне некој. Дај ги тие статистики кои ги тврдиш дека навистина тригер за нивната смрт е вакцината. Не велам дека никој не умрел, ама дека толку многу умираат како што кажуваш, не умираат. Сама пиша во медицината тоа не оди. И вакцината поминува фази пред да се аплицира на човек, никој не оди со директно испитување на човек. Како и секоја вакцина и оваа против ковид ги поминала потребните фази. Ако одиме така и во водата за пиење некој нешто може да ти стави, па сите одма ќе испоумреме. Се може да се злоупотреби.
Како тоа мислиш ќе се стабилизираат? Зборуваме за нов недоволно испитан лек на широка маса луѓе, исто како вакцинава нели?! А ако е јака акутна реакција и умреш? Кој ти гарантира дека нема да добиеш анафилактичен шок, инфаркт или критично влошување на состојбата?
Ај здрави живо радни народе.Втората доза на вакцината Спутник ја примив на 29 април,а пред се ќе ви напоменам дека сум алергична на пеницилин и дека имам добиено анафилактичен шок.Значи после примена инекција седиш во чекална 10 минути,еве не сум медицинско лице ни ќе кажан за да добие организмот некаков шок се потребни 5 до 10 минути од примената терапија ако сето тоа после добро помине не постои бојазност,еве овде сега глупости се изначитав,не сте медицински лица и биохемичари па да труете народ со глупости оставете ги стручните лица да си ја работата својата работа,како исчезнува и се искоренува некоја болест само со примена на вакцина и не ви треба да сте многу паметни да го сконтате тоа,така е исчезнета Туберкулозата,малите сипаници ,рубеолата,магарешка кашлица,и така нтаму ако не постоеа овие вакцини па светов денес немаше да постои.Фала многу пријатно
А бре дете, и со години да пиеш едни исти апчиња, дел од нив се акумулира во телото и останува, не се елиминира целосно. Има и такви случаи кога и после толку години пиење на исти лекови се јавува реакција, акутна алергија или неподнесување на лекот што до вчера помагал. Како вакцината си ја носиш цел живот? Дај, објасни ми. Не сфаќам.
Прашање е дали ги носиме цел живот, ако се антителата во прашање... да проверам сега антитела за вакцините што сум ги примала ко дете, не верувам дека имам ни десетина во мл.
Некој да не има инфо кај аплицираат Фајзер вакцини за прва доза во Скопје ? Сега бев на еден пункт и ми вика само Синовак и Астра Зенека за прва доза? Со Синовак ни под разно не планирам да се вакцинирам ??? Уште ли не ги потрошија тие 500000 вакцини Синовак ? Или само такви планираат да нарачуваат ? Поздрав...
Види во Јане, од понеделник. Мислам дека имаше инфо оти секој понеделник до крајот на годинава ќе добиваат Фајзер.
Мора да имаат Фајзер за прва доза, тинејџерите со неа само можат да се вакцинираат. Ова го изјавија од Министерство пред некој ден: – На располагање се околу 400 000 дози вкупно од сите производители од кои 200 000 за прва доза. За прва доза имаме 80 000 „Синовак“, 50 000 „Астра-Зенека“ и 70 000 „Фајзер“. Секоја недела пристигнуваат по околу 20 000-30 000 на „Фајзер“ и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, велат од Министерството за здравство.
Муабетот ми е дека заради нив треба да има секаде каде се врши вакцинација. Како што пиша Ана види во Јане таму најчесто даваа да избереш