Вучич даваше пари, нашиве требаше ваучер за кафана уште пред некој месец. Али каков народ сме, сега да кажат нема веќе вакцини и никој не смее да се вакцинира, ќе се дигнат на протести одма. Обратна психологија пали
Ретки се тие што се стварно исплашени па никој не ги убедува да се вакцинираат. Повеќето се само силни на зборови, колку да има што да зборат со комшиите и да се прават паметни како некој пробува да не истреби. Такви со еден муабет може да ги предомислиш, смисли му пострашна теорија или забрани му е вака на на некоја српска певаљка да оди и прв ќе е во ред за вакцинирање.
Нема поточно. Сите другарки во рок од 3 дена се вакцинираја со прва доза откако слушнаа за рестрикциите, а беа против вакцина, не им се брзаше да ја примат пошто повеќето го поминавме вирусот од на нога. Јас прво идење од Германија одам да се боцнам со кинеската, баш ради оваа причина, вирус ко вирус не ме плаши ич ама без кафенце и кафанче-нема шанси. Само како шо сум малер за еден месец од сега да не се потрошат па да нема, ништо чудно и тоа да бидни.
И јас сум уште запрепастена од гужвиве за вакцина деновиве. Дури не знам кој повеќе не разбирам, антиваксерите што мислат дека ќе умрат од нус појави или овие што ич не ги болело за нус појави, туку чисто од идиотизам не се вакцинирале. Јас стварно не можам да му го најдам крајот на овој народ. Се балееше пред некое време како сме биле пеза во регионот што уште немаме обезбедено вакцини а имаме огромна смртност, ќе си помисли човек на ред нема да можеш да дојдеш за вакцина. Стигнаа вакцините па сега мрчење како не им биле доволно истражени. Ај за Фајзер како така ќе разберам (иако се сосема доволно истражени), ама што има за истражување во Синовак жити сè, мал милион такви вакцини сите имаме примено досега. Стварно не разбирам што е идејата тука. Мислев дека сите колективно се имавме согласено на почетокот на пандемијава дека ова само со вакцина ќе се реши (duh). Што е план Б уствари? Да шириш антиваксерски наратив за колку што можеш повеќе да ја успориш ситуацијата, и на крај комотно да си уживаш во колективниот идентитет што другите ќе го создадат за тебе. Тоа е изгледа. Страв им било од нус појави. Видовме колку им е страв, кога ги забранија кафичите нус појавите некако магично станаа не толку голем проблем. Инаку ја поддржувам мерката да не можеш да влезеш во кафичи без сертификат за вакцинација. Редно беше да се казнат на некој начин тие што не сакаат тимски да играат. Сите сме свесни дека ризик има во секое медицинско помагало, no shit, ама како поинаку гледате излез од ова ебаго? Ви се нуди решение, штом не прифаќате ќе седите дома. Единствено не ја поддржувам налудничавата одлука скоро прележаните исто да имаат забрани, не ми е јасно од кои длабочини на мозоците го ископаа тоа.
Како не, они сфатиле. Играат по наредби од горе. Не е Мкд единствената земја со ваков идиотски потег.
Таков менталитет сме џабе е. Сето вакво мислење и однесување се искоренува во странство кога одат и аму нема да им смета и дома да им влезат и да ги ваквинираат, кој нае може и кафе ќе им дадат. Македонче си наоѓа маани за се буквално за се. И да лежи и ништо дане прави и да зема пари пак нема да му чини се нешто ќе фали. Исто како и на почеток на пандемијава немаше вакцини, узбуна. После дојдоа вакцини само за постари да се вакцинираат, пак узбуна. Дојдоа вакцини за сите магично стерилитет предизвикувале не сакале да се вакцинираат, пак узбуна! За ваков народ нема прашување само носење одлуки и готово иначе господ не не оправа. Во врска со стерилитетот имаше студија направено дека од Фајзер што се вакцинирани имало 0% спонтани додека невакцинирани 7% што значи дека вакцините и не предизвикуваат стерилитет, туку антиваксерите предизвикуваат се. Најголемата грешка на државава е што ги прими гастербајтерите со негативен ПЦР тест требаше сите што влегуваат во државава макар и за транзит да имаат вакцина примено.
Јас сум од поретките млади кои ниту условувањето со кафе нема да ме натера да се вакцинирам. Ниту тоа ќе ме натера ниту било која друга мерка која вклучува социјални дружења.
Кога тогаш ќе мора сите да се извакцинираат, тоа го сфатија сите затоа истрчаа на вакцина сега кога се забранети кафулињата. Денес кафето, утре децата во школо нема да им ги примаат без вакцина.
Ниту тоа. За контакт на работното место немам со луѓе. А ако веќе се почне со директен притисок и уцени, би си заминала. Во школите ако мислат да се потпрат на вакцинација без да спроведат некакви мерки е беспредметно. А и силно сум против да се вакцинираат децата за овој вирус.
Па со ваков идиотски потег е една од ретките. За кафе и свадба на отворено бе Ефтино се продавал чифлигот Притоа ниту рестораните смеат да контролираат, ниту некој има капацитет да контролира. Ама нешто да се мати вода
Како површно размислувате и паѓате на популистички финти Супер била меркава, јееее, сигурно Прво, нема да се применува т.е селективно ќе се применува (како и се во државава) второ, кој е тој јунак што ќе ми побара лични податоци, а да не е службено лице? Или во секој кафиќ/кафана џандари ќе има? Или ич не ви е гајле што секој ќе може да има увид во вашите податоци? Толку ли сте очајни?
Не знам, ДЗЛП да ја прашате https://dzlp.mk/mk/content/соопштение-во-врска-со-одлуката-на-владата-на-република-северна-македонија-бр40-67825-0 ...според ова, мислам и од комшијата можеш да приложиш Имунолошкиот театар битно продолжува
Па истите муабети се верглаа од едни те исти особи кога беа карантинот и полицискиот час во прашање. Се радуваа на секоја забрана буквално, ко да на Филипче и компанија им беше дојдено до колективното здравје. Истото и сеа еве, со вакцините. Не знам само кој е поплиток во мозоците, оние кои не веруваме слепо на вакцините, или па на оние шо се крстат во нив.