Тука вика дека нема прекршоци оти само ќе ти го види името и презимето а нема никаква понатамошна обработка на тие податоци да прави. Што пак нема логика оти не секој смее да те знае кој си шо си и нема право да те идентификува. Во банка е битно да, дали сум Стојна или Трпана. Ама во кино не е рецимо или кафиќ.
КАДЕ Е СЕГА ОДГОВОРНОСТА НА кОМИСИЈАТА ШТО ДОЈДЕ ДО ВОЛКУ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ? ЗАШТО НА ВАКОВ ВИРУС НАУЧНО УШТЕ ПОПРЕНОСЛИВ ОД ДРУГИТЕ ДОЗВОЛИЈА НА ЗАТВОРЕНО СВАДБИ? ЗШ ДОЗВОЛИЈА НА ГАСТЕРБАЈТЕРИТЕ КАДЕ КАЈ НИВ ВЕЌЕ ГО ИМАШЕ ВИРУСОТ НЕ БАРАА ДА СЕ ТЕСТИРААТ ИЛИ 10 ДЕНА карантин. ТУКА ИМА ОДГОВОРНОСТ КОМИСИЈАТА КОГА ИМА НЕОДГОВОРЕН НАРОД. НАРОДОТ НАГЛО СЕ ОПУШТИ. МОРАШЕ ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ ОСОБЕНО ЗА НЕБАКЦИНИРАНИТЕ. ЧИТАВ ИСТРАЖУВАЊЕ ДЕКА дЕЛТА СОЈОТ ИМА И ПОТЕШЛА кЛИНИЧКА СЛИКА ОД ПРЕТХОДНИТЕ. БЕЗ МЕРКИ И САМО ВАКЦИНИ НЕМА ТАКА ЛЕСНО ДАСЕ СПРАВИМЕ.Никакви масовни прослави да нема ни нав отварено ни затворено.
Слични мерки се најавуваат секаде, некаде и стапија на сила, исто и овде и има и непочитување, зависи како ќе ти се погоди. Највија и дека нема да може во маркет без сертификат за прележани, тестирани и вакцинирани. Тестовите ќе се плаќаат, но ете наплив за вакцина нема баш. Некои 3-4 илјади во просек дневно. Во Мк е 16 илјади и тоа ради кафани. Идиотска мерка да, ама функционира.
Вработен во банка, како и на сите други места на кои е тоа потребно, е овластен за проверка и обработка на лични податоци и одговара доколку ги злоупотреби. Доколку исти законски одредби се предвидат и за вработени во кино, театар, ресторан и сл. тогаш е во ред, во спротивно ниту имаат основа да бараат податоци, ниту сме должни да дадеме, може само доброволно. Btw демократијата и правото на секој да зборува за се, доведоа до тоа секој еден да може да зборува што сака за вируси, лекови, вакцини... Па дали навистина луѓето одбираат да веруваат во рекла - казала отколку на науката? Отидовме во неповрат.
Свадби,кафана,кафичи,концерти и журки и одење на одмор преку граница доколку забранеа уште во Мај,сите ќе бевме вакцинирани комплетно(се знае кај нас што пали)Филипче е овдешен не е од Филипини,требаше да си го знае менталниот склоп на народот,а доколку не,ете има стручно лице сопругата да му објасни
Лични карти нели бараат и во дискотека ако сакаш да влезеш? И алкохол и цигари ако сакаш да купиш? У младоста моја така беше, од кај им право на редарите да бараат документ за идентификација? Видов видеото од Париз, многу грдо изгледа. Нека не обележат ако не како кучињата скитници, со по едно картонче на уво
Д-р. Пановски: ,,Прележани без ниту една доза вакцина се позаштитени од вакцинирани со две дози. Инаку и со една доза пуштаат да влезеш, дента да ја примиш, кога сигурно антителата се 0''. Се е кажано Не барајте веќе логика. Еве зошто нема да се вакцинирам. Ги заболе за јавно здравје
Шала на страна, меркиве се навистина добри и функционираат кај повеќето луѓе кои сакаат да шетаат. Ама така ќе се зголеми бројот на заразени, па гледаш дека на Венко побитно му е да си вакциниран, а не здрав. Жално. Ама битно меркиве добри се.
Мерките се преглупи, затоа се чудам зошто функционираат Јас да бев против вакциниве немаше на памет да ми падне да се вакцинирам зошто не ме пуштале во ресторан. Ама ете, кај голем дел од луѓето функционира, што значи дека сомнежот и не бил толку голем кај повеќето. Тоа е.
Немаат право да манипулираат со здравствени податоци, ама небитно. Мислам ова и самите знаат и го имаа негде пишано Та Дам- https://www.slobodenpecat.mk/kazni-...en-ako-liceto-izmanipuliralo-so-sertifikatot/ ...редарите нема да смеат од гостите да бараат документ за лична идентификација, Кое видео од Париз?
Па не ми е јасно тоа, нели бараат за алкохол на пример ако сакаш да купиш. Како тогаш е дозволено, сега не? Во Париз по кафиќите како иде полиција и им бара сертификати.
Бара за да потврди дека не си малолетен. Бара на увид, не го корелира со останати твои податоци, вклучително здравствени. Не знам какви овластувања има полиција во париз и дај пушти го видеото. Веројатно скенираат КјуАр код, кој е деперсонализиран , ама за тоа треба ниво на технолошка спремност. Oк, го најдов видеото, чек сега да го анализирам...
Пред многу години се поставуваше прашање и за контролорите на ЈСП во автобус кога бараат лични карти, па има негодување во кое својство ти ја зема, кога само овластено лице го има тоа право, тие нели обработуваат податоци за да ја платиш казната ако немаш билет. Ова ми е некако недоквакано, избрзано. Да беше некаде пред неколку месеци, разбирам, тие пуштија се, сега ќе гасиме пожар. А за "естрадава" од др-и кои ги има секој ден или на тв или на радио или на ФБ,како Баба Рада порано или ТЕЛМА амбуланта, ќе кажам дека користат научни студии од 2020 год. За една година односно за 1 месец се се менува. Во вирологијата, имунологијата и 2 недели се веќе стари податоци. Така да тоа што го кажва уважениот микробиолог е стара вест. Новиот сој е повирулентен и не гледа возраст. И подобро е некаква заштита отколку никаква.Глупост е тоа дека не штити вакцината. Читајте СЗО ,не мора да ви спинуваат информации.
Бил Гејтс-истиот што ги финнсира и вакцините. Не знам каква вистина очекуваш од него и СЗО, врзани се. Веќе 2 години ги финансира, откако Трамп падна во Америка и се откажа како држава да ги финансира, па ги зема он под своја капа. Па некако и пандемијава баш тогаш почна. И прочитај ја неговата библиографија малце, обрни внимание посебно на делот вакцини, си има историја човекот од порано која ама ич не му е позитивна. Ама еве тука ќе ме камшикуваат дека сум теоретичар на заговор и антиваксер.
Нема да те камшикуваме, ама си теоретичар на заговори и антиваксер. How WHO is funded WHO gets its funding from two main sources: Member States paying their assessed contributions (countries’ membership dues), and voluntary contributions from Member States and other partners.
Да, за оваа вакцина сум најголем антиваксер и нема да ми се смени мислењето. Немам проблем со вакцинирање како третман во принцип. Еве болесников си има кажано се уште пред 10 години. Имаше негде интервју каде си кажува дека 2 милијарди треба да ги снема од планетава, ако го најдам и тоа ќе го постирам за тие кои го немаат видено. Не верувам во коинциденција.
А го слушна видеото и кој му е предлогот за намалување на наталитетот? Да има достапна контрацепција и достапно здравство за да не им умираат децата. Како е ова негативно?
Првпат го слушам шо збори човеков, и ќе се согласам дека логиката е препознатлива- летаат 2 овци и ежот дава сирење