Затоа што не може поради две три пренаселени држави цел свет да го јаде. И не смее пренаселеност да се решава на овој начин. Постои контрацепција и едукација, можат малце во таа насока да ја решат пренаселеноста во тие држави. Ако тебе ти е ова прифатливо, мене не ми е извини. И мене ми сметаат многу работи во светов, ама тоа не значи дека е правилно на пример. Ама за разлика од мене Гејтс е најмоќна фигурна во свет, па прави што ќе му текне. Тоа не значи дека типов нема дијагноза.
Абе остајте зафрканции, гледам скриншоти по твитер, ич не е смешно. Ќе се вакцинираат со една доза, ради вилипче, после ќе навалат по бајачки, да им ја ,,вадат,, вакцината
Оф мори мајко. Зошто не земеш да го исклучиш и запалиш компјутерот зошто работиш на Windows и куцаш во MS-Office? И не ми кажувај за САД и Бил Гејтс,Трамп жити се.
Тоа жива вадат, па за вакцина, мислам, мачкина кашлица. Види, тоа е. За глупоќата на народот никој не е е крив. Нека идат кога толку им сече.
Ако не беше смешно ќе беше трагично Ах Тито , Тито кога имаше епидемија во 70те по негова наредба сите се вакцинираа одма од цела Југославија и крај на епидемијата за 2 месеци али не дискриминаторски биле мерките...
Се приклучив на форумов од радозналост, само за да ги прашам антиваксерите нешто. Што си мислите во главите? Вие ќе сте новиот поредок во светот? Пошто нели, ние вакцинираниве ќе изумреме за година две, ќе останете само вие...експертите од области на 5г технологија, магнети и бајачки.
Да ве прашам, вакцинирана сум со Синовак, ама одпосле дознав дека не била признаена во УСА. Следново лето треба да одам таму, ме интересира дали ќе биде проблем и дали воопшто ќе ме примат во земјата?
Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска. Владата на 7 август донесе одлука дека од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст. Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР). Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР. „Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на населението и да не влегуваат во објекти без сертификат за примена вакцина“, изјави Симеска-Димоска. https://sdk.mk/index.php/naslovna/2...-500-do-30-iljadi-evra/#.YRZTxTpSpC4.facebook
Ама Државата Југославија одговарала за вакцините и застанала зад граѓаните. А не ко сега, никој не одговара за евентуални последици. И да, кога веќе е задолжителна вакцинацијата, државата треба да гарантира, а кога е оставено доброволно, без гаранција, е тогаш е мој изборот.
Па нормално , тоа било епидемија од илјадници луѓе а ова е пандемија од милиони заразени и вакцини кои се дистрибуираат низ различни континенти. Никој не може да ги знае ефектите и ризиците од вакцината па така никој не гарантира 100% ништо. Не можеш да очекуваш некој да сноси одговорност ако од 1.000.000 вакцинирани , 1 или 2 развијат анафилактичен шок или други ефекти што како тригер фактор е вакцината. Кога треба да се оперираш потпишуваш согласност за анестезија и дека си свесен за сите ризици што може да настанат а хирургот и анестезиологот не сносат одговорност ако ти развиеш некоја состојба за време на медикацијата со анестетик или пак на хирушката маса... Што очекувате?
Абе златен Тито да воскресне со Југославија дали вака ќе ги молеше. Ама затоа останало епидемија. Па колешка моја доби анафилактичен шок од анестезија при царски, за малце ќе отидеше жената, ќе одговараше некој?? Тоа е, со секој лек има ризик од нус појава.
Ок, во право си. Ама си викам, нели се многу вакцините, 10тина вакцини направија. Се прашувам зошто толку? Навистина сакам да знам, зошто 10 вакцини, а не една? Или две максимум. Или ги направија во толкав број за сега да има опции народот. "Ти која ја одбра? - Фајзер. Ааа Фајзер силна реакција давала... Јас се мислам која да ја одберам, шо велиш?" некако ми е несериозно во тој дел. Едната е за нас 60 години, другата побавно развивала антитела, третата не знам што... Очекувавме една да склопат, кога даваа мали надежи дека би се направила вакцина, тие со 10 излегоја.