Операција без анестезија е невозможна, а без ковид вакцина и те како можам да живеам. Зошто да се изложувам на евентуален ризик од нешто кое не ми е потребно ?
A ако државата ти гарантира ќе се вакцинираш? И ако се вакцинираш и еве си една од тие, карикирам, 1% со нус појави, ќе ја тужиш државата, што ќе правиш, што добиваш? Башка, што си давате толку на значење, небитни сте/сме, капка во океан, каква гаранција барате.
Од толку многу уценувања и експерти доктори околу мене, искрено мислам дека нешто ми фали штом не сакам да се вакцинирам. За вториот дел со 5г, магнети и бајачки, што да ти одговорам кога не смести во некоја група веќе. Ти во која група си? Се вакцинираше поради тоа што така сака Вилипче или поради себе и другите да ги заштитиш? Ко на првата група делуваш да си.
21 век, технологија и медицина у пун ек, ама сега не ви чини што и повеќе вакцини се. Пошто ако беше само една сигурни ќе бевте и одма ќе се вакциниравте
Види пиле, ти ако мислиш дека си капка во океан и не се цениш јас сметам дека имам право на избор дали да се вакцинирам.
Ти праиш разлика меѓу краткотрајни и подоцнежни контраиндикации? Никој не збори овде за главоболка од вакцина, збориме за иреверзибилните ефекти, кај што не се враќаш во нормала. Ниту една операција не е задолжителна, имаш опција и да не се оперираш. Обврска е да ти кажат и кои се шансите за преживување, како од болеста така и од операцијата. После си бираш сам. Лекар не смее да те тера на ништо, против закон е тоа.
Ќе те разочарам ама во втората сум... Родители доктори имам што гинат во ковид центри две години, па они ме излажаја да се чипувам...
Ама што се жалиш не сфаќам? Не сакаш да се вакцинираш, изволте немој. Кое право на избор ти е ускратено? Досадно е едно исто се жалите, а избор имате
Бидејќи се работи за различни континенти , типови на вакцини а и профит. Сите тие компании или повеќето од нив произведуваат и други вакцини за грип и слични работи и ако е така треба 1 вакцина да има и за грипот ама тоа не е изводливо пошто има 8 милијарди луѓе на планетава. Ако произведуваше една фирма вакцини за КОВИД ние ни во 2022 немаше да добиеме една пратка вакцини.
Не ме разочара, баш напротив мило ми е што има некој кој сака да се заштити првенствено себеси и не се плаши да ризикува. Би сакала и јас да имам доверба во секого и да одам уште утре во 7 да се вакцинирам. Ова право на избор сигурно не мислиш дека ќе остане тука. Овие глупи мерки ќе продолжуваат да стануваат уште поглупи, па ќе зборуваме. Сеуште е рано сега.
Да, можеш да живееш , но вирусот како вирус освен болеста КОВИД предизвикува и други системски пореметувања што оставаат трајни белези кај тие што прележале па одат на рехабилитација. Губење мирис , вкус,паѓање на косата, ослабен капацитет на белите дробови а со тоа и намалена оксигенација на крвта се само дел од многуте последици после прележан КОВИД. А да не зборуваме што ќе се случи ако заразиш некој од твоите во поодминати години , доколку се со хронични болести.. Како што кажа и проф. Петличковски со научна студија е докажано дека вакцинираните иако можат да се заразат и да пренесат вирус , шансата е дупло помала отколку кај невакицнираните.
Да де, првин кампањата беше вакцина за да се спречи трансмисија и мутација, кога од тоа не бидна ништо, премина во, пак можеш да се заразиш ама ќе поминеш 'полесно', и да пренесеш.Кога и ова ќе падне во вода, а веќе паѓа на големо, на што ќе климате глава ?
Твитер исто е лом, не знам што е како оркестрирано е од еден центар. Измислени профили постираат ист пост.
Синовак е во процедура на признавање во ЕУ. идната година веројатно ќе биде.Јас сум со Астра Зенека па имам проблем не важи преку Commonpass.