А од каде ти знаеш дека одредена вакцина ќе има одложени иреверзибилни нус ефекти врз човекот. Мислиш тие што ја произведуваат немаат испитувања во овој домен и туку така произведуваат вакцини. Не постои вакцина која до сега предизвикала одложена реакција.Такво нешто не е докажано така да не можеш да даваш претпоставки тука. Колку само вакцини се направени во изминативе 100 години фала богу на никого не му израснале рогови или опашки. И да, ниедна операција не е задолжителна како што не и КОВИД вакцината (никој со сила не може да те седне на стол и да те боцне) со разлика што во вториот случај смее да ти забрани движење на одредени места каде си потенцијален ризик за јавното здравје во време на пандемија
Постои едукација и за вакцини, па пак не се решава проблемот. Премногу амеби. И не знам што сте се фатиле за човекот, аман, придонеси, направи нешто, биди и ти Гејтс па прави и ти што ќе ти текне.
Верувам, ама постојат и многу асимптоматски случаеви што се вакцинирани, зашто нели тоа е целта на вакцината.
Не! Целта е да не завршиш во погребално друштво ,,Божја Желба". Баш дека се асимптоматски, е одличен показател дека вакцината штити.
Целта е да го поминеш вирусот со полесни симптоми или да не завршиш под земја. Не по врат, по шија. Не можеш да знаеш кој каде ќе заврши следната минута, а камоли по примена магична вакцина.
Не знам како да ти одговорам...И не знам по кој пат е всушност одговорено. Целта е да поминеш со полесни симптоми и/или да не завршиш под земја. Но и факт е дека не знам што ме чека следната минута, 70% минимум ми се шансите за да не умрам од корона или пак да немам тешка клиничка слика. Не е дека верувам во Дедо Мраз и еднорози. Верувам во придобивките на вакцините докажани со децении наназад. Кога нештото е докажано и го гледаш real life и real time, не разбирам, што сакате да постигнете со вашето негирање на истите? Што ви е целта, замислата и општо гледиштето за справување со пандемијата? Ко преживи причаче или?
Ај вака, без иронија, спуштам гард. Стварно мислите дека некој прави завера и сака да намали популација? Со вакцина? Мислите нема полесен начин? Израелците кои се гледаат ко свет народ, и меѓу кои се нај богатите и нај влијателните љуѓе во светот, би вакцинирале скоро цело население? Свесни сте дека нај сиромашните и нај не едуцирани држави останаа без вакцини? Чипови има во вакцини? Магнети? На гугл, фејсбук и инстаграм му го имате продадено животот... отпечаток од прст сами давате, алгоритмите им ги храните со фејс рекогнишн...предикции можат да прават за вас пред да помислите на нешто.. Преку 5г ќе не контролираат? Стварно? Сопругот е еден од тие што работи на развивање на 5г, и ако не ме лаже, не е ништо поштетна од 4 или 3 г. Се плашите дека ќе умрете од вакцина, а не се плашите од самиот вирус? Знаете колку ДЕЦА се останати без едно белодробно крило (само овде кај нас)? Знаете колку ДЕЦА имаат развиено кардиоваскуларни заболувања по прележан ковид? ДЕЦА, не возрасни. Знаете дека кај голем број луѓе когнитивната способност е иста ко да доживеале мозочен удар? Знаете дека вакцината е нај истражен ,,лек,, што постои? Знаете дека за сите други лекови и хемии што ги пиете секој ден треба да се докаже само дека не се токсични? Ај малце бидете рационални и имагинацијата за геноцидот врз населението, канализирајте ја на друго место...можеби ќе бидете корисни за нешто.
Добро која е целта да не истребат? Зошто САД би ја истребиле? Цела ЕУ и ЕЕА? Канада? Британија? Зошто нив? Да сакаа да требат ваљда Африка ќе ја истребеа, или сиромашните во Азија, сигурно не Сингапур. Нема логика малце.
Нема никаква логика, во свет воден од профит. Ама тоа треба да разбираш макроекономија. Не е за секој.
Замисли, нас сакаа да нè чуваат, не ни даваа вакцини Ние па будали до секаде се молевме за вакцини, ова нешто ко самоистребување ќе му дојде
Му одговара на богатите да има што повеќе луѓе кои ќе конзумираат. Што е поарно: Да продадеш 1 милион мобилни годината, или една милијарда мобилни годината?
Тоа ми е поентата и мене, не гледам никаква корист од истребување на гигантите Или да следат некои состојби од вакцините што би ги направиле неспособни за работа, мислам, која би била целта? За 5 години да не постои САД? Или сите да се со некој дефект таму?
Колку? Дали не лажат со сите студии и анализи од УК до Израел, дека децата најчесто поминуваат асимптоматски? Дали сакаат да ни ги осакатат децата за кои ниту е одобрена ниту препорачана вакцина, и во Германија и во УК? Деца, до 12 години. Дали знаеш дека ова е класична манипулација и ширење паника. Најмалку бан заслужуваш @RainBow Претерувате и тоа big one.
Ја никаде немам споменато истребување. Самата кажа. Профит и ништо друго. Смешно е да верувате во филантропство од големците. Немаше милиони деца годишно да умираат од глад да беше тоа случајот. Филантропство преку вакцини, мај ес.
Ами дека ние сме антички ,вечни, може не чуваа. Откако ќе умрат сите вакцинирани ,од кај нас ќе започне новата цивилизација. Зошто и така сме на сам почеток ,до скоро со прст се потпишуваа,а сега тамам до Зоки Поки сме стигнати,практично совршени сме од кај нас да започне ,нов почеток, нова цивилизација
Кој верува во филанртропството? Бил Гејтс сеуште е милијардер. Не умира за јадење ни тој, ни неговите наредни 10 поколенија
Јас да знам во тоа главите што ви се дешава и кои параноични филмови си ги правите, 100 психијатри не ве спасуваат. Јас мислев јас сум паничар, ама вие туто комплето сте во таков параноја филм влезени, насекаде гледате дека некој сака да ве умре со вакцина, а да сакаше да ве умре немаше да ве влечка 2 години, брзопотезно директно ќе пуштеа вирус со многу поголема смртност. Ама не им одговара тоа, треба некој да им рмба, за тоа има треба работоспособно население, отворени граници и економија. Едни време мислев блазе вас, ама сега си викам па тешко ви било вас бе луѓе. Вие насекаде гледате зрачења, супстанци, штетности, сакатења, болести, сајд ефекти на 100 години и што уште не. Сто пати сте кажале по темиве некој медиумска параноја ви правел, не бе златни, вие во главата 1000 пати поголема параноја си имате направено од што беше направена во пандемијата воопшто. Како го живеете животот да знам во паника и дали вреди тоа пазење од се. Ај исчилајте малце сите.
Минатава недела починаа 25 лица од ковид-19. Од нив: 25 биле невакцинирани 0 биле вакцинирани Пак вие не се вакцинирајте.
Нит ми е намерата да манипулурам, нит пак да ширам паника. Се приклучив на форумот од револт од небулозите што ги читав. И пропагирам за вакцини, да, зошто и ја имам деца и сакам да ги заштиам..а во моментот за они да се заштитат единствен начин е возрасното население да се вакцинира (се додека не излезе истражување дека се безбедни за деца под 12 год.) Јас се вакцинирав, и да фатам ковид ќе куртулам...а децата што со нив? Ќе играме руски рулет...можда асимптоматски, можда не... И како вие што викате кој ми гарантира за вакцина..така мене кој ми гарантира дека детето ( за мене дете, за друг родител, брат, сестра) ќе ми помине асимптоматски? А што ако има последици? Кој ќе одговара? Ти? Зошто уопште ова да се дискутира, кога решението го имаме?
Вие што сте загрижени поради некакви нус појави од вакцините, би сакал да ве охрабрам со следново: Нус појавите се ретки, толерантни, минливи и не се ништо во споредба со „нус појавите“ што ќе ги добиете од вирусот. А вирусот СИГУРНО ќе го добиете, кога тогаш. Не можете вечно да се криете од него. „Нус појавите“ на вирусот се чести, тешки, сериозни, некои и долгорочни, а некои и смртоносни. Многу од тие што преживуваат се жалат на намалена кондиција, чест умор, намален капацитет на белите дробови (поради фиброзни сврзни ткива предизвикани од вирусот), а многу се жалат и за нарушен сон, депресии, анксиозност. Верувајте, подобро да добиете малку црвенило на рамото и температура 38 степени што ќе ви помине за еден ден, отколку ова што ќе ви го сервира вирусот.