Денеска замина засекогаш една прекрасна особа од болест чиј тригер е според докторите прележаниот ковид...После короната глава не кренала а никој не помислил дека не е само посткорона туку се активирала др. болест и касно утврдена права дијагноза доведе до катастрофа.... Ама не ,битно да не не чипирале ние битните фаци овде... Каде ,каде замина онаа наша интелектуална популација? каде олку затупевме...
Ама не сфаќате, они од нога го минале со аспиринче, ништо страшно. Тоа лошите работи од вирусот кај други се дешаваат. Не сте приметиле како 90% од луѓево кои се против вакцинава се прележани и тоа лесно? И да, се согласувам дека вакцината не е за секој прележан, и дека треба да се следи имунитетот на прележаните. Ама таа генерална антикампања и припотресување на зборот вакцина за ковид општо не можам да ги сфатам, па уште ширење црни сценарија за хипотетички последици после 5 години, кога секако и нив им одговара непрележаните да се вакцинирани, епа не можам да разберам. Кој не видел како изгледа само и средно тешка форма на ковид и кој не видел што сѐ се случува после и колку месеци лечење испаѓа отпосле, ќе пропагира тука натуралистички идеологии зошто ја имал таа среќа да не се увери сам дека болеста не е фарса и може да си живее во некој имагинативен свет што сам си го креирал. Фино е вака ко бројка кога ќе чуеш 200 оздравени денес, ама колку од тие луѓе се со последици, колку уште месeци и месеци поминуваат во анализи и дополнително лекување. 30 годишни на физиотерапија одат зошто се атрофирани и со проблеми со циркулација во екстремитети. И сега ќе ме обвинат за ширење паника, ама пак ќе речам, среќен е тој што се допазил, среќен е тој што не изгубил никој, среќен е тој што не видел како е. И јас сум среќна што досега не прележав. И не се должи ни на некој си имунитет голем, туку на многу откажување во последните година и пол. И затоа може и треба да размислат луѓето дека нивната позиција на комфорт работа од дома и слично луѓето генерално веќе ја немаат, и дека најмалку што можат да направат кога веќе се решиле да не прават ништо за колективот е да не шират неточна пропаганда и небулози дека 1636272722 умрени имало после вакцината и дека вакцините не се тестирани на животни пример. Колку треба да си неок да си измислуваш факти за вакцина оти тебе лично не ти се свиѓала за да паничиш некој друг што се решил да ја прими? И не зборам за нормални дискусии за сајд ефектите, кои е добро да се знаат.
нека е лесна земја баш ми е жал, затупевме уште од времето на турското ропство, интелектуална популација кај нас??? Хммм
Ако некој не знае како изгледа тешка форма на ковид нека ми пише. Да им објаснам како е да плачеш по телефони и молиш доктор да оди да го види, да ти кажуваат дека треба да се поздравите зашто нема да преживее зашто нема место на интезивна, да фаќаш врски да го префрлиш во приватна болница ама ни со врски нема место. Да ти застанува срце секогаш кога нема да ти крене на телефон зашто не знаеш дали е жив или мртов. Слободно нека ми пишат да им објаснам како настинката со 1% смртност може да ти сјебе живот за една недела. Ама не, слободата, човекови права, мое тело моја одлука, Нимбершки суд, Бил факинг Гејтс. Оние со 5г и требењето и труењето не сакам ни да си признаам дека делам воздух со нив.
Прости се, овие антиваксериве се ко некоја секта-култ што подалеку од славици и милкици од свирипичовци Туку сакам да прашам јас сум акцинирана со фајзер, дали морам да носам маска во маркети,банки, кафиќи и сл? И дали при влез во Еу ке морам да правам пцр тест?
Маска и дистанца во сите затворени простории. А за влез во ЕУ не е потребен пцр. Само ќе си приложиш сертификат од вакцинацијата.
Одговарала Југославија за последици. Мислам на темава вакцина нема што веќе да се коментира...исто како со ѕидови да зборуваш.И џабе се трудите да објасните, ако некој не сака да разбере нема да направи простор во мозокот за нова информација и точка. Само жал ми е за луѓето што се стварно исплашени и се двоумат, а сепак се трудат да го слушнат тоа што е релеватно, зашто да паднеш на првата теорија на заговор е налесното нешто.
Јас се вакцинирав пред недела дена не осеќав ништо ни тогаш освен минимална болка на местото на вакцината но помина за брзо, ниту пак сега осеќам симптоми но немав ни страв од тоа дека ќе ми се деси нешо ,како моите пријателки кои што реагираат бурно и се плашат дали би преживеале доколку ја примат вакцината.
И мене ми беше страв ко се вакцинирав. Од се' што имав прочитано, ништо чудно. Ама отидов, оти логиката ми кажува дека поголем е ризикот ако се заразам. Двата со маж ми сме со коморбитети. Не дај Боже, детето ќе си го остајме без родители. Ниту ние, ниту било кој од тие што ги знам и се вакцинираа, немаа никаква подраматична нус-појава од болка во раката и малаксаност. Во четвртокот и ќерка ми прими прва доза на фајзер. 15 години има. Ко за секоја друга болест, така и за оваа, вакцината е превентива. Не е гаранција за бесмртност, ама со нејзе, поголеми ти се шансите да ја преживееш пандемијава, отколку без нејзе. Кој сака да умри? Никој! Навистина ширите паника со непроверени муабети, со пренесување информации од рекла-казала.
Исто и јас како тебе се изначитав све и свашта пред да одлучам дали да се вакцинирам. Прво дека сум доилка имам 6 месечно бебенце,но не сакам да го поминувам пак истото како Април оваа година,маж со три негативни теста,а со симптоми на ковид,јас и бебе фала богу добри бевме,смрт на свекрва поради ковид,татко позитивен,девер,свекор,маж во болница во Ск. 21 ден на кислородна поддршка,јас сама со три месечно бебе многу добро знам како сум издржала,пеколен беше Април за мене,а верувам дека и во многу семејства. Се вакцинирав не за да можам да шетам по кафани ,кафичи,туку да се заштитам барем малку,евентуално да поминам лесно доколку се случи нешто,знаеме дека нема 100 % гаранција во ништо. Вчера се вакцинирав,добра сум,освен благи болки во раката.
Редно е да престанат поединци да мислат оти вакцината ги прави бесмртни. Мило ми е што се воведе ваква мерка со потврда за вакцина оти надвор од контрола излегува ова, како што е веќе во Тетово со свадбиве и надојдениве од странција.
Имам едно прашање.Се вакцинирав и сега не ми е јасно каков е тој електронски сертификат што нели треба да го прикажеме кога ќе влегуваме во некој објект. Треба да го скенирам листот што е како потврда за вакцина или има нешто друго?
Го симнуваш од vakcinacija.mk. И можеш или да го испринташ или да го имаш во пдф на телефон па така да го покажеш што е мислам попрактично, нема да го забораваш никогаш.