Можеби затоа што никој не ме тера да земам лек ако немам болест. И затоа што никој не ми бара потврда дека сум го испила апчето за да одам на фитнес на пример. Или на доктор можеби И пред да се напијам апче, читам несакани ефекти. Да повториме дека вакциниран, не значи дека нема да се инфицираш, или тоа е јасно? Ако е така, вакциниран не значи дека не си потенцијален преносител. И сега, тие рестрикциите за невакцинирани се уствари со каква цел? За сите вас што сакате да се вакцинирате, ќе има вакцини, ич не се потресувајте. Да не испадне дека ќе треба да се фрлат, и тие малку, скапо платени вакцини.
https://cmajnews.com/2020/12/23/naci-1095914/ @Biljarkata јас не сум анти ваксер ама од почеток навивав да сенајде лек, а не да се ослонуваме само на вакцина. Ама изгледа за бизнисот попривлечна е вакцината.
Улогата на вакцината не е да третира болест, туку превенција, односно спречување на ширење на заразна болест. И се додека станува збор за заразна болест, треба да се бара потврда, за да се има во предвид дали си потенцијално ризична за ранливите катргории во општеството. Side effects и за вакцините се обелоденети пред јавноста. Слободно може да ги прочиташ. Чисто се сомневам дека читаш side effects пред да земеш антибиотик. Што убаво си течи дискусијата, одма не подели на наши и ваши. На такви што ќе се вакцинираме и такви што нема да се вакцинираат. Подмукло .
Времето е кратко ама и не е. Во САД на еден универзитет овој тип на вируси се истражува мин. 28 години. Ексклузивни права на истражувањето има откупено уште лани во јануари една компанија која впрочем и беше од првите кои ја создаде вакцината. Кога имаш доволно информации за вирусот и парични средства не мора да ти требаат 50 години во 21 век да создадеш соодветна вакцина. Вакви факти за жал за многумина не се релевантни.
Фала ти. Го имам читано истово ова, ама веројатно е нешто апдејтирано. После ова ќе размислиме дали да прими мРНК вакцина ако има можност, или да чека некоја постандардна, како Спутник или Синофарм. Ако има можност, веднаш би ја примила Синофарм, а се надевам дека ќе има можност. Заев вика де ваксајнс од Фајзер можно е да стигнат нареднава недела
И јас не сум анти-ваксер ама на олкав притисок и перење мозок, не можеш да не се запрашаш втф се случува. Не знам медиумски како е кај вас, ама нас секој ден утре го чекаме крајот на светот, и се нови и нови глупости туркаат. Лек наводно имаат израелците, баш да видиме што ќе излезе од тоа. @Peperutce1115 прочитај ја барем цела оваа тема за да видиш колку сум прочитала. И да повторам- вакциниран, не значи дека нема да се инфицираш. Ако е така, вакциниран не значи дека не си потенцијален преносител. И сега, тие рестрикциите за невакцинирани се уствари со каква цел?
Ана магично извртуваш муабети, никаде ама баш никаде не пишувам дека одлично се справуваме, туку целиот тој хаос кој го има овде, го има во цел свет. Како да ти објаснам, цела фамилија ми е болна. Чекаа продолжен викенд да помине. Овде барем можеш крвна слика и димери на приватно да провереш. Матичен ти е достапен. Имам двајца родители кои што итно мора ртг и кс да прават, еве вртат, ама не може да добијат. Поентата ми е, нема здравствен систем кој не потфрли, а ние цело време тоа правеме, бараме вина некаде. Јас само велам пак имаме среќа што некои испитувања ни се полесно достапни. Мајка ми е 5 дена позитивна со хронична пневмонија и куп други болести оставена со витамини кои САМА си ги купи. Звучи познато нели? За вакцините се согласувам со тебе. Скептик сум, и не се вакцинирам. Ко што кажа една стрептокока какви се последици предизвикува. Премногу политика има во целата работа.
Од форумот се информираш? Мене форумот не ми е релевантен извор на информации. Читам новости на pubmed, uptodate, medscapе итн. Ја немам ништо против тебе, ти целосно имаш право да си оформиш мислење врз основа на тоа што го читаш. Но, професионалец од областа, секогаш ќе има повеќе знаење од непрофесионалец. Не е исто да барам правни совети на форум со одењето на адвокат заради судскиот спор. И не е исто барањето совети за здравјето на форум и одењето на лекар (ова дури може потрагично да биде од тоа со адвокатот). Се надевам ме разбираш што сакам да ти кажам . Не значи дека нема да се инфицираш, ама со сигурност голем е процентот дека ќе ја пребродиш болеста полесно отколку доколку не си вакциниран. Секако, постои простор и за мал број исклучоци како и кај секоја вакцина, како и кај секој лек. Значи зборувам за мал процент, па да не речам занемарлив.
Мислам дека самиот збор вакцина, благодарение на модерниве движења, создава одбивност.Вакцина или лек, и двете може да имаат несакани ефекти.Ама дека лекови користиме на широко и постојано, па нема толкава драма кога ќе се спомне лек. Бидете благодарни што се измислени вакцините.И оние што викаат сигурно е план за намалување на населението, нека погледнат во историјата да видат што значи живеење без вакцини и што е вистинско намалување на населението. И јас не сум фан на условувања, воопшто.Мислам дека еднаш пишував за тоа.Ама реално, како ќе се вакцинира поголема бројка на луѓе ако не постојат услови? А крај на пандемија не може да се стави ако се вакцинираат само некои 10%. Го разбирам и сомнежот, нормално е сите да се сомнемавме по малку бидејќи целава ситуација е таква каква што е(ништо против вас)ама надвор од форумов најгласни против вакцинирањево се оние што немаат поим што зборат и 90% од времето шират дезинформации.Такви луѓе не може да ми одлучуваат за иднината.
А не. Кај нас медиумите секојдневно рапортираат за проблематиката со тоа што ние немаме вакцини, а цел свет има. А, и пописот . Тоа е кај нас, евридеј
Не ме разбра очигледно, не сум јас против вакцини, да нека има, но убаво би било да има и лек, зашто не секој ќе биде кандидат за вакцинација, а вирусот може да е фатален за него.
Тоа ни е јасно на двете. Е уште не ми одговори зошто јас вакцинирана, со потврда, имам право да влезам во авион, а некој без потврда не? Секако можам да бидам инфицирана (тоа е веќе и практично потврдено кај вакцинирани случаи), значи можам и да бидам инфективна. Или?
Затоа што како што кажав мал е процентот дека ти ќе бидеш високо инфективна за околината ако си вакцинирана. ЗАНЕМАРЛИВ. Многу помал во споредба со некој што не е вакциниран и претставува потенцијална бомба за околината. Улогата на вакцината е да го поттикне организмот на борба. Го подготвува да се бори со вирусот. Занемарлив е процентот на лица кои ќе имаат послаб имун одговор, во споредба со оние кои ќе се изборат одлично со вирусот после примената вакцина.
Па ако не се попишете, како ќе знаат кого да вакцинираат? Не, нејќам да зборам какви глупости туркаат овие моиве, доволно си се нервирам интерно Со вакцините во Европа се виде, за едно 2-3 до 5-6 години ќе биде Дотагаш ПРЦ
Да не цитирам све, кој сака ќе прочита. Искоренувањето на многу болести и до сега е резултат на вакцинација. Затоа што освен што така се штитат луѓето, се штедат и пари (верувале или не). Да, вакцините чинат пари, и е бизнис, а што мислите лечењето ковид, посебно во болнички услови е беспари ? Имаше пресметка дека еден пациент ја чини болницата во просек 1000 евра со сите лекови, храна и потрошни материјали. Болните од ковид во просек лежат 22 дена во болница. Не плаќаат ништо. Каков бизнис е продажбата на сумамеди, панцеф и шака витамини кои се изгор скапи? Во моментов има повеќе вакцинирани од заразени лица на светско ниво. Колку смртни случаи има како резултат на вакцинацијата? Колку како резултат на ковид? Колку има со трајни последици со ковид, колку со вакцинација? Може до утре да збориме дека све е бизнис, дека Цацко е крив, дека ќе сме биле обележани како Евреите ама факт е дека цел свет е во проблеми ради ковидов и вакцинација (како и за сите епидемии до сега) е единствено решение за да мрднеме од 0 точка. Инаку @An-na, зошто знам што се последици од стрептокока, рота, морбили и други болести, детето ми е за се вакцинирано. Зошто верувам во наука и медицина заради која денес животниот век на луѓето е многу подолг од 40 години.
Прво, сите пријавени смртни случаи „од„ Ковид, не се од Ковид. Второ, смртни случаи кратко време по вакцинација не се сметаат дека се последица од вакцинација, оти , стари биле луѓето, болни, итн... Двојни аршини Страшно, ама страшно извртување на вистината и манипулација ни се слчува. На светстко ниво. За стрептокока, детето ти е вакцинирано за пнеумоние, а што правиме со пиогенис? Која е поопасна според мене. Да не ме направите антиваксер, не сум. Верувам во вакцинација, ама ова упорно форсирање на секаков можен начин со сомнителни (или барем непроверени) вакцини ми е Прееска ко да наслушнав на радио (треба да ѕирнам дали има поопширно инфо за ова) дека Израеал тврди дека дури и цела популација да се вакцинира, нема да има колективен имунитет. Чуму вакцини тогаш? Нели е подобро да форсираат лек, отколку вакцина во оваа фаза? И за крај @Biljarkata има едно сосема легитимно прашање чиј одговор и јас сакам да го знам.
Еве го Израел Анче, https://en.globes.co.il/en/article-israel-will-not-achieve-herd-immunity-against-covid-19-1001359362 Стално некои проблеми, мнмн...