Овие антиваксерите треба да се соберат на куп и да им се додели некоја територија, по можност остров некој за да бидат што поизолирани од другите, па нека си го стават Мирољуб Петровиќ фрикот за поглавар и нека лечат и корона и рак и морбили и туберколоза и прснато слепо црево со тинктури од камилица и бел слез, да не им ги полнат џебовите на фармацевтската и медицинската мафија.
Најголем дел први се врски да фаќаат кај тие што ги плукаат. Дека не им спотребало нешто, затоа само јадат трици по интернети. Да им притреба, одма ќе почнат врски да фаќаат по доктори. И јас познавав таква една, натуралист, притисок качи и не праша што нус ефекти имаат тие за симнување. А дотогаш баш за тие за притисок апчињата се утепа во зборење нешто за калиум во организмот што сѐ правеле, требало лук да се јаде. Не им одговара нив изолиран остров и за тоа најголем дел се свесни.
Zdravo aj ve molam za pomos, zavcera se vakcinirav do Pfizer i deneska ne mi e vo red voopsto imam temperatura mnogu i si napraiv eden domasen test.. slika vo prilog . Dali e pozitiven? I dali mozda pokazal pozitiven od vakcinata ili sum se zarazila ?
Тестот е позитивен Вакцината не може да покаже дека е позитивен, така да најдобро е да си закажеш ПЦР или брз во лабораторија, да си знаеш најсигурно, затоа што овие тестови може да бидат и (ретко) неточни. Со помин, се надевам дека ќе бидеш негативна.
Позитивен, заразена си вакцина не те покажува позитивна. Оди да ти закажат пцр, изолација, терапии се по ред. Пред вакцина тестирајте се. Да не дојде до вакви работи.
Не знам за тоа правило. Искрено. Јас пред да се вакцинирам се тестирав, правев и антитела во случај да имам, црп и дд мери на предлог на матична. Кога се тоа излезе во ред, (тест и антитела негативни) јас се боцнав. Зашто вакцина, пкус активен вирус или антитела јаки не е баш препорачливо. Од 1 доза до две недели после 2ра доза максимално се пазев, значи работа дома, маска нон стоп, мешање во гужви ич.. и така. Е сега не сум испитала антитела од вакцина од немукает.
Затоа пред болниците има цркви. За да се помолиш на Господ да ти помогне. Докторот врска си нема, каква медицина, какви бакрачи.
Се едни исти на темата.Ништо корисно неможе да се прочита сем иронии,подсмевање и сарказам. Земите пример од членката погоре која е вакцинирана на слепо.Ем вакцина ем вирус.Супер.И ова не е един случај.А криви се неспособните ни матични кои врска си немаат од животот.Ќерка ми пред 13 год кога ја носевме на вакцина не ја вакцинираа ако имаше растечено носе,алергија,покачени леукоцити.Не враќаа назад.Дете од пријателка е со малигнинтет од бебе.Исто не дадоа да се вакцинира.Ова мислам е едина вакцина која се шиба на се живо и диво и нормално без претходна било каква проверка за здравствената состојба на луѓето. Јас сум бремена и по совет на двајца гинеколози несмеам да се вакцинирам.Ми рекоа да чекам да се роди бебето здраво право а до тогаш да се чувам колку можам.Верувам имаат причина поради која ме советуваат да чекам. И верувам дека сите од нас го посакуваат најдоброто за себе си.Никој несака ни да е болен а уште помалце да умре.Го разбирам и стравот кај повеќето од луѓето затоа што сето ова испадна една огромнаа мешаница . Од пријателка татко и е во Гв на инфективна со тешка клиничка слика и две дози примени.Во Штип вчера од 19 хоспитализирани дури 7 се со две дози вакцина,што реално ич не е мала бројка.Пошто нели тоа беше/е целтта на вакцината.Да ја примиш ама да не завршиш до инфективна.Епа реалноста прикажува друг биланс. Затоа смалете сите малце доживљај оти навистина никој од нас незнае во кој правец ке се одвива сето ова во иднина ни за едните ни за другите.И од мн удирање во гради фајде не се видело
http://www.sinovac.com/product/product.php?class2=162&lang=en Чисто информативно до сите што се скептици за вакцините и до сите што мислат дека овие вакцини не се квалитетни воопшто. Еве линк за сите вакцини што ги има произведено Sinovac Biotech Покрај актуелната против SARS Cov-2 официјално пуштена во употреба во 2021, имаат произведено вакцини и против Ентеровирус тип 71 во 2016 година , Хепатитис А во 2002 година , комбинирана вакцина против Хепатитис А и Б во 2005 година , три различни вакцини против вирусот на инфлуенца (грип) , 23 валентна пневмококна вакцина во 2020 , вакцина против варичела или сипаници во 2020 година и против заушки во 2012 година. Интересното е дека најголем дел од вакцините (ако не и сите) се произведени со инактивирање на вирусот т.е инактивирани вакцини. Имаат и голем број студии од самата компанија и голем дел од вакциниве особено новите за ентеровируси ги одобриле и за деца од 6 месеци па нагоре.
4 светски сили, 4 сили во кои жариштата на ковид-19 беа најголеми и од истите нив се проширија низ цел свет, 4 сили кои создадоја широко достапна вакцина САД; Русија; Кина; Британија. На кого ќе им веруваме?