@joy1 апсолутно се согласувам дека многу на слепо се боцка. Погоре напишав што се испитав пред да се боцнав на предлог на матична. Значи не дека Нена гугла па ајде ќе троши пари. Бидејки немам родено по консултација со гинеколози и тука и од странство добив зелено светло со услов да се пазам барем 2 месеци да не останам бремена. Зашто како не прашував. Им верувам, си ја знаат струката. @quattro тие имаат ресурси. Ние респиратори немавме.
Од оние кои се вакцинирани со две дози и повторно се заразиле дали има луѓе со тешка клиничка слика? Каква е состојбата - зошто како што гледам се зголемува бројот на вакцинирани и повторно заразени.
Многу беше во право. Уште кога ги дозволи веселбите во затворено напиша и кажа дека тоа е грешка.Не го послуша Филипче,си ја тера агендата.
Оние што јас ги знам се асимптоматски или со симптоми на обична настинка. Познавам со различни вакцини и на различна возраст, со и без болести. Од Охридската болница ми е пренесено дека оние кои се вакцинирани, а се хоспитализирани се со видно полесни симптоми од невакцинираните хоспитализирани, од кои (речиси) сите се на кислородна поддршка.
Хоспитализираните вакцинирани биле со полесна слика од невакцинираните хоспитализирани, не дека се без симптоми или со симптоми на настинка (тоа беше од мои лични познати случаи). Инаку мислам дека главно поради температура која не спаѓа, или лица кај кои може да се очекува влошување (постари и тешко хронично болни), додека има(ше) капацитет.
Туку како да ги сфатам сериозно и да не сум саркастична кога шеруваат на Вибер некоја порака дека на протестот ќе имало инфилтрирани вакцинирани и ќе им пренесувале антитела, да се пазеле. Озбилна сум.
Стигна во група на Вибер од жена што скоро сум сигурна дека ќе оди, нон стоп споделува нешто анти вакциниве. И за зезање да им го направиле, очигледно си го споделуваат и си веруваат. Буквално пишуваше ќе има инфилтрирани тазе вакцинирани.
Не, се ширеле антителата на 2 метра. Мислам дека некој за тролање им го има направено, ама си веруваат и си го споделуваат. Буквално беше внимавајте и држете дистанца заради антителата од тазе вакцинирани инфилтрирани на протестот. Да држеа за вирусот така дистанца ќе го снемаше досега. Еве не знам, се збунив тотално што прочитав.
Јас сум сигурна дека ова бил некој сарказам и зезање од некој, ама си веруваат и си споделуваат. Еве го и на твитер го објавиле: И ајде сега, како да сфатиш озбилно било која поента од човек што верува во ова?
да не мислат дека антитела се нешто неубо па затоа 2 метри дистанца? Вели "тазе вакцинирани кои СЀ УШТЕ можат да шират антитела со цел да ги пренесат..." Дефинитивно писателот верува дека антитела се нешто опасно.
не се секирајте ова ниој нормален, не би гонапишал само оние кои што користат дезинформации за да побијат протестот, а цела европа протестира ги тепаат со гумени куршуми со водени топови а најмирните протести се, со кренати раце одат овие ги млатат ко говеда, само тоа на версти никаде нема да го видите. на протестите се приклучени пожарникари доктори, полицајци кои одат во цивилка и обични граѓани како и научници и профеосри од сите области. се разбуди европа но Македониа уште спие. Всушност вакви такти на побивање и растеретување на протести со дезинформации за самите протести ни се добро познати и во минатото и за време на едната власт и на другата, тоа ти се стратешки полиички потези, само к читал ќе знае кој не ќќе тресе зелени. ваше тело ваше право да си внесете отров во телото, а тоа што вакцинираните се заболуваат и шират болест тоа е факт, остајте овие саркастични коментари кои некои намерно ги споделува за да се имсеваат демек на анти ваксери? (Антиваксери а до 18 години сите вакцини ги добиле е ај оди најди му ја логиката, не се анти ваксеи туку се против оваа вакцина непроверена од кои и заболуваат и умираат здрави луѓе после неколку дена од примање а претходно биле здрави и прави) https://www.facebook.com/100017598947452/videos/402794367844513 еве едно видео да си погледате да си разберете (знам дека нема да го изгледате но тоа е исто ваше право ваше тело ваш избор)
Абе ние знаеме тој што го напишал за што го напишал, туку овие што екшли поверувале не можеме да сфатиме Туку кај сте вие што реагиравте на ширење паника вчера. Ова не го пријавувате, не тагирате реинбоу нешто? Не а? Арно бар си знае дека никој нема да кликне на видеото, бар тоа.