Да беа доктори со етика ќе ти дадеа ослободување после таа твоја реакција. Се надевам се среди состојбата. Оти мислам дека ти си една од оние, кои не можат да бидат вакцинирани од здравствена причина. Е за заштита, мислам реална, не ,,папиролошка, , не знам. Провери антитела?
Не сум проверила, ама не верувам со една доза дека имам имунитет. Ќе проверам прво антитела па ќе видам што ќе правам и што ќе ме советуваат.
Со матичниот официјално пријавете несакана нуспојава. И барај му потврда дека поради тоа не си требала да примиш втора доза. Има доста со една доза да се надеваме ќе го вклучат паметот .
Колку што знам не е дозволено мешање на вакцини кај нас, бар за сега. Види прво испитај антитела чим си имала бурна реакција, ако ти се над референтна вредност немаш потреба од други вакцини. Сепак за оваа состојба научната фела се уште нема баш многу информации па затоа не се практикува кај нас. А претпоставувам ако ти дадат Синовак ќе треба две дози бидејќи се сосема различни со Фајзер и само ќе си ја искомплицираш работата. Мое мислење.
Да, би требало да е ослободена... ама за да се заштити "реално", треба другите да се вакцинираат. Тоа се вика општествена одговорност. Ама со вакви амеби пред влада, никад нема "реално" да е заштитена.
Мислам дека ќе можеш да се вакцинираш, ама прашај доктор најдобро. Познаничка прими само една доза кинеска, и поради бременост во меѓувреме и кажаа втора доза фајзер (веројатно бидејќи само таа е одобрена за трудници) Најдобро е да прашаш некој стручен.
Kako bre pocnale da mesaat vakcini kaj nas i toa eksperiment kaj bremeni! Jas sum vo Swiss, uste ne sme pocnale mesanje na vakcini, a bremenite odat so Fajzer, ali i prva doza im e fajzer. Vo slucajov prijatelkava tvoja izmesala kineska i fajzer? Jas imam dve prijatelki ostanaa bremeni izmegu dozi so kineska i si pustija i kineska vtora doza i se super.
Не знам дали кај нас мешаат, девојката живее во Србија. Пренесувам тоа што знам. Затоа и напишав дека е најдобро членката да побара стручно мислење.
Јас на твое место не би ги комбинирала вакцините. Освен по препорака на стручно лице, согласно твојата индивидуална ситуација. Повеќе мислења ако треба. Ама треба да знаеш дека во врска со ова, се уште нема ништо официјално. Се работи за скроз различен тип вакцини. Млада си и верувам дека имаш антитела и од една доза. Провери си. Земи потврда од доктор дека си ослободена од втора доза поради потешки несакани реакции. Не верувам дека си единствен случај и затоа ова треба да се реши соодветно. Исто и за трудници или имуно загрозени индивидуи. Така е за сите други вакцини. Тие со потешки реакции од прва доза, треба да бидат ослободени. Здрави прави луѓе не се вакцинираат заради 5г и слична нарација, а на штета на тие кои не смеат втора доза или оние кои не смеат воопшто да се боцнат. Треба да рипне вакциналниот процент кај другиве. Не треба ти да ја плаќаш цената за тоа и да боцкаш втора доза со такви реакции како што имаше.
Немаат сите вакцинирани антитела. Тие што се со Синовак или Синофарм вакцинирани им ‘исчезнуваат’ антителата.
Нели има и таков имунитет што не се тестира. Клеточен, како се вика? Сите го имаат тој. Се' додека некаде во твојата ДНК е 'запишан' кодот на ковидот, имаш имунитет. Пишав и вчера; Децата кога ги носиме на редовна вакцина, после тоа им проверува некој антитела?
Јас мислев пишуваше за имунитет што се стварал од вакцините. Тогаш во право си. Има имунитет ако прележала ковид.
Ах! Сега ќе почнат да пазат Си знајш ти. Коски остај на темава И за вакцините исто важи. Симулација на услови на зараза е вакцината.
Не важи исто и за вакцините. Има многу луѓе со нула антитела и по вакцина. Не измислувам ништо, ако си и ти доктор би требало да го знаеш тоа.