Ја не знам антиваксериве - зошто не одите по ковид центриве да волонтирате..и така фали кадар? И така сте против вакцини, фурате природен имунитет..ете ви шанса.
Па не баш. Ова го пишуваш, додека пола од вакцинираните во РСМ се вакцинирани со една од овие. Знаеш која паника е тоа што ја шириш? Има луѓе што не се вакцинираат, да. Ама смешни се тие како вчера на протестот што беа без маски, горат маски и со пароли дека докторите се убијци. Извини, ама смешни се.
Леле, се измачи, ама прочитај прво убаво. @WildMk пиша во ДНК е запишан кодот на ковидот и ме демантираше.
А, од каде дојде ти до тој фамозен заклучок дека баш тие вакцинираните со Синофарм и Синовак ќе им исчезнат антителата? Инаку прочитав се, без гајле
Здраво Сакам да ве прашам во врска со вакцинава. Дали од ваше искуство или од искуство на ваши познаници, имате информација за тие што немаат родено а планираат да станат мајки наскоро. Ако примат вакцина после колку време може да се размислува за бебе?
Разбрав тоа ама кој е со хронични, кој без. Да не испадне вакцинирани починале без претходни состојби. Ни возраст, ни тип вакцина, ни кога биле вакцинирани... Јас па аналитика чекам, богдачува Страшно за ситуацијата, ми е зборот, ич не е под контрола
Во анализата претходно објавена беше напоменато дека се земени во предвид вакцинирани лица кај кои поминале две недели од втора доза. Може затоа ги немало во листата
Здраво. Сакам да прашам дали некој можеби знае, дали возрасен 60г. строго мора со Астра Зенека да се вакцинира или може да одбере и друга?
Татко ми е 61 година и не му дадоа право на избор, иако прашал. Ама одлична е Астра, не се грижи. Само после првата доза имаше ден два несекани ефекти како температура, треска, болка во местото на апликација, ама ништо посебно, за два дена како нов беше. После втора доза буквално никаква реакција.
Има ли испитано димери и антитела после тоа? Викаат кај некои што биле склони кон згрутчување на крвта димерите им се покачувале од таа вакцина.