Немам зборувано со матичната бидејќи до скоро користеше годишен одмор, ќе се консултирам секако и со неа, но како што кажав не се брзам за вакцина бидејќи анксиозноста во мене преовладува и ме тера на долго и широко да мерам и премерувам се.
Ако сака некој да не се вакцинира не мора. Ама прво нека ја види целосната слика. Како ќе се чувствувате ако поради тоа што не носите маски, си терате свадби со 200+ луѓе и останати постапки можеби сте се заразиле ама немате симтоми и вирусот го пренесете на своето или друго дете? Прашајте ги мајките чии деца беа болница како им е. Прашајте ги колку солзи пролеале и колку време се опоравуваат тие дечиња у какви последици имаат. Ако не за себе да мислиме на најмалите.
А па матичните што се цвеќе за мирисање(со цела почит на исклучоци ) и познато ни е колку се грижеа и колку им беше гајле за пациентите лани кога уште немаше вакцини ,не се ни јавуваа на тел да ги прашаш за совет а камоли да те прими..многу луѓе за жал завршија со тешка клиничка слика баш поради неможност да стапат во контакт со матичниот. Ако си болен не ми доаѓај во амбуланта може и мене да ме заразиш им беше најчесто одговор на повеќето ако успееш да ги добиеш.Така да и сега за совет околу вакцини не очекувајте многу
Испадна задолжителна вакцинава. Не е во ред вака. Забранет влез на одредени места/објекти, ова е дискриминација. Па уште за работа ако условуваат
Жал ми е за сите оние кои одат да се вакцинираат поради новиве мерки на владата. За тие што доброволно отидоа уште пред меркиве, не ги коментирам нив воопшто.
И тие од прележаност се смалуваат. На маж ми му паднаа од 10 (одма по прележување) на 1,18 (некои си 6 месеци по прележување). Брат ми имаше само 2,5 кога се пријави да дарува плазма (во временскиот рок кога може да се дарува плазма) и му рекоа нема да биде добар донор. Комшивката исто (она во тој период имаше само 2). Сите бевме со лесна слика. Затоа сите ние фино лепо си отидовме и се вакциниравме. За да бидеме сигурни. Така и лекарите ни препорачаа. Ние тие што ги знаеме сите така ни рекоа (еден педијатар, двајца матични лекари, еден инфектолог, еден интернист пулмолог кој скапа во КОВИД центар и еден рендгенолог кој исто скапа со КОВИД пациенти и кој прележа КОВИД во Декември и се вакцинираше во Февруари, еден алерголог зашто имаме истории на алергии, еден гастро хирург кој работи во Италија, тројца доктори од Србија кои ни средија за вакцинација и две медицински сестри. Мислам дека толку беа може и повеќе беа зашто прилично прашувавме баш заради алергиите). Одговорот на сите им беше што е сигурно сигурно е. Еднаш се изгоревме на топло млеко сега и на кисело дуваме (а првиот пат не ни знаеме од каде ни влезе КОВИД, ние знаеме зашто мајка ми го чуваше детето и утредента испанда позитивна, ама од каде таа се зарази појма немаме, татко ми не се зарази и имаше 0 антитела пред да прими вакцина).
Татко ми беше така и се вакцинираше со Синовак. Освен болка во рамо немаше ништо друго а се работи за човек од над 60 години. Нема да те советувам затоа што сметам дека личното чувство е најважно.
Доволно е, ама како за попрактично е со апликацијава. Секако не важи за тебе, 60 дена само после втора доза прифаќа
Абе стајте си го пдф сертификатот на телефон, не бидете толку модерни Мислам дека само јас не го искористив сертификатот досега, секако не сум по кафичите, молови затворени мразам отсекогаш и одам ептен нож до коска кога ми треба нешто, што би рекле на форумот џабе вакцинирана
Повеќе се губи време со телефоните на граница. Де ќе им се исклучи,па се подаваат со телефонот. Испринтајте се што е за принтање и за 2 мин.поминувате.
Јас сфатив дека за меркиве внатре во државава им треба, не за надвор Иначе за на граница да, посигурно и полесно е принтано