Ме интересира нешто за вакцината доколку утре одлучам да се вакцинирам, па би било добро да го знам одговорот на прашањето. Дали доколку се заразам со вирусов вакцината ќе направи да не умрам? Шансите беа помали за смрт вакцинирана ако сум?
Јас со цела папка ќе одам во кафана. Нека ми проверат и холестерол, триглицериди, серумско железо и келнерот да рече: Шефот за Вас предлага рижото со спанаќ, лимонада и без свински ребренца. И така ќе си одам дома
Мош треба само така за вакви ко мене да не речам љубители на храна плус една реалистична слика од себе пред јадењето по купаќи и мош и некогаш стварно ќе стигнам до посакуваната килажа.
Ај нешто позитивно да ви кажам покрај овие хорори 'сите ќе умреме' што ги ставаат тука. Ви кажав нели за другарите што се болни, биле шест души заедно сите непрележани, само еден вакциниран. Guess what? Петторицата се во лоша состојба, во кревет со висока температура (еден од нив 41 степени) освен вакцинираниот на кој не му е ништо. Јас денеска втора доза вакцина. Раката пак ме боли, малаксав и многу ми се спие. Битно завршив и сега раат. Инаку, би сакала некое инфо ако имате што со малите деца? Ништо не ни преостанува освен да не ги мешаме меѓу луѓе така? Како го поминуваат вирусот?
Комшивка моја па, во март прележана со средно-тешки симптоми, вакцинирана со две дози во јуни, вчера пак испадна позитивна со исти симптоми како во март. Така да, најверојатно е индивидуално. Гаранција дека нема да се заразиш нема. Сепак, сигурна сум дека намалува смртност заради тоа и се вакцинирав.
Јас искрено помислив дека воопшто не можеш да умреш од вакцината доколку се заразиш, ама сепак само намалувала смртност.
Епа ете погоре ти пратија статистики како стои работата. Оставам на стручните и поупатените да кажат.
Реков да, зашто двајца од нив беа тестирани во извесна Никоб лабораторија кај што повеќето се негативни, покасно и другите покажаа симптоми и сега се тестираа во друга лабораторија. И јас се надевав дека се негативни, да не изгубеше едниот мирис и вкус немаше ни да го повтори тестот.
Татко ми има реакции од вакцината и имунолог денеска ми го потврди тоа што го мислев, дека телото го препознава вирусот и се бори. Веројатно е сличен случај и со комшиката што се заразила по втор пат.
Не постои таква вакцина колку што знам. Да беа активни во епидемиска, уште повеќе пандемиска форма вирусите од кои сме вакцинирани како деца, со овој степен на трансмисија, секако дека ќе имаше и вакцинирани починати. Ни па секој еден развива имунитет на вирусот од вакцина. Било која вакцина. Ама шансите за смрт значително ги намалува.
Погледни го ова видео од денес, изгледа статистиките не се точни. Ама ајде, ќе почекаме да видиме што ќе каже Филипче. Тој е најстручниот од сите нас. https://www.facebook.com/1615246479/videos/886497671953448/
Јас ако некој не можам органски да поднесам тоа е министерот и не го ни пратам. Ама ако мислиш дека тоа ќе ме натера да гледам фб видео и ќе му поверувам на некој шо се пишал Зоран македонец и користи кобинации на ? и ! за да докаже поента, се лажеш. Плус ако ова е точно, да земеме е, што не ти е јасно во прва доза? Тоа не е вакциниран човек. И две дози да примил, ако вчера ја примил втората, џабе му е.